Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Над 12.000 апликации за мерките за вработување до почетокот на јули

Резиме

На 57-та седница, пратеникот Игор Здравковски праша колку граѓани аплицирале за мерките од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2025 година и како ќе продолжи спроведувањето. Тој посочи дека, според неговите сознанија, во Велес има поголем интерес од очекуваниот.

Премиерот Христијан Мицкоски одговори дека заклучно со почетокот на јули има над 12.000 апликации од млади, долгорочно невработени и други категории граѓани. Тој оцени дека одзивот е голем и наведе дека сè повеќе компании ја користат можноста за кофинансирање при вработување нови кадри. Владата, според одговорот, ќе продолжи со спроведување и подобрување на мерките.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Игор Здравковски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Игор Здравковски, поставено на 57-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 јуни 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Овие денови одбележуваме една година од владеењето на оваа Влада која што е предводена од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата или една година од новиот почеток и обновата на Република Македонија. И до сега видовме дека можело поинаку, видовме дека не може да биде како до сега, со работењето на оваа Влада се внесе нова енергија, нов темелен пристап кон решавање на проблемите, итн, и ако оставиме на една оска математичка, да речеме, од минус многу, гледаме да дојдеме до некоја позитивна нула, за во наредниот период да почне онаа реална обнова на Македонија. До сега се постигна многу онаму каде што се можеше и се гледаше да се опфати во повеќе категории на граѓани, да тргнеме од пензионерите кои што добија покачувања, од изградбата на градинките за младите, за училиштата, реконструкции итн, она што многу ме радува е посебно освртот кон младите, кои што до сега заминуваат од Република Македонија, не поради тоа што немаат пари, не поради тоа што немаат егзистенција, туку поради неправдите, меѓутоа имавме една категорија на млади кои што имаат желба, енергија, меѓутоа немаат храброст и одлучност да почнат свој бизнис. И овој пат се донесе голем оперативен план на Владата кој што опфаќа повеќе од 16 илјади граѓани, во вредност од над 2,5 милијарди денари, односно над 40 милиони евра, за 7,5 милиони евра повеќе од претходниот оперативен план, каде што ќе се даде еден стимул на сите овие млади граѓани на Република Македонија да започнат сопствен бизнис каде што ќе ја покажат својата иновативност, со тоа и ќе останат во Република Македонија да дадат додадена вредност со својата креативност. Ме интересира, затоа што повикот беше до 20 јуни, дали почитуван премиер имате конкретни информации колку имаме апликанти до сега, во која насока се движи и кои би биле следните чекори, затоа што еве за Велес конкретно знам дека има многу поголема заинтересираност од она што до сега се предвидуваше дека ќе биде. Сакам да го поставам прашањето за да биде на ниво на Република Македонија. Прашањето го поставувам до претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

Влада на Република Северна Македонија КАНЦЕЛАРИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА

Дата: 29 -07-2025 Архивски број: 08-1582/2, 1583/2 До: Претседател на Собрание на РСМ г.Африм Гаши Предмет: Доставување одговор на пратенички прашања

Врска ваши бр.08-3730/1 од 30.06.2025 година и 08-3731/1 од 30.06.2025 година

Почитуван,

Врз основа на член 43 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, во прилог Ви се доставува одговор од претседателот на Владата на Р.С.Македонија, на пратенички прашања поставени на Педесет и седмата седница на Собранието на РСМ, одржана на 26 јуни 2025 година, од пратеникот Игор Здравковски.

Со почит,

Шеф на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија

Владимир Нелоски

Влада на Република Северна Македонија Бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје | www.vlada.mk | info@vlada.mk

Влада на Република Северна Македонија П Р Е Т С Е Д А Т Е Л

Почитуван пратеник г-дин Здравковски,

Ви благодарам за поставеното прашање кое се однесува на една од најзначајните економско-социјални мерки што ја спроведува Владата – Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување и за 2025 година. Мерката за која станува збор како дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување не е само административен инструмент за ублажување на невработеноста. Таа е дел од една многу подлабока и посуштинска визија на оваа Влада за тоа каква треба да биде економијата на Македонија: продуктивна, динамична, вклучувачка и праведна.

Нашата почетна идеја со оваа мерка беше да ја прекинеме долгогодишната пракса на ад-хок решенија и популистички потези кои создаваа илузија за помош, но не носеа трајни ефекти. Сакавме да изградиме основа за долгорочна вработливост и одржлива интеграција на луѓето на пазарот на трудот, а не само статистичко намалување на невработеноста.

Оваа мерка директно се однесува на луѓето кои најчесто се оставени на маргините а тоа се младите кои првпат влегуваат на пазарот на труд, оние кои со години се надвор од системот, како и жените, лицата со попреченост и други ранливи категории. За нив, ова не е само програма туку ова е шанса за нов почеток.

Со задоволство можам да истакнам дека интересот за оваа мерка е исклучително голем, што говори за нејзината прецизност, таргетираност и реална потреба на пазарот на трудот. Заклучно со почетокот на јули, веќе имаме над 12.000 апликации од заинтересирани граѓани – млади лица, долгорочно невработени, корисници на гарантирана минимална помош, повратници, како и лица од ранливи категории.

Одѕивот што го бележиме не е само квантитативен, туку и квалитативен. Апликантите не само што ја препознаваат оваа можност како начин за директен пристап до работно место, туку и како шанса за професионален напредок, преквалификација и личен развој. Мерката предизвика исклучително позитивен импакт и во делот на приватниот сектор, каде сè повеќе компании ја користат можноста за кофинансирање при вработување на нови кадри. Тоа говори дека активните политики на Владата се жив механизам што одговара на вистинските потреби на економијата.

Влада на Република Северна Македонија П Р Е Т С Е Д А Т Е Л

Она што нè радува и уште повеќе нè обврзува е довербата што граѓаните ја покажуваат во институциите. Само неколку месеци по формирањето на Владата, гледаме конкретни резултати и вклученост, ангажман, и силна волја за работа и личен напредок кај нашите граѓани. Оваа мерка е дел од нашата поширока визија за економско зајакнување, намалување на невработеноста и создавање на услови за достоинствен живот. Таа е потврда дека кога државата нуди конкретни, фер и достапни можности, граѓаните реагираат со доверба и учество.

Владата останува посветена на целосна имплементација на мерките од Оперативниот план, како и на континуирано подобрување врз основа на теренски податоци и искуства. Затоа можам со политичка и морална одговорност да кажам дека сме задоволни од досегашната реализација и дека мерката оди во одличен правец – со видливи резултати, силен општествен импакт и уште посилна мотивација да продолжиме со работа.

Со почит, Претседател на Владата Христијан Мицкоски

Сите пратенички прашања