Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Зајкова праша за дивоградбите и сеизмичката безбедност

Резиме

Пратеничката Моника Зајкова побара од Министерството за транспорт да каже дали му наложило на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изработи вонреден извештај за сеизмичката заштита и дивоградбите, особено во Чаир, и дали се потребни законски измени за подобрување на контролата.

Министерството одговори дека инспекторатот нема надлежност за прашањата во обемот што го поставува Зајкова: според наведените законски одредби, тој врши надзор над градби од прва категорија, додека општинските инспектори се надлежни за градбите од втора категорија. Министерството посочи дека стандардите за механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита се утврдени во Законот за градење. Во одговорот не се наведува дали е побаран вонреден извештај ниту се предлагаат конкретни законски измени.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Моника Зајкова

До Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Африм Гаши

Предмет: Пратеничко прашање Од пратеничката Моника Зајкова До Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски

Согласно член 38 и член 39 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, поставувам писмено пратеничко прашање до Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

Имајќи ја предвид годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје што ќе ја одбележиме овој месец, како и зачестените информации за сеизмичка активност во земјата и во регионот, јавноста со оправдана загриженост ги следи состојбите со градбите, особено по медиумските извештаи за голем број на дивоградби во општина Чаир и потенцијално слични состојби во други општини. Овие информации будат сериозни сомнежи за почитувањето на стандардите за сеизмичка безбедност, што е од витално значење за животите и имотот на граѓаните.

Во контекст на горенаведеното, како пратеничка во Собранието на РСМ, барам од вас, како надлежен орган, да ми одговорите на следните прашања:

1. Дали Министерството му има наложено на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) да изработи вонреден извештај за состојбата со почитувањето на стандардите за сеизмичка заштита и присуството на дивоградби, особено фокусирајќи се на општина Чаир, но и на други критични општини во Републиката? - Доколку таков извештај не е побаран, би сакала Министерството да образложи зошто проценило дека не е потребно вонредно известување за оваа исклучително важна проблематика. - Доколку извештајот е побаран, кога се очекува истиот да биде изработен и дали Министерството планира тој да биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија како информација по која ќе може да се отвори сеопфатна расправа?

2. Дали Министерството смета дека се потребни законски подобрувања во сферата на градежништвото и сеизмичката заштита, со цел да се зајакне контролата и да се спречат идни нерегуларности? - Доколку одговорот е позитивен, кои конкретни измени или дополнувања на законската рамка ги предлагате?

Овие прашања се поставени со цел да се уверат граѓаните дека институциите на извршната власт ефикасно функционираат во заштита на јавниот интерес, дека Собранието ја врши својата контролна функција над извршната власт и дека, со заеднички напори, трагедиите нема да им се повторуваат на граѓаните на Северна Македонија.

Ви благодарам на одговорот.

Со почит,

Скопје, 09.07.2025

Пратеничка Моника Зајкова

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за транспорт

Република Северна Македонија Министерство за транспорт

До: Г-дин Африм Гаши Претседател на Собрание на Република Северна Македонија

Предмет: Одговор на пратеничко прашање поставено од пратеничката г-ѓа Моника Зајкова

Врска: Наш број 15-6091/2 од 31.07.2025 година

Почитуван г-дин Гаши,

Во прилог на овој допис Ви доставуваме одговор на пратеничкото прашање од пратеничката Моника Зајкова, поставено на 09 јули 2025 година, врска со Ваш број: 08-3906/1 од 09.07.2025 година.

МИНИСТЕР Александар Николоски

1 Министерство за транспорт на Република Северна Македонија ул. „Црвена Скопска Општина “ бр. 4, Скопје +389 2 3145 497 www.mtc.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за транспорт

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеничката Моника Зајкова, поставено на 09 јули 2025 година.

Пратеничкото прашање гласи:

Имајќи ја предвид годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје што ќе ја одбележиме овој месец, како и зачестените информации за сеизмичка активност во земјата и во регионот, јавноста со оправдана загриженост ги следи состојбите со градбите, особено по медиумските извештаи за голем број на дивоградби во општина Чаир и потенцијално слични состојби во други општини. Овие информации будат сериозни сомнежи за почитувањето на стандардите за сеизмичка безбедност, што е од витално значење за животите и имотот на граѓаните. Во контекст на горенаведеното, како пратеничка во Собранието на РСМ, барам од вас, како надлежен орган, да ми одговорите на следните прашања: 1. Дали Министерството му има наложено на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) да изработи вонреден извештај за состојбата со почитувањето на стандардите за сеизмичка заштита и присуството на дивоградби, особено фокусирајќи се на општина Чаир, но и на други критични општини во Републиката? • Доколку таков извештај не е побаран, би сакала Министерството да образложи зошто проценило дека не е потребно вонредно известување за оваа исклучително важна проблематика. • Доколку извештајот е побаран, кога се очекува истиот да биде изработен и дали Министерството планира тој да биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија како информација по која ќе може да се отвори сеопфатна расправа? 2. Дали Министерството смета дека се потребни законски подобрувања во сферата на градежништвото и сеизмичката заштита, со цел да се зајакне контролата и да се спречат идни нерегуларности? - Доколку одговорот е позитивен, кои конкретни измени или дополнувања на законската рамка ги предлагате? Овие прашања се поставени со цел да се уверат граѓаните дека институциите на извршната власт ефикасно функционираат во заштита на јавниот интерес, дека Собранието ја врши својата контролна функција над извршната власт и дека, со заеднички напори, трагедиите нема да им се повторуваат на граѓаните на Северна Македонија.

2 Министерство за транспорт на Република Северна Македонија ул. „Црвена Скопска Општина “ бр. 4, Скопје +389 2 3145 497 www.mtc.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за транспорт

ОДГОВОР на пратеничкото прашање од пратеничката Моника Зајкова, поставено на 09 јули 2025 година.

Во врска со Вашето пратеничко прашање Ве известуваме за следново:

Би сакале да Ве информираме дека Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам нема надлежност да постапува во однос на прашањата што ги поставувате.

Согласно Законот за градење член 128, став 2 Градежен инспектор (Државен инспекторат за градежништво и урбанизам) врши инспекциски надзор над градби од прва категорија, а овластен градежен инспектор (од општината) врши инспекциски надзор над градби од втора категорија од членот 57 на овој закон.

Исто така во член 58, став 1 се вели: Градбите од прва категорија од членот 57 од Законот за градење се градби од значење за Републиката и одобрение за градење издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

Во став 2 од истиот член се пропишува: Градбите од втора категорија од членот 57 од Законот за градење се градби од локално значење и одобрение за градење издава градоначалникот на општината, односно градоначалниците на општините во градот Скопје. Врз основа на овие законски одредби, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам врши инспекциски надзор само на објекти од А категорија на територија на државата, додека општините согласно своите законски надлежности се обврзани да вршат инспекциски надзор и контрола над сите останати објекти на територијата на својата општина.

Во однос на стандардите за градење, тие се пропишани во Законот за градење и истите обезбедуваат механичката отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на објектите.

Би сакале дека истакнеме дека една од работите за што посебно е посветена оваа Влада е владеење на правото и правната сигурност на граѓаните, борбата против корупцијата и борбата против дивеењето на поединци или фирми на кои им било дозволено таквото однесување во претходните години.

3 Министерство за транспорт на Република Северна Македонија ул. „Црвена Скопска Општина “ бр. 4, Скопје +389 2 3145 497 www.mtc.gov.mk

Сите пратенички прашања