Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Бојковска праша за општинските инвестиции и стратешките проекти

Резиме

Пратеничката Драгана Бојковска побара информации за намената на проектите за општините, нивното значење за граѓаните и локалниот развој, како и дали ќе има нова финансиска поддршка. Во дополнителното прашање побара информации за напредокот на проектите поврзани со стратешкото партнерство со Обединетото Кралство и нивните очекувани придобивки.

Премиерот рече дека општинските проекти опфаќаат, меѓу другото, улици, булевари, паркови, градинки, училишта и спортски сали, и дека поддршката е наменета за општини од различни политички опции. За нов повик, рече дека Владата сè уште анализира, меѓу другото поради ограничениот капацитет за изведба. За централните проекти наведе дека се анализираат понуди за финансирање на пругата на Коридорот 10, а како други проекти ги посочи болничките и образовните објекти во Штип и Кичево, реконструкцијата на Клиничката болница во Тетово и можностите за Чебрен и Галиште.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Драгана Бојковска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Драгана Бојковска, поставено на 61-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 31 јули 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Моето трето прашање се однесува на капиталните инвестиции, пред неколку дена потпишавте финансиска поддршка за 828 проекти со општините со вредност од 225 милиони евра во рамки на вториот повик за капитални инвестиции со средства нели, народот познати по унгарскиот кредит. Колку се значајни овие капитални инвестиции за општините говори тоа дека за прв пат после долго време во Македонија имаме ситуации во кој што се бараат повеќе градежни изведувачи за да се спроведат сите градежни зафати кои што се предвидени во рамки на овој проект. Што значи дека во Македонија во секој дел, во секоја една општина имаме градежна офанзива со што всушност можам да заклучам и дека Македонија за прв пат после долги години се гради најсериозно. Најдиректен бенефит можам да кажам дека има токму локалното население а особено сакам да истакнам благодарност до целата Влада за поддршка на овој проект но и до пратениците кои што даваат поддршка бидејќи е од огромно важно за општините а тука особено сакам да ја потенцирам важноста за помалите општини, за приградските општини бидејќи јас доаѓам од општина Илинден и знам колку оваа поддршка на Владата значи за помалите општини. Во Илинден како никогаш до сега прв пат се градат во најголем зафат значи локални патишта, се доградуваат училишта, спортски сали, се градат канализации а исто толку големо значење има за моите соседни општини Петровец и Зелениково. Така што граѓаните навистина ја ценат оваа поддршка бидејќи повторувам како никогаш до сега во ваков интензитет не се градело во историјата. Почитуван претседател на Владата во овој контекст моето прашање е: Што во рамки на овие поддршки на проекти во рамки на сите општини кои што ги имаме во Република Македонија. Што тоа значи конкретно за граѓаните и за локалниот развој. Можете ли конкретно во овие 828 проекти за општините да ни споделите подетални информации за тоа за каков вид на проекти станува збор и кои ќе се поддржат со вториот повик на Владата и впрочем она кое што навистина сакам да го потенцирам и ценам дека јавноста исто така, ја интересира. Во овој контекст: Дали Владата и во наредниот период ќе дава финансиска поддршка за единиците на локалната самоуправа и со исти вакви проекти од контекст на финансиска поддршка за општините ќе продолжи и во иднина. Ви благодарам. Дополнително прашање: Благодарам потпретседателке. Благодарам почитуван претседател на Владата за одговорот. Јас тука ќе се согласам дека вложувањето во единиците на локалната самоуправа е нешто кое што е можеби најсуштинско и најзначајно бидејќи и најопипливо некако граѓаните може да ги почувствуваат бенефитите во инвестирањето во единиците на локалната самоуправа. Но од друга страна можеби најефективно нели се спроведуваат оние проекти со кои што аплицираат. Споменавте 1200 проекти на кои што ќе се работи во Република Македонија со што всушност Македонија ќе стане буквално како што велиме едно градилиште кое ќе се работи само и само во интерес на граѓаните бидејќи на крајот од денот наш единствен суштински коалиционен партнер се токму граѓаните и тоа не треба никогаш да го заборавиме. Еднаков пристап за сите општини без разлика на партиската припадност и еднаквост за секого по глава на жител нешто кое што никогаш не се случило претходна во историја на Македонија и е навистина за поздравување и ценам дека треба да се одважат и колегите од опозицијата и да кажат збор, два некогаш и позитивно бидејќи тоа е за сите граѓани на крајот од денот. Спомнавте многу суштински работи од аспект на капитални инвестиции кои што се однесуваат за локалните средини. Јас би сакала да продолжиме во делот на капитални инвестиции да прашам по однос на оние најсуштински капитални инвестиции кои што се однесуваат на централно ниво и тука можеби еве би сакала и најмногу на инвестиции кои што се опфатени со договорот за стратешко партнерство со Велика Британија. Ние веќе во само една година од власта на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата имаме договор за стратешко партнерство со Велика Британија, имаме најава на вистински стратешки капитални проекти кои што се однесуваат и кои што ќе бидат навистина валоризирани кои што ќе бидат навистина корисни на граѓаните во наредните години, во наредните неколку децении. Имаме најава за брза пруга, имаме во исто време изградба на 4 автопати, додека од друга страна колегите не можеа да се сетат на еден километар автопат кој што претходно го направија, имаме најава за изградба на болниците во Штип и Кичево, нова зграда на Медицинскиот факултет во Штип и нова зграда на Студентскиот дом во Штип нешто кое е навистина суштински важно за сите граѓани па моето прашање ете во однос на капитални инвестиции би било и каков е интензитетот на работа на овие проекти и на долг рок претседателе како гледате во вложување во овие стратешки капитални проекти, особено по тек на нови вработувања, зголемување на извозот, туризмот, развој на домашното стопанство, подобрување на животниот стандард на граѓаните и секако враќање на инвестицијата токму кај граѓаните. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Драгана Бојковска, поставено на 61-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 31 јули 2025 година Благодарам потпретседателке. Почитувана пратеничке Бојковска, третото прашање беше за капиталните инвестиции кои што се однесуваат на општините. Што значи тоа за граѓаните, кои се проектите, какви се проектите и дали ќе имаме дополнително нов ваков ангажман во периодот што следи. Прво би сакал да кажам неколку работи кои што се поврзани со самиот проект за кој што сум зборувал многу пати во минатото, но еве да ги повториме работите. Ова за прв пат се случува во Македонија, ваков тип на инвестиција која што директно од Владата ќе биде наменета за општините. Во минатото сме сведоци на многу проекти од Владата кои што биле со одреден фокус и имале поинаква оптика. Ова е сосема различен пристап и јас навистина сум многу задоволен бидејќи нема поубаво чувство да речеме за претседател на Владата кој што ќе организира настан во кој ќе се соберат градоначалниците од сите општини, од сите политички партии кои што имаат свој градоначалник, но и такви кои што се условно би рекол и независни и кои што во мое присуство ќе потпишат договори за реализација за ваков тип на проекти. Тоа значи дека и покрај сите наши разлики кога имаме, јас би рекол камон граунд, кога имаме заеднички интерес ние можеме да се обединиме и тоа овој проект претставува модел, еталон како треба државата да функционира кога имаме заеднички интерес. Во случајов тој заеднички интерес се проектите за општините. Таму имаше градоначалници кои што потпишуваа проекти од ВМРО ДПМНЕ, од Вреди, од СДСМ, од ДУИ, од Алијанса на Албанците, Една Алијанса на Албанците, друга независна политички градоначалници итн. од Беса и од други политички партии кои што се да речеме Социјалистичката партија кои што се дел од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ итн. поентата е дека сите тие без да постои било каква замерка зошто овој добил толку, а јас волку итн. дојдоа и потпишаа договори во една апсолутна хармонија и тоа е примерот како треба да функционираме. Од една страна е добро за граѓаните бидејќи на крајот од денот граѓаните не се тие кои што треба да платат сметката поради политичките разлики кои што ги имаат политичарите и партиите. Тие треба да го добијат оној сервис кој што го заслужуваат. Но за жал, имаме состојби кога тоа не е така и политики кога тоа не е така и тоа беше пракса во минатото да во зависност од тоа каква Влада, такви општини се поддржуваат. Но мислам дека ние покажавме една зрелост и политичка и она што им е потребно на граѓаните и мислам дека на овој начин ги разбивме сите стереотипи кои што владееја. И сега ние имаме 1200 актуелни и потенцијални градилишта, на 1200 места се гради или ќе се гради. Тоа е добро за бизнисот, градежни компании градат булевари, градат улици, градат паркови, градат градинки, градат училишта, градат спортски сали итн. Тоа е она кое што мислам дека ќе додаде вредност во квалитетот на животот на граѓаните, не мислам дека, туку убеден сум и до сега отприлика околу 20-21 милијарда денари е вкупниот обем не инвестицијата и во првиот повик кој што го организираше

Министерството за локална самоуправа и вториот повик. Многу транспарентно морам да признам и самото тоа што никој не негира, никој не негодува, туку напротив се заблагодаруваат и од опозицијата се заблагодаруваат, тоа е добро. Еве да речеме градоначалникот на една општина во Југоисточна Македонија излезе јавно се заблагодари. Исто така и други градоначалници кои што се од опозицијата излегоа, се заблагодарија и тоа е добро и тој пример треба да се следи затоа што од истата таа опозиција слушавме дека станувало збор за апсолутистичка власт, јас сум бил деспот, сум имал елементи на деспотско однесување. Од друга страна се заблагодаруваат на Владата што финансира и подржува општини кои што не се само дел од владината коалиција, туку се и од опозицијата и тоа треба да продолжи така и во иднина како пракса, без разлика оваа Влада претпоставувам за 10-тина, 15 години од сега ќе замине во опозиција, ќе дојде некоја друга Влада од опозицијата и мислам дека овој пат треба да го следи. Мислам дека оваа траекторија ќе треба да ја следи затоа што очигледно дека е добра и додава вредност во квалитетот на животот на граѓаните. Бидејќи времето си тече, да дадам одговор на потпрашањето дали во наредниот период ќе има вакви проекти. Имаме дилема, зошто. Имаме дилема затоа што цениме дека овие 1200 градилишта и ако на ова се додадат сите оние проекти кои што ги тераме и оние проекти кои што допрва почнуваме да ги тераме, ќе дојдеме до еден волумен отприлика меѓу 800 милиони евра и една милијарда евра кои што треба да годишно ниво да бидат реализирани. Имавме состанок во Стопанската Комора со градежните компании, дојдовме до заклучок дека вкупниот капацитет кои што тие можат да го реализираат е меѓу 250 и 300 милиони евра годишно. Кога би имале некој вонреден раст на капацитетите па и на тоа ако го додадеме и природниот раст во период од 3 до 5 години до денеска ние можеме максимум да дојдеме до половина милијарда евра проекти кои што ќе можат да се реализираат. Сега дали е потребно и дали треба да имаме буџетски дефицит кој што се покрива со задолжување, не постои друг начин како да се покрие, дали на меѓународниот пазар или на домашниот пазар преку хартија од вредности или преку еврообврзници на меѓународен пазар. Треба на ваков начин да ги вложуваме парите. Јас мислам дека треба, но тоа е првата дилема. Втората дилема е дали општините имаат сеуште капацитет бидејќи сега видовме дека броевме крвни зрнца за да дојдеме до капацитетот кој што е потребен за тие 15-тина милијарди денари проекти, буквално до 5 до 12 броевме крвни зрнца за да дојдеме до тоа и дојдовме некако. Но прашањето е дали сега во следниот буџет ние повторно испланираме 250 милиони евра дали повторно ќе имаме ваков тип на 830-840 проекти. Не верувам, зборувам подготвени за градба, сега во развој, во процес на развој можеби и ќе имаме. Но дали ќе имаме подготвени за изведба се сомневам и затоа можеби треба да ја оставиме, да ја наполниме плуќата, дел од овие проекти да ги завршиме и од кога ќе ја наполниме плуќата барем со половина завршени и предадени вакви објекти да влеземе во следната фаза и да го направиме следниот чекор односно да ја продолжиме оваа постапка, а во меѓувреме градоначалниците кои што ќе ја добијат довербата од граѓаните на следните избори да се подготват за нови проекти и да конкурираат. Сеуште сме во фаза на анализа, се надевам дека до скоро ќе ја завршиме. Благодарам.

Дополнителен одговор: Благодарам потпретседателке. Благодарам пратеничке Бојковска. Поврзано со капиталните инвестиции и договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, прво дозволете ми да ве информирам како се развива овој проект и што е суштината на тој проект бидејќи доста работи слушаме во јавноста ги објаснуваме, се трудиме да ги објасниме итн. и тоа е многу важно да граѓаните ја знаат првата и вистинска суштина за овој проект. На кратко кажано за да ни биде голема работа поедноставна е дека државата Обединето Кралство гарантира за нас пред странските финансиски институции, за финансиските средства кои што ќе ги подигнеме како кредит за да ги реализираме овие проекти. Имаше денеска на почетокот прашање од опозицијата поврзано со овие проекти, мислам дека ќе биде пријатно изненадувањето на крајот за граѓаните, а се надевам и за опозицијата бидејќи на крајот од денот не треба тие да ја градат својата политика на принципот колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ. Се надевам дека кога е добро за граѓаните ќе е добро и за опозицијата бидејќи во суштина ова е заедничко множество, сите сме во едно множество без разлика кој колку се труди во тоа множество, сите сме во едно множество и сите заеднички се радуваме или тагуваме. Поврзано со првиот проект кој што е актуелен, а тоа изградбата на пругата која што е дел од Коридорот 10 веќе сме во фаза на анализа на пристигнатите финансиски понуди. За мене како човек кој што еве имал и претходен живот и во бизнисот и во науката од врвните американски компании француска компанија, германска компанија, јапонска, корејска, австриска, британска компанија на финансискиот пазар кога ќе дадат понуда да финансираат проект во Македонија тоа е навистина убав ден за сите нас и треба да се радуваме. Зборувам за врвни компании, не зборувам за периферни, зборувам за компании и банки кои што се во нивните топ 5, можеби би рекол топ 3, кои што изразија интерес да бидат дел од овој пакет. Со услови кои што, повторно ќе кажам, се надевам кога ќе ги слушне опозицијата ќе се радува затоа што врз основа на тоа што го гледаме се навистина услови кои што до сега не биле присутни кај нас. Се надевам дека ќе се радува и ќе биде среќна опозицијата затоа што ќе можеме да ги реализираме овие проекти. Бидејќи сега сме во фаза на организирање на локални избори, претпоставувам дека тој процес не може да продолжи, малку ќе биде на пауза, во меѓувреме ќе ги формираме во рамките на Владата комитет, интерсекторски, составен од неколку сектори, кои што ќе ги анализира пристигнатите понуди и веќе ги анализира, од мојот кабинет има двајца претставници, т.е. Генералниот секретар на Влада и претставник од мојот кабинет, формално сите се водат под Канцеларија на претседателот на Влада, од други министерства, тука е Министерството за транспорт, Министерството за финансии, итн, сега да не должам претставници од каде, и сето тоа кога ќе биде анализирано ќе поставиме рамен терен, бидејќи не сите 16 компании ја понудија вкупната сума која што ние ја бараме, има некој што помалку понуди, но ќе се постави рамен терен, ќе се влезе во билатерални преговори и тој што е најдобар ќе ја добие можноста да ја финансира овој проект. Но, тука не завршува процедурата. Следниот чекор е избор на компанија или компании кои што тоа на терен ќе го направат. По принципот на конкурентен дијалог, ние нема тоа да го криеме од јавноста, се ќе биде транспарентно, јавно, итн, немаме воопшто намера ништо да криеме од јавноста, немаме шверцерски договори по принципот на познати во минатото кои што доаѓаа со европско знаме, не, се е транспарентно, се ќе си биде јавно, цела јавност ќе знае. Е сега, Министерството за здравство следен чекор тоа го прави и мислам дека веќе на седницата во вторник ќе помине и тоа, ќе побара од Министерството за финансии да обезбеди пари за финансирање на проектот на завршување на Клиничката болница во Штип, новата зграда за Медицинскиот факултет во Штип и Студентскиот дом со капацитет од 200 легла, новата зграда за болницата во Кичево со здравствен дом и реконструкција на Клиничката болница во Тетово. И очекуваме, барем според најавите, дека најголемиот дел од истите овие компании кои што се понудија и за пругата, ќе финансираат и за овој втор проект. Третиот проект за кој што сериозно размислуваме и сме влезени во една длабинска анализа, стратешка, тоа е проектот Чебрен и Галиште, хидроцентралите Чебрен и Галиште, и дилемата е дали да влеземе со задолжување во овој пакет и да биде 100% сопственост на државата, односно да влезе под порфолијото на ЕЛЕМ, денешна ЕСМ, или да се обидеме да мобилизираме приватен капитал, бидејќи има интерес, веќе од неколку страни од светот, од Америка, од Германија, Британија, од Грција, од Турција, веќе пројавија компании интерес за да формираат заедничка компанија со ЕСМ, ЕСМ да добие порција, но без Тиквеш. Не како што беше порано во минатото со Тиквеш, со ХЕЦ Тиквеш. Без тој мираз. Зборувам за Чебрен и Галиште, да тие го изградат сето тоа, да ЕЛЕМ добие свое сопствеништво во проценти, ќе видиме колку и сето тоа да биде еден проект кој што ќе мобилизира приватен капитал. Зошто ова го зборувам? Затоа што повторно се враќам на она што претходно го кажав во претходното прашање, односно во одговорот на третото прашање, се плашам дали воопшто имаме капацитет да завршиме толкав обем на градежни работи со нашата домашна градежна оператива. За што морам да кажам дека веќе работиме темелно, ангажирани се лица од мојот кабинет, кои што заедно работат со најголемите градежни компании, веќе на неделно, на двонеделно ниво имаме состаноци и ги отстрануваме сите предизвици кои што се пред нив. Во стратешки наш интерес е нашите македонски градежни компании да учествуваат во градење на овие капитални објекти и во градење и создавање на македонскиот бруто домашен производ. Тоа е наш стратешки интерес. Така што, поврзано со договорот со стратешко партнерство веќе имаме два дефинирани проекти кои што од прилика треба да мобилизираат помеѓу 2 и 2,5 милијарди евра, а знаете рамката е 6 милијарди, сега се обидуваме да влеземе со следниот, а тоа е проектот Чебрен и Галиште, но повторно велам, правиме анализа од сите аспекти, дали тоа да биде мобилизација на приватен капитал, па некаков вид на јавно приватно партнерство, или чоинт внечер помеѓу ЕСМ и приватна компанија или пак да одиме чисто грасур проект кој што ние ќе го работиме. И сето ова е предмет на една опсежна анализа, се консултираме со науката, со луѓе искусни, со професори кои што имаат искуство и во бизнисот и во енергетиката и во градежништвото, нашите градежни компании знаат како, имаат институционална меморија, имаат искуство, знаат како да се справат со овие предизвици, не е нешто ново, но наеднаш кога ќе се постават ваков тип на сложени работи, тогаш во рамките на мозаикот ќе имаме проблем, бидејќи се плашам дека можно е да порасне долгот, а да не биде соодветно покриен со реализирани капитални инвестиции. Затоа мораме тие процеси паралелно да ги движиме, да окачуваме капиталот на државата, буртодомашниот производ, а истовремено да окачуваме и оние средства кои што ги позајмуваме. За да немаме нето задолжување, зголемување на нето задолжувањето. Тоа мора многу внимателно. Не што беше порано, земи пари, подели им ваучери за ова, за она пред избори и завршена работа. Не, тоа не го правиме. Тоа не го правиме, ние сакаме да се фокусираме на капитални инвестиции затоа што ова денеска што го правиме треба да го оставиме на тие што ќе дојдат по нас. Еве, тоа е во суштина она што е поврзано со капиталните инвестиции и проектот од Коридорот 10, и болниците и Чебрен и Галиште.

Сите пратенички прашања