Најважно
346 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Одговор за дописот за главните книги во основните училишта

Резиме

Пратеничката Даниела Николова праша според кој акт треба да постапуваат училиштата при пополнување на главните книги за учениците од прво до трето одделение. Таа тврдеше дека првичниот допис од Бирото за развој на образованието немал архивски број, печат и потпис и дека неговата содржина не е усогласена со законските и подзаконските правила. Праша и кој ќе одговара ако училиштата постапат според тој допис.

Министерката одговори дека прво бил испратен мејл, а потоа и редовен допис со печат и потпис. Таа рече дека промената има цел да ја намали повторливата административна работа на наставниците, а најави и дигитализација на педагошката евиденција. Одговорот не посочи конкретен акт според кој треба да постапуваат училиштата, ниту одговори кој би ја сносел одговорноста во случај на незаконско постапување.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Даниела Николова

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Даниела Николова, поставено на 57-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 јуни 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Министерке, во изминатиот период до училиштата е испратен допис од БРО за пополнување на главната книга за учениците од прво до трето одделение. Уште веднаш сакам да ви нагласам дека сум поборник за намалување на административната работа која ја имаат наставниците, со цел тие да можат да се фокусираат на наставата што е приоритетна работа. Но, каде е проблемот со овој допис. Испратениот допис до училиштата од страна на БРО за водење на главната книга на учениците од прво до трето одделение е без архивски број, нема печат и нема потпис. Освен формалниот пропуст, суштинскиот пропуст е што содржината на дописот не е во согласност со Правилникот за педагошка евиденција и Законот за основно образование. Главната книга е документ од трајна вредност. Упатствата кои не се засновани на нормативни акти, не може да бидат обврзувачки. И ова не е административна грешка, туку пример за системско непочитување на правниот поредок и создавање хаос на терен. Ова е само уште еден доказ колку несериозно се однесувате кон образованието и каков хаос создавате. Вие, не мислам лично на вас, туку на ВМРО ДПМНЕ, практично промовирате непочитување на закони. За вас, очигледно, непотпишан документ е над законите во државата. Законите од образование ги менувате секој месец. Можевте да направите измена и во Законот за основно образование во член 92. Ама немате добар тим кој може да носи добри мерки и политики во образованието. Ве прашувам, според кој акт ќе треба да постапуваат во училиштата, бидејќи и наставниците и директорите го поставуваат ова прашање. Законот, Правилникот или непотпишаниот допис од Биро за развој на образование. Кој ќе ја сноси одговорноста ако училиштата постапиле согласно незаконските акти. Ви благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Даниела Николова, поставено на 57-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 јуни 2025 година Благодарам почитувана пратеничке. Не, јас намерно не им ги исплаќам. Слушнете ме, не им ги исплаќам. Не дека сум заборавила, они заборавиле. Ама сега не им ги исплаќам затоа што немаат патни налози, заверени во архива, немаат докази каде патувале, патуваат таму каде што имаат автобуска линија со кола, за да можат да земат на бензин итн. Не е битно, тоа ќе си го расчистува ВМРО ДПМНЕ и МВР и сите тие што требаат. Така е, да, да. Затоа што ред во оваа земја ВМРО ДПМНЕ носи, а вие го правите хаосот и нередот. Односно вашите раководители. Дополнително не, да. А бидејќи немаме, да, не исполнуваше услови, да, иако треба понекогаш ќе се прават интервенции во Законот за да не се крши Законот. А сега понатаму за педагошката евиденција. Вашите наставници, моите наставници, нашите наставници се жалат дека не можат да ја спроведат програмата. Ќе ви кажат, јас ќе причекам да одговорите, да ви кажат како треба да одговорите. Сите наши наставници, сите наши наставници. Вие сте наставничка и знаете дека е така, еве вас лично ќе ви се обратам. И знаете дека вашите колешки и вашите колеги велат дека не можат да ја спроведат програмата и не можат да се посветат на учениците заради големата администрација и дека за тоа ни се децата последни на ПИСА, нели. Така е, апсолутно е така. Додека бев во опозиција тврдам дека 90% од наставничкиот кадар и соработничкиот пајнер, јас лично го видов, лично јас, не некоја друг. За да им удоволиме да бидат задоволни за да можат да се посветат на учениците кои ни се последни на ПИСА и сите други тестирања, односно трети од позади се извинувам не се последни. Треба да им ја намалиме администрацијата. Иако наставник кои не се знае администрацијата не може да биде добар наставник оти треба да си ги знае законите, треба да си ги почитува законите, треба да остави трага за она што го работел, па трага за успехот на учениците итн. станува збор за она што е неопходно да се направи. Со оглед дека во моментот забрзано дигитилизираме се. Забрзано работиме на дигитализација со цел и да го намалиме притисокот. Значи, ве замолувам кои не сака да слуша да излезе надвор за наставниците. И за да на тој начин користејќи го дневниот, новиот со модерни нели алатки, да го намалиме бројот на промени што се случуваат во него. Излага и релевантно, дали тие на 5 места ќе пишуваат едно исто. Вие сте согласни со тоа, така. Пишуваат на едно место, па пишуваат на друго место, па пишуваат на трето место. Значи согласни сте дека променава требаше да се направи. И тоа сте согласни. Од тука не гледам па зошто ми го поставувате прашањето, затоа што испратен меил пред дописот. Да, има меил, писмото е ставено на меморандум, пишува кои го, директорот на Бирото за јавни дека го објавува. И има телефонски број на директорот на тоа писмо. За да брзо пред да почнат да ги издаваат свидетелствата ги информираме дека не мора по пет пати да работат една иста работа туку да се посветат на оние што треба да поправат единица, што треба да до учат и така, на административните други работи во училиштето, организирање приредби итн. После тоа следеше допис регуларен како што треба. Да, мејлот е официјален документ, но после тоа секогаш следи допис и училиштата си добија допис со печат со потпис, со се што треба. Така не ја гледам повторно велам, вие повторно одите на картата на популизмот. Ниту има грешка во дописот, ниту има грешка во одлуката. Напротив и вие ја поздравувате одлуката. Сите наставници, 24 илјади наставници во Македонија ја поздравуваат одлуката. Ви велам се што треба тоа да биде спроведено како административно работење ние ќе го имаме во дигитална форма. Што до сега го немаше. Сега ќе го има. Тоа е еден чекор напред во работењето во образовниот систем, нели. Но и во работењето на наставниците кои де факто и го очекуваа од нас како владејачка гарнитура до сега. Затоа што вие претходно тоа не им го овозможивте, а знаевте дека е потребно и дека може да биде еден мал или крупен чекор, они ќе кажат. Во подобрување на целиот образовен систем. Од тука повторно ќе се вратам на она што можело да биде сработено, но не било. На пример ова можело да биде сработено, а не е сработено. На пример, можело од е-дневникот да се преземат чекори да не препишуваат наставниците оценки ден пред тоа, ден потоа итн., сега тоа не можат. Сте можеле во Законот со една промена како што ние рековме наставнички совет веќе нема право да поправа оценки. Епа супер, е па како. Завчера во Ѓорги Димитров полагаа 75 скрос одлични 50% го паднаа испитот. Што супер, супер е, супер е. нема веќе поправање оценки на наставнички. Не, ќе си дојде ученикот ако сака да ја поправи оценката, заедно со родителот пред Комисија од тројца ќе полага, нека си ја поправи оценката. А не може кренавме рака затоа што ни се допаѓа родителот или затоа што градоначалникот така кажал. И нови измени ќе правам во Законот и не можете да ми забраните да правам дополнителни. Се што ќе видам дека не функционира на терен, без оглед дали сум мислела, мојот тим кој го критикувате, а во кои никогаш не сте имале подобар. И стручњаците кои ги консултирам мислел дека ова ќе функционира. Ако не функционира повторно ќе ги менуваме Законите оти е потребно и неопходно за да профункционира системот на образование. Затоа што младите ни отидоа и затоа што не функционира системот на образование. Затоа што оние што заслужиле петки не сакаат тие што заслужиле двојки да добиваат петки како нив и на наставнички совет да се соберат 15 наставници и од двојка да му направат петка. Затоа што сега нема веќе поправање во едневникот од двојка на петка, затоа што нема бришење на изостаноци повеќе во е-дневникот, затоа што системите на образовниот систем се поврзани со сите, затоа што нема местење стипендии на тие што не ги заслужуваат. Затоа што во студентските домови се сместени тие што заслужуваат, затоа што во ученичките домови оваа година се сместени тие што заслужуваат и затоа што се ова го дигитализираме можевте да го издигитализирате, не го направивте. Луѓето се во министерството, ама не ги користевте, ги користевте своите партиски кадри кои не беа спремни да ја сработат работата. Вашите на ДУИ кои и да се и они е што играат фудбал итн. И оние што не доаѓаа на работа и оние што нели изигруваат стручност и над оние што повеќе знаат. И сега имам раководители на сектори кои не разбираат што ги прашувам. Вие ги поставивте, не ги постави оваа Влада и не ги постави ВМРО ДПМНЕ. Ама, сега веќе разликата е видлива. Можеби не ја гледа целата Македонска јавност. Ама 24 илјади наставници ја гледаат, ја гледаат по два родители на секое дете во училиште и ја гледаат и самите ученици. Оти тие веќе сфаќаат дека има ќе правда петката нешто значи, а не е битно само да ја имаат. Повторувам, 75 деца во Ѓорги Димитров полагале испит 50% од нив паднаа, а сите имаа петки. Нема да биде повеќе така, не како до сега. Сега ќе биде како од сега. Благодарам.

Сите пратенички прашања