Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Снопче праша за согласност за работни места во општина Гостивар

Резиме

Халил Снопче праша зошто Министерството за финансии не одговорило на барањата за согласност и финансирање на слободни работни места за техничкиот и административниот персонал во општина Гостивар. Тој рече дека, според неговите информации, предметите се задржуваат во Министерството за финансии и дека нема правна или финансиска пречка за согласност.

Заменик-министерот Николче Јанкуловски одговори дека барањата што пристигнуваат од Министерството за образование и наука се разгледуваат согласно законската регулатива и предвидената процедура. Додаде дека истата постапка важи за Гостивар и за другите општини и дека Министерството ќе одговори во рамките на законските одредби.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Халил Снопче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 59-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 9 јули 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Заменик министер, значи општина Гостивар редовно доставува дописи до Министерството за образование со барање за согласност и финансирање на слободните работни места за техничкиот и административниот персонал со старо финансирање. Истите барања понатаму се проследуваат од Министерството за образование до Министерството за финансии. Сепак, досега не е добиен никаков одговор, ниту позитивен, ниту пак негативен. Сакам да ве потсетам, господин заменик министер, дека и по претходни случаи, одговор беше добиен дури по директна реакција од наша страна. Тоа и во минатиот мандат, истото се случуваше. Јас сметам дека мора да се даде одговор. Овој континуиран недостиг на одговори предизвикува незадоволство и загриженост кај вработените од техничкиот и административниот персонал, кои со право очекуваат решение за работни места што се ослободуваат природно и согласно Законот, во случај на пензионирање, смрт или доброволно напуштање на работа од страна на претходниот вработен. Според нашите информации, господин заменик министер, предметот или предметите заглавуваат во Министерството за финансии. Иако добиваат зелено светло, одобрение од Министерството за образование, заглавуваат во Министерството за финансии. И не постои правна ниту финансиска пречка за да се даде согласност, бидејќи станува збор за работни места кои веќе биле договорени, за кои веќе била дадена согласност. Значи, ако човекот отишол во пензија мора да се пополни тоа место. Ако починало некое лице, мора да се надополни. Значи, во оваа насока ми е прашањето и би бил задоволен ако одговори заменик министерот, за да го поттикнеме за да се поправат овие случаи, да не останат без одговор.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче, поставено на 59-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 9 јули 2025 година Николче Јанкуловски: Благодарам почитуван пратеник за прашањето. Значи, во Министерството за финансии како пристигаат барањата од страна на Министерството за образование и наука, така се и истите разгледуваат, согласно законската регулатива. Има процедура која што мора да се запази и тоа не е само за општина Гостивар, туку и за сите останати 79 општини во државата. Значи, за Гостивар важи истото што важи и за другите општини и истото ќе биде и барање, доколку, како што реков е во процедури, она вие што го рековте, во процедура, Министерството за финансии ќе си одговори во рамките на законските одредби.

Сите пратенички прашања