Најважно
346 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Азири го оспори предлог-законот за правична застапеност, Минчев најави мислење од Венецијанската комисија

Резиме

Пратеникот Елми Азири го праша министерот за јавна администрација Горан Минчев зошто предлог-законот за правична застапеност е испратен до Венецијанската комисија пред да биде разгледан од пратениците и јавноста. Азири оцени дека текстот има недостатоци, меѓу кои недоволни механизми за спроведување и санкции, и изрази сомнеж дека мислењето на Комисијата би можело да го ограничи собраниското предлагање амандмани.

Минчев одговори дека правичната застапеност е уставна обврска, но дека треба да се најде ново решение по укинувањето на одредби поврзани со алатката „Балансер“. Рече дека предлогот е подготвен и дека Владата ќе побара мислење од Венецијанската комисија пред да продолжи постапката. Според него, законот ќе го разгледуваат пратениците, а методологијата за спроведување дополнително ќе се утврди.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Елми Азири

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Елми Азири, поставено на 57-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 јуни 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам почитуван претседател на Собранието. Почитуван премиер, заменик премиер, почитувани министри и колеги пратеници. Јас имам 3 прашања. Ќе ги изнесам пред колегите. Првото прашање е до министерот Горан Минчев. Првото прашање секако е за едно многу чувствително прашање и многу актуелно прашање кое што има големо значење за етничката кохезија, за стабилноста во општеството, државната стабилност и за затварање на некои теми кои што се многу значајни за нас како општество. Поточно станува збор за јазикот за правична застапеност кој е донесен во Владата во вторник и тој закон беше подлежен на да кажам така на едно оценување или инспекција на многу експерти. Почитуван министер, треба да кажеме дека врз основа на тоа што сме го виделе Законот до сега, ние навистина бевме убедени дека живееме во светот на чудата, но овој пат не знаеме кој е или за. Во овој случај низа е предлагачот на тој закон. Зошто го велам ова. Ова го велам бидејќи ова е една тенденција за манипулација и тенденција за затварање на очите на јавноста пред една тенденција каде што Законот за правична застапеност да биде претворен во Закон за не почитување. Ќе се легализира манипулацијата која што сме ја виделе до сега. овој Закон ќе се обидам има недостатоци овој Закон и во номотехничкиот дел е навредувачки бидејќи овој Закон замислете Закон за правична застапеност која е уставна категорија е втор столб на Охридскиот договор. Вие донесувате Закон кои што има 3 страници, има 15 члена и само 2, 3 члена се за значајната, сето друго е само шминкање. Има недостаток за нејзино спроведување за етничката припадност за кое што е наменет овој Закон, има недостаток на заштитен механизам кои што ќе ги задолжи институциите за да биде спроведен истиот. Има недостаток на санкции ако не се почитуваат Законот. Има и недостатоци како обид за да се одолговлекува до бескрајност од страна на комисии. Ги знаеме тие изреки ако сакате една работа да не биде завршена, формирајте комисии и работни тела кои што не знаеме како ќе изгледа тоа бидејќи не е тоа определено со Закон и немаме ниту една замена за балансерот. Почитуван министер, моето конкретно прашање многу имаме за зборување, но поради ограничувањето не можам толку долго да зборам. Овој многу значаен закон кои што беше дебатирана премногу и кои што не се прифаќа од Албанската јавност, вие го праќате во Венециската Комисија. Без да го видат пратениците, без да биде пред јавноста. И вие пред време го однесувате во Венециската Комисија, но со овој предлог на Закон уште не е предлог на Закон. Во Венециската Комисија дали сакате да си направите некој обид за да се става една заштитна купола да кога ќе дојде во Собранието ние како пратеници да немаме можност со интервенции, со образложение дека ова имаме мислење од Венециската Комисија и имаме мислење од меѓународниот фактор и ние не ќе можеме да интервенираме преку амандмани. Почитуван министер уште од сега ви велам овој закон во оваа форма нема да помине. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за јавна администрација

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Елми Азири, поставено на 57-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 јуни 2025 година Благодарам претседателе. Почитуван колега Азири повеќе од една година говорам за дигитална алатка балансер. Прво не е коректно за едно суштинско ново решение, законско решение однапред да кажувате и да преедуцирате дека нема да има своја употреба. Но, ќе почнам отпочеток да направиме еден историјат, како е дојдено до ова законско решение. Со моето доаѓање во ново формираното министерство за јавна администрација, затекната е следната состојба за употреба на дигиталната алатка балансер. Пресметка вон законското решение каде што беше употребена формулата за нерезидентното население, а требаше обратно за резидентното. Тоа значи таа формула и методологија ја вративме во рамки на Законот. И јас како министер прв пат кога држев прес конференција кажав дека ќе се почитува Законот. И мора да се почитува Законот. Верувам дека е тоа и вашата интенција. По таа корекција на формулата што е во рамки на Законот, уставниот суд укина одредени членови или одредби кои што се однесуваа на балансерот. Но, пред да ја укине уставниот суд оваа алатка морам да ве навратам малку по назад. Значи во 2023 година, на седница на Влада вашиот коалиционен партнер т.е. ДУИ има утврдено став дека балансерот како алатка за правичната застапеност на етничките заедници се злоупотребува и дека е веќе со изминат рок. Што значи дека треба да се бара ново решение кое што ќе овозможи реална етничка застапеност. Да потенцирам, правичната застапеност на етничките заедници е уставна категорија. Тоа нема бегање согласно Охридскиот Рамковен Договор. И тоа ќе се спроведува. Е сага сакам да оставам едно прашање. Кој е во право? Вие сега кога кажувате дека ја нема таа алатка. Или пак вашите коалициони партнери ДУИ кој што исто така тврделе дека е со изминат рок. Јас говорев многу пати дека оваа алатка во изминатиот период е злоупотребувана. Зборев за статистка дека таа откако важи на пример од 2001 па се до нејзината важност 2015 година чинам беше или 13- та, дека многу повеќе етнички заедници влегле во јавната администрација откако е на сила таа алатка и тоа е факт. По бројка, по математика и по статистика. Е сега да се навратам на она кое што е меѓу чекор. Па вие во Собранието баравте комисија за правдање на правична застапеност за вашиот коалиционен партнер и Влада тоа прашање го прифати. ДУИ, вашиот коалиционен партнер и таа комисија е формирана. Е сега ви смета нов закон. Па одлучете се што сакате да прифатите. Она што е битно да се каже дека и јас како министер и како Владата стои на својот збор и за нас е зборот битен. И како кажавме од почетокот така и спроведуваме. Што се однесува до новиот закон кажавме дека по укинувањето на Балансерот од страна на Уставниот суд не треба да се брза. Ова е сериозно прашање. Никој овде во оваа сала, верувам и вие, не сакате да се злоупотребува повторно припадноста на етничката заедница. Така многу Албанци се пишуваа Македонци, Македонци како Срби и така натаму. Сакаме да дојдеме до сериозно решение во кое што сите ќе бидат среќни. А вие претходно кажувате дека тоа нема да пројде така. да видиме, да почекаме. Рековме дека ќе одиме полека, сериозно за да не се доведеме повторно во состојба Уставниот суд да укинува одредени членови или одредби од постоечките закони. И како ветивме така постапивме. Рековме дека уставни експерти токму поради овие причини ќе бидат чинители на ново законско решение. И вие треба како најдоминантна етничка заедница да бидете среќни што има ново законско решение, а не е дел од некој постојани законски решенија. И тоа е сосема сериозен факт. Тој закон е подготвен. Јас мислам дека е прилично сериозен. Поминат е на Влада и повторно ќе се навратам така како што рековме проверка ќе направиме во Венецијанската комисија. Подобро малку да закасниме, но да имаме солидно, реално решение отколку да направиме нешто набрзина во кое што никој нема да биде задоволен, а посебно етничките заедници. И ние велиме дека ова законско решение ќе го пратиме до Венецијанската комисија, ќе добиеме сублимат, ќе добиеме став, ќе добиеме мислење што се однесува до уставноста на решението и потоа да немате дилеми дека некој сака нешто да протне испод маса. Како тоа без Собрание ќе помине закон? А кој ќе го разгледува? Нормално дека пратениците. Таа постапка не може никој да ја избегне. Што се однесува до содржината на законот исто како во Собранието е формирана комисија, не знам од кој причини затоа што тоа се регулира со закон, има координативно тело кое што ќе биде составено од повеќе министри во соработка со Агенцијата за администрација ќе го следи процесот на правична застапеност во јавната администрација, односно во сите институции. Методологијата на тоа што вие го кажувате ќе биде накнадно утврдено откако ќе го добиеме сублиматот од Венецијанската комисија. Дали таа методологија ќе биде во постојните законски решенија или ќе биде во ова ново законско решение тоа е тема на додатен разговор, но откако ќе добиеме мислење од Венецијанската комисија. На крајот би сакал да завршам да немате дилема. Ние тежнееме да имаме реална правична застапеност на етничките заедници во секоја институција. Ние сме мултиетничко општество и тоа ќе го обезбедиме многу подобро од начинот на која што претходната гарнитура го обезбеди тоа. Со тоа што самата гарнитура бараше да се укине претходно Балансерот. Ние како министерство ќе работиме иако не сме предлагачи на овој закон, Владата е предлагач на овој закон. Не е во рамки на нашите законски решенија, но стоиме на располагање откако ќе ги добиеме сите мислења да ја видиме можноста каде тоа методолошки најдобро ќе функционира. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања