Најважно
346 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тоска праша за застапеноста на Албанците во културните фондови

Резиме

Дијана Тоска го праша министерот за култура и туризам како ја оправдува, според неа, дискриминаторската распределба на средствата и проектите во годишната програма за 2025 година. Таа наведе дека албанските уметници добиле помал удел во повеќе области, ја обвини Владата за маргинализација и клиентелизам и праша дали министерот ќе преземе одговорност.

Министерот одговори дека конкурсот бил транспарентен и дека проектите биле оценувани според квалитетот, а не според етнички проценти. Наведе дека во театарската уметност албанските проекти добиле над 40%, според начинот на пресметка на пратеничката, и рече дека практиката на распределба по етнички или партиски клуч е завршена.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Дијана Тоска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 59-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 9 јули 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван министер, потпирајќи се на официјалните податоци во Министерството кое што вие го водите, имајќи во предвид дека културата е една од најзначајните столбови на соживотот и рамноправноста на граѓаните ан Република Северна Македонија, дозволете ми да го поставам ова прашање, кое што го допира мултиетничкиот карактер на оваа држава. Годишната програма на Министерството за култура за 2025 година е дискриминирачка и елиминирање на културата на Албанците, на систематички начин со бројки кои што не оставаат простор за интерпретации. Да кажеме некои од нив. Од 245 проекти за меѓународно претставување, само 22 се за Албанците. Од 40 милиони денари, тие земаат 3,5, помалку од 9%. Во виртуалната уметност, Македонците имаат 120 проекти со 13 милиони денари, Албанците само 16 проекти со 1,2 милиони денари. Во издавања, Македонците имаат 320 наслови, 39,5 милиони денари, додека Албанците 60 наслови само со 6,6 милиони денари. Во музика, Македонците зимаат 152 проекти со 52 милиони денари, додека Албанците само 35 проекти со 7,5 милиони денари. Во манифестации и фестивали Македонците имаат 13 проекти, додека Албанците само 7 проекти со 16,5 милиони денари. Во културна инфраструктура нема ниту една инвестиција, како што е Ансамблот на галерија на уметностите во Гостивар и за наследството. Надвор од државата ниту еден Албанец не е именуван, од 12 напредувања во Министерството само двајца Албанци и тоа од втора рака. Во театарот имаме скратување на буџетот на 12 милиони денари, додека на Скопското Кале или Универзитетот на Плаошник имаат неколку милиони зголемување. Но, тоа што е уште по скандалозно е тоа што неспособноста на претставниците на Албанците во Владата, поточно функционерите на ВЛЕН, за да влијаат и минимално на овие политики кои што се дискриминирачки. Додека албанските уметници се маргинализирани во културата и во културните фондови, партиските милитанти на ВЛЕН добиваат проекти од фондовите кои што требаше да бидат доделени за културата. Случајот на Абдул Ганиу, директор на Попова Шапка, каде што добива 420 илјади денари и именувањето на Сарана Адеми, партиски службеник од Демократското движење, 6 во Министерството за животна средина се именуваа како член на Комисијата за музика. Значи ова е само конфликт на интереси и клиентелизмот кој што е опфатен во овој сектор. Моето прашање јасно и политичко ќе биде вака, како вие министре го оправдувате ова дискриминирање кон Албанците каде што се една третина од жителите во земјава, но не добиваат ни 12% од фондовите за култура. Дали ќе прифатите дека ова не е политичка култура, но намерна стратегија за да бидат во спротивно со Уставот, Охридскиот договор и со секој стандард на рамноправност. И дали вие ќе земете одговорност за оваа неправда или ќе почнете да се криете под институциите. До ден денеска немаше ниту едно објаснување за оваа колективна неправда.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за култура и туризам

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 59-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 9 јули 2025 година Прво, навистина ми е непријатно кога зборувате само на правата на Албанците во делот на културата, а не зборувате за Турците, Ромите, не зборувате за Евреите, не зборувате за никого. Вас ве интересираат само правата на Албанците, не ве интересираат ни правата на Македонците, не ве интересира ништо што е поврзано со програмите што се однесуваат за сите граѓани во Република Македонија. Ќе ви кажам дека вие бевте, сега не знам точно за бројките, еве вие ги имате точно во проценти, но навистина е непријатно кога се гледате како Албанци, се гледате како процент. Ние ве гледаме како целина, бидејќи сме мултиетничко општество. И навистина е деградирачки и на вистина е срамно да ги нарекувате Албанците и да се нарекувате самите себе си процент во културата. Ние воопшто не гледаме проценти. Ова беше еден конкурс на најтранспарентен начин на кои што беа застапени сите квалитетни програми за унапредување на македонската култура и на културата на малцинствата во Република Македонија. Значи зборуваме за квалитетни проекти. Вие бевте 20 години на власт и знаеме како ги делевте проектите. И по етнички клуч и по партиски клуч. Добивавте проценти без разлика на тоа дали некој проект е квалитетен или не. Без разлика на тоа дали на конкурсот проектот што е одобрен е од национален интерес. И тука морам да кажам дека таа пракса која што ја воведовте вие, заврши. Денеска се оценуваат квалитетни проекти. И навистина пак ќе кажам, навистина ми е непријатно што го слушам впрочем таквото прашање. Инаку во делот на процентите, можете да видите дека во некои програми Албанците добиле, како што ги броите и вие, и над 40%. Тоа е во делот на театарската уметност. Дали пак тука треба да разговараме на тоа кој е загрозен во таква ситуација. Затоа таа пракса на делење на проценти е завршена и нема да се состои во програмите во Министерството за култура во иднина.

Сите пратенички прашања