Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Владата вели дека средствата за општините се распределуваат според бројот на жители

Резиме

Пратеничката Мерита Колчи праша дали распределбата на средства за капитални инвестиции во општините, вклучително и оние со албанско мнозинство, ќе стане трајна владина политика, и побара да се појасни какви развојни инвестиции се планирани. Таа рече дека општините што ги спомнуваат долго биле запоставени и дека најавените средства сè уште не се поврзани со јасно утврдени локации за изградба.

Во одговорот, владин претставник рече дека средствата се распределуваат според бројот на жители, а не според националноста на градоначалникот, и ја опиша таа формула како правична. Тој наведе планирани или одобрени проекти и суми за општини, меѓу кои Тетово, Чаир, Гостивар, Студеничани и Арачиново, за образование, водоснабдување, патишта, канализација и локална инфраструктура. Одговорот ја опиша распределбата и како дел од политиката на децентрализација, но не даде изречна гаранција дека финансирањето ќе продолжи како трајна практика.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Мерита Колчи Коџаџику

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Мерита Колчи, поставено на 57-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 јуни 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Ви благодарам потпретседателке. Почитуван премиер, почитувани претставници на Владата, почитувани пратеници, почитуван заменик премиер на Владата. како пратеничка која што доаѓа од едно место каде што Албанците се мнозинство дозволете ми да и се надевам дека никој нема да се навреди. Како прво сакам да истакнам една вистина која не може да биде оспорена. Деценија наназад главниот буџет не беше видлив во општини каде што ние Албанците сме мнозинство или живееме во поголем број. Капиталните инвестиции се наменети за поголемите градови. Или додека патиштата, водоснабдувањето и на многу други места како што се Тетово, Гостивар, Липково, Сарај, Арачиново, Студеничани и во други места, останаа на втор план. Тие беа финансирани само симболично кои што се во општините нивни. Овие општини имаат голем број на население, за објектите за спортска фискултура, училишта и овие општини беа поддржани само симболично. Во меѓувреме даноците кои што ги плаќаа граѓаните завршија во истиот трезор, но не беа вратени во проекти. Или беа вратени во некои албански политичари. Оваа Влада за прв пат додели на систематски начин средства за капитални инвестиции во сите општини на рамноправен начин, овдека вклучувајќи ги и тие албански. Ова е еден пресврт кој што треба да им се даде признание и граѓаните веќе слушнаа дека се планираат инвестиции од 10 милиони евра, но досега нема разгледување каде ќе бидат изградени. Во овој правец моето прашање има две димензии. Првото е стратешко, барам како Влада да потврдите дека ова е постојана политика и нема да биде еднократна и финансирањето на капиталните финансии во општини каде што мнозинство се Албанци и ќе биде пракса и во иднина и кој што ќе бидат развојни.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за животна средина и просторно планирање

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Мерита Колчи, поставено на 57-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 јуни 2025 година Ви благодарам за прашањето почитувана пратеничка. Почитуван премиер, почитувани пратеници, почитувани колеги и министри, почитувани граѓани. Пред да елаборирам за главните проекти треба да потенцирам дека поточно, тие што го спомнуваат Охридскиот договор, децентрализацијата е една од главните столбови и идејата на меѓународната заедница беше со зајакнување на општините и државата треба да биде што подецентрализирана и граѓаните да ги реализираат своите права. Денеска кога ние ја направивме новата Влада, Македонија ја најдовме најцентрализирана држава во регионот после Кипар, пред нас е и република Косово каде што е нова држава, Србија, Црна Гора, да не збориме за Хрватска итн. И кога се спомнува Охридскиот договор се злоупотребува за политички поени, но не дека се работи за Охридскиот договор, во духот на Охридскиот договор е оваа Влада која што дели 1 милијарда евра за 80 општини во државата. И второто е дека тоа што треба да го потенцирам како критериум и за општините со мнозинство Албанци, бидејќи не е земена во предвид критериумот кој ја води општината, од која националност е градоначалникот, но единствениот критериум е, колку жители има таа општина, толку средства ќе земе. Мислам дека е ова најправичен критериум и нема да се работи како во минатата Влада, каде што Чаир и Тетово земаа помалку бидејќи беа дискриминирани тогашните албански опозиционери. Кога велам дека за прв пат оваа Влада, за прв пат, овдека не употребувам празни зборови, но ова лично сме го почувствувале. Неколку проекти, капитални проекти кои што се предвидуваат во првата и втората фаза, во Тетово ќе се инвестираат за средно образование и вредноста е 308 милиони денари и Владата донесе од 148 милиони денари за Тетово. Вие знаете како се условите во средните училишта во Тетово и затоа ова е голем проект и на сите ќе им помогне. Исто така е колекторот негде 40 милиони евра за чистење на фекалните води. Исто така од Владата се донесени средства 65 милиони денари за водоснабдување, проектот е над 140 милиони денари и сериозно се помага во овој дел. Замислете во 21- ви век треба да зборуваме за водоснабдување, ќе го спомнам случајот во Струга кој што се води од ДУИ и утре ќе одам таму да промовирам проекти за граѓаните во Струга каде што без разлика кој е на власт и за интерес на граѓаните, одлучија да финансираат проекти од булеварот до туристичката зона и овој проект ќе го реши проблемот. Во овој проект ќе бидат инвестирани околу 136 милиони денари кои што се определени со повикот од минатата година и утре ќе биде промовиран и за проектот кој што ќе го реши проблемот во градскиот дел и таму ќе бидат промовирани овие работи. Во Чаир има 172 милиони денари за разни проекти. Ќе чекаме да почне и да се завршува плоштадот Скендер бег каде што се над 25 милиони денари. Исто така имаме и за универзитетот на Мајка Тереза 35 милиони, во Гостивар се 160 милиони за изградба на патиштата во целиот дел на градот. Во Боговиње 60 милиони денари и каде има капацитет со 500 седишта. Во Студеничани се инвестира во локална инфраструктура со вредност од 59 милиони денари. Во Чашка каде што претходно само се сликаа, Владата подели 52 милиони денари, во Арачиново се поделени 34 милиони денари за канализација атмосферска. Во Липково Оризари за речното корито и ние бевме таму и поделивме 15 милиони, во Врапчиште 26 милиони денари, Владата подели 29 милиони денари за енергетска ефикасност, поделени се 14 милиони евра за канализацијата во Зајас каде што ова не беше со децении, не беше реализирано. Владата одлучи со средствата од Велика Британија, бидејќи ќе се поделат средства и за болницата во Кичево и ова беше една од работите зошто младите бегаат од таму. Во Желино поделени се 51 милиони денари, во Теарце 49 милиони денари за изградба на канализацијата и за локалниот пат. Нема општина која што е заборавена. Значи не е проблем да ги наредам сите проекти, сите владини одлуки што се однесуваат со децентрализацијата како што е проблем градоначалниците да ги следат работите на Владата, бидејќи не ги виделе ниту на сон ниту да замислат дека Владата ќе им помогне финансиски каде што тие не можат да ги следат проектите. И градоначалниците беа навикнати со минатите Влади, бидејќи не инвестирале и сега не можат да ја следат динамиката за поддршката и ова ќе биде еден поттик за што побрзо да работат на проекти и во иднина за да можат да ги реализираат капиталните проекти, бидејќи во нивните општини еднашка засекогаш да се решаваат проблемите со кои што се случуваат проблеми во тие населени места. Можам да спомнам ако во минатото се збореше за Коридорот 8, сека се работи на Коридорот 8 и тие што се движат од Скопје, Струга и ја гледаат работата како се реализира Коридорот 8, мислам дека и се и многу други проекти, но ова најдобро ќе го почувствуваат граѓаните каде што живеат, и каде што дејствуваат и ќе направат разлика помеѓу минатите Влади и сегашната Влада и мислам дека багерите и се гледаат во секое населено место, во секоја општина во Република Македонија. Мислам дека ќе имаме и други случаеви каде што ќе ги елаборираме подетално, но мислам дека тука треба да завршам, ова е во духот на Охридскиот договор, во духот на децентрализацијата на власта која што е поблиску до граѓаните, бидејќи граѓаните преку локалната власт можат полесно да ги решаваат нивните проблеми и мислам дека ова ќе влијае и на луѓето да не емигрираат, бидејќи луѓето ни бегаат од државата поради безбедноста, здравјето и другите работи. Мислам дека ќе биде подобар животот на сите граѓани каде што живеат.

Сите пратенички прашања