Најважно
346 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мециновиќ праша за инцидентите и задолжувањето во енергетиката

Резиме

Амар Мециновиќ го праша Министерството за енергетика дали државниот енергетски систем се води кон крах за да се оправда приватизација. Тој посочи на застојот во РЕК Битола, изнесе сомневања за чистењето на постројката и тендерот за тие услуги, како и податоци за зголемување на долгот на ЕСМ. Тврдењата за приватни интереси и можната приватизација ги изнесе како прашања и сомневања.

Одговарајќи, Мирослав Лабудовиќ рече дека блоковите во РЕК Битола претходно не биле целосно ремонтирани, а увезениот јаглен и состојбата на опремата придонеле за проблеми и повисоки трошоци. Тој наведе дека производната цена се намалила од 120 на 96 евра за мегават-час, но дека ЕСМ и понатаму е во загуба и има потреба од дополнително задолжување. За чистењето рече дека вработените не биле принудени, туку бил објавен оглас, а цената на одржувањето била намалена. За пожарот во Блок 2 рече дека истрагата треба да утврди дали станува збор за саботажа или друга причина.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Амар Мециновиќ

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Амар Мециновиќ, поставено на 57-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 јуни 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Моето прво прашање е кон Министерството за енергетика затоа што денеска слушнавме некои информации дека зависноста на Македонија ќе се намалува од увоз и дека ќе имаме се поголем извоз, но тоа одговара на некои идни времиња и во овој момент тоа не е така. Напротив Македонија е една од најзависните земји во поглед на енергетиката и затоа се поставува природно ова прашање затоа што гледаме дека сега има повторно ситуации во светските трендови за енергенси, затоа што како да влагаме повторно во понесигурно време на конфликти и агресии посебно на Блискиот Исток кој се закануваат со куп ситуации. Во тешките времиња, во овие времиња, тешките времиња ги осеќаат најмногу обичните луѓе, тие претставуваат предизвик за вистинските државници, но и вистинска можност за приватниот интерес во енергетската, во енергетскиот ресор. И сега се чини како нашата Влада да не е во онаа втора категорија на државници кои се соочуваат со предизвиците на времињата, туку во онаа трета, а тоа е на приватниот интерес за кои овие времиња се возбудувачки и отвораат простор за приватен интерес. Меѓу другото, го поставувам ова прашање затоа што сакам да ви честитам среќен роденден, една година од постоење на Министерството за енергетика, нека ви е среќен роденденот, посебно затоа што се појавивте во едно многу сензитивно време, во 2021- ва година пост Ковид имавме криза со енергенсите, потоа се деси Украина, сега имаме ескалација на конфликти и вие се појавивте како во совршено време. Значи во однос, да, не викнавте на роденден, ама и тоа на таков ресор кој прв пат има раководство, а тоа се, вие се појавувате во одлично време кога навистина на Македонија и треба визија за ресор во енергетиката, но во Шекспировиот Цезар има еден цитат од Брут кој вели, има плима во човековите работи и таа треба да се фати затоа што таа носи кон фантастични работи и ако се промаши, цел живот ќе го поминеме во плитките води. И тоа е тој цитат се користи како иронија, затоа што некогаш историските прилики ако не се употребат вистински, се злоупотребат, тие можат да донесат до трагедија и смрт како во случајот на Брут, така излезе со Министерството за енергетика затоа што секој следен пат кога поставувам прашања, се пострашни се приликите. Првично, секој пат кога сте тука имаме инциденти или хаварија во електро енергетскиот систем и позагрижувачки прилики во однос на финансиските средства на нашите државни капацитети. Да направиме рекапитулација, минатиот пат, пред да направиме рекапитулација моментално имавте протести затоа што сакате да овозможите на Дошница две мали хидро електрани да се отворат и да се уништи еден од најубавите делови во Македонија, кој повторно би дискутирале за државен, ама не да дискутираме ако и на вашите пријатели или спонзори како и да е. Но, рекапитулација за претходниот пат беше дека имавте крах на електро енергетскиот систем на 18-ти мај, потоа два три дена подоцна повторно немаше струја во неколку градови, во тој момент ни рековте дека повторно е регионален контекст. Дека потрошувачката била, понудата била поголема од потрошувачката во регионален контекст, дека стално има континентални трендови, регионални трендови, но никогаш не е навистина посочен прстот таму каде што треба да биде, а тоа е во раководењето на нашите енергетски капацитети, но овој пат сега имаме нова хаварија.

Тоа е во РЕК Битола која за прв пат во историјата затоа што сте пионери и нели среќен во роденден, за прв пат во историјата освен што АД ЕСМ има загуба, за прв пат во историјата имаме три блока во РЕК Битола не работеа и беа вон функција 6 дена затоа што првично рековте дека има технички проблем и дека се има случено пожар на кабелот на команда на мониторинг системот за Генераторот 2. На други индикатори и други информации од случката велат дека потоа и ова е многу скандалозна, ако е навистина така како што фигурира, тоа е дека вработени во РЕК Битола кои се административни работници биле принудени да учествуваат во чистење на РЕК Битола од прашина и пепел кој предизвикал инцидент, а не кабелот. Тоа драматично затоа што прво е повредување на работничките права. Второ е драматично затоа што пред малку време доби тендер фирма од 2 и пол милиони евра за да ги врши тие дејности, фирма која нема историја на вршење на тие дејности е формирана два месеци пред да се добие тој тендер со РЕК Битола и трето е скандалозно затоа што очигледно дека системите кои треба да бидат заштита од тие хаварии очигледно дека заради корупцијата или не можат да се стават во функција конечно и понатаму продолжуваат да се уништуваат. Се чини дека хаваријата во Блок 2 е сега најновиот инцидент и ако ги видиме инцидентите во последниот период тоа ни наговестува дека ќе имаме следни инциденти во електро енергетскиот систем. Втората работа е во однос на финансиите. Минатиот пат кога бевте тука спомнавме некои финансии дека, заклучно со третиот квартал според Министерството за финансии долгот на АД ЕСМ бил 165 милиони евра. Сега после првиот квартал тој долг е 183 милиони 563 илјади евра. Значи зголемен е за над 20 милиони и од како ги имавме тие пратенички прашања до сега имате задолжување на финансиски пазар кај банки уште 30 милиони евра. Да сумираме, дали планирате да го продадете и овој дел од државните енергетски капацитети на приватни компании, дали е тоа поентата, дали се води државниот енергетски систем кон крах за да се оправда неговата приватизација и дали можеби повторно ЕВН ќе биде повторно тој кој ќе ја добие зделката, вака интуитивно.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Амар Мециновиќ, поставено на 57-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 јуни 2025 година Мирослав Лабудовиќ: Почитуван пратеник Мициновиќ, имав второ прашање на пратенички прашања од вас во однос на енергетиката, ви благодарам многу. Бидејќи отвораме теми кои се случувале минатото во енергетиката и сега тешко е многу тие работи да ги доведеме за два дена во ред, не се два дена година дена се, меѓутоа кога несовесно се работи 7 години, многу тешко е да го вратите тие руинирани капацитети само за една година. Блоковите во РЕК Битола не биле ремонтирани, Блокот 1 воопшто. Вие не можете да работи вашиот автомобил стабилно и безбедно до колку не го сервисирате, одите и го правите тоа, така, да знаете од точка а до точка б да ве однесе. Исто така и со блоковите. Блокот 2 и 3 биле ремонтирани, меѓутоа не целосно. Е сега да ја запознаеме целата македонска јавност што се случувало во изминатите 7 години кога не се работеле во рударскиот проект, се довело во ситуација да увезуваме сериозно јаглен. Само да напоменам дека во времето во 80-тите години кога е правен РЕК Битола, технолошкиот процес е правен според квалитетот на јагленот што го имаме во Македонија, не за тој што во изминатиот период е увезуван и нормално кога увезувате не доволно квалитетен јаглен, кај што има прашина во големи количини, тоа што го кажавте во моментот за Блок 3, мора да увезете и мазут, па мора да увезете и адитиви за да го зголемите квалитетот да се произведе електрична енергија и во тие моменти имате уништување на опремата, имате намалување на ефикасноста на производство и зголемување на трошоците на производство и се доведуваме во ситуација со ист број на вработени или превработување во 2023 година, на крајот на годината, да имате зголемени трошоци, уништена опрема и вие сега ме прашувате како и зошто не го решите тој проблем за еден ден. Само да ви појаснам, дека кога се презема ЕСМ со новото раководство со 120 евра производна цена во мегават час, сега е намалена 96 по мегават час. Тоа не од недомаќинско работење. Баш напротив од домаќинско работење и нормално сите тие предизвици со кои што се соочуваме и вие ако сакате да го доведете системот во ред, мора да до инвестирате. Имате минус на контото, имате уништена опрема, мора да земете пак повторно кредит, да се задолжите за да може тоа да го сервисирате и за да почнете да правите профити. Да точно е, меѓутоа во моментот сеуште е во загуба, меѓутоа претходно била огромна, меѓутоа мора да направите одредено дополнително задолжување за да го оптимизирате производството и да се доведете во ситуација да почне да прави таа компанија. Тој комбинат профит. Во однос на тоа што го споменавте вработените дека биле терани, не. Било направен оглас на Блокот 3 колегите да се вклучат во чистење бидејќи во тој момент немало компанија која ги одржувала јаглените системи. Е, сега за споредба од кога е потпишан договорот, само да не ги промашам бројките, од кога е потпишан новиот договор за одржување на тие системи за чистење од прашина претходно бил 539 денари по час, а сега 399 денари по час, за 30% е помала цената за одржување таму. Е, па, пазете имаме инфлација наместо цените да растат новото раководство се фокусира да ги намали тие трошоци, и се гледа дека успеале. Проблемите што се случувале деновиве, има 6 дена застој. Во моментот се јавува тој пожар на инсталацијата во Блок 2, крим полиција ќе даде соопштение, изјава, рапорт, дали тоа била саботажа или настанала од други причини, меѓутоа таму се запалени дрвени предмети. Збориме за ремонтиран блок, за ремонтирана опрема, за нови електро енергетски ормари кои што реално и не така лесно можат сами од себе да се запалат. Меѓутоа ајде да оставиме крим полиција да види каква е реалната ситуација.

Сите пратенички прашања