
Славјанка Петровска
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Славјанка Петровска, поставено на 57-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 јуни 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Моето пратеничко прашање го упатувам за министерот за социјална политика, демографија и млади. На почетокот на месец мај во јавноста се појави една мајка на 4 годишно детенце која ја раскажа својата голгота низ институциите, вклучително и судските инстанци. Изјави дека не праведно, заради корупција, влијанија и притисоци старателството и било одземено. Тоа е мајката Невена Спасеска која е мајка на 4 годишно момченце. Тогаш таа јавно упати апел, молба, мајчински крик до сите институции да застанат и да размислат што прават. И, дека нивна должност е да се грижат за доброто на детето а не да спроведуваат друга политика. Како министер и министерство, одговорноста и надлежноста на ова министерство е да се грижи за заштита на децата. Да гарантира дека одлуките кои се носат особено од страна на меѓу општинските центри за социјална работа ќе бидат во интерес на децата. Заради заштита на нивното ментално и физичко здравје и дека ќе гарантираат дека децата ќе бидат заштитени од секаква можност за нивно трауматизирање. Но, за жал, овој случај покажува дека тоа не така. Службеници од меѓу општинскиот центар во Скопје ги газат овие начела и интересот на малото дете го тргаат на страна и постапуваат спротивно на судско решение. Овде имам записник од судско рочиште кое е одржано на 17.06 каде судот носи решение и ја задолжува мајката на 30.06 во 09 часот да го предаде детето во центарот за примопредавање. Спротивно на оваа судска одлука на ова судско решение. Вработени во центарот за меѓу општинскиот центар за социјални работи на 19.06 со присуство на полиција и тоа интервентна. Се обидуваат да го одземат детето спротивно на насоките на судот. Моето прашање кое го упатувам до надлежното Министерство за социјална политика, демографија и млади е: Дали ќе постапат согласно надлежностите односно министерот и дали ќе биде санкционирано ова своеволие на корумпираните службеници а при тоа се разбира да се заштити интересот и здравјето на малолетното дете. Прашањето го поставувам до министерот за социјална политика демографија и млади.