
Халил Снопче
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 61-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 31 јули 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Ви благодарам госпоѓо потпретседателке. Почитуван премиер, почитувани министри, почитувани пратеници. За жал ова е четврти пат јас од опозиција да поставувам прашање и четврти пат пред мене немам ниту еден министер Албанец, нула. За жалење, значи треба да се соочиме, треба да сме внимателни во мојот говор значи сакав да му поставам прашање на министерот за здравството денес. Бидејќи тој се радуваше за многу неправилности кои биле во минатото. Значи, во формуларот доставен имаше предвидено значи да имаат да достават документи како атач и јас сакав да му поставам на министерот на пример: Дали може да каже што решил до сега? Кои проблеми се решени и каква улога играл тој во овој аспект и значи сакав да го потсетам министерот за здравство, дали тој знае дека сликањето без дозвола внатре во државните институции, здравствените институции се смета како кршење на законот. Значи, се задира во правото на пациентите и личните податоци. Овие дејствија се уредени со неколку закони. Законот за заштита на правата на пациентите, член 7, 8 и 9, Кривичниот законик на Северна Македонија член 148, Законот за заштита на личните податоци. Значи, едно прашање кое можеше да се постават три. Можеше да биде по многу анализи и од јавноста. Министерот, претходниот министер во Владата доставил информација во врска со системот ПАСС. Каде беа предвидени сите здравствени институции значи по информациите претходното министерство се трудело рационално и економично да го направи овие работи и сакав да поставам прашање. Зошто побарал да се зголеми Буџетот за истиот систем на пример, и друго прашање кое сакав да го поставам. Можеше да се постави во врска со пациентите со дијабет бидејќи се надминати сите рокови за уреди за мерење на шеќерот значи наспроти ставот на Владата, министерот потпиша анекс за неколку работи и уште 10 дена се прават 2 месеци од кога е министер и се уште значи калкулира. Пациентите исто така, се жалат дека немаат сензори за мерење на дијабет. Друго прашање кое можев да го поставам се скоро 2 месеци и до каде е изградбата на ѕидот на педијатриската болница. Другото прашање значи можеше еднаш кажав од еден први јули 300 здравствени работници ќе се паркираат во центарот Лима. Значи, дали е пишман или што настана. И, сега значи има нова идеја со град Скопје, како ќе се реализира на пример, дали може да ни каже значи да ни кажеше за конкретни чекори. Друго прашање. Што развила во врска со 300 специјализанти, приватни специјализанти од втората група кој министерот Таравари ги помина на Владата. Значи, следно прашање кое можев да го поставам, кажува дека е предвиден Буџет од 205 милиони евра и опрема за тетовската болница. За што се работи конкретно. Друго прашање. Во интерната клиника во Скопје значи се 4 лифтови од кои 3 значи во повеќето случаи 3 од нив не работат. Министерот Таравари наследи Буџет за ова и за клиниката за хематологија, до каде е реализацијата. Друго следно прашање кое можеше да се постави. Зошто значи се има застој во позитивната листа на лекови. Дали ќе има нова позитивна листа на лекови наскоро. И, друго прашање кое можев да го поставам на министерот. Значи, министерот Таравари ви остави идејно решение за библиотеката за здравството. Зошто истото не го реализирате. Друго прашање кое можеше да се постави. Министерот Таравари доби еден грант од корејската амбасада во вредност од 500 илјади долари за електрични автомобили. До каде е процесот. Следно прашање кое можев да го поставам. Министерот Таравари значи доби поклони од сите значи што се направи за трагедијата во Кочани. Што прави актуелниот министер да пациентите значи да немаат проблеми во иднина. Друго прашање кое можев да го поставам. Дали може да ни кажете за Центарот за стерилизација или после 3 месеци анализа што сте постигнале да преземете заклучок. Друго следно прашање кое можев да го поставам. Со УНОПС министерот Таравари обезбеди неколку милиони евра. До каде сте со овој проект. Следно прашање кое можев да го поставам. До каде сте со иницијатива за проектот со Светската банка околу подобрување на координацијата и заштитата во примарното здравство и грижата за пациентите кои се во постари години. Нормално значи јас почнав да ги читам овие и значи ќе го променам пристапот господин министер, повелете. Затоа ќе го променам мислењето директно ќе поставам прашање до премиерот Христијан Мицкоски. Значи, поставувам прашање. Господин премиер, во јавноста има неколку шпекулации и сакав да ви се обратам директно на вас со цел да ги елиминираме овие шпекулации. За што се работи. Значи, ќе бев многу задоволен господин министер значи ако ми дадете директно и јасно прашање, не двосмислено. Бидејќи само на овој начин ќе може да ги решиме овие дилеми. Господин премиер, во јавноста има една информација, во последната средба која ја имаше претседателот на Алијанса за Албанците со вас пред да ја напушти власта тој ве условил значи ви поставил услов Алијанса за Албанците може да продолжи да е дел од власта само под еден услов. Условот другиот дел на ВЛЕН да се одалечи да излезе од Владата значи ако вие го отстраните другиот дел од ВЛЕН нема проблем Арбен Таравари и другиот дел од Алијанса за Албанците ќе биде дел од власта. Значи, овој муабет е во јавност. Јас сум го прашал господинот Таравари, сум го прашал и тој ми одговорил не, не е вистина, нема врска. Тој вели: Не сум побарал нешто вака од премиерот, не ми дошло на памет да барам нешто вакво или има можност да се направи ваква работа. Бидејќи ние во тоа време сме биле само со 5 пратеници и нормално оваа вистина може да се елиминира само ако вие изјавите тука и ја кажете вистината. Значи, ќе бев многу задоволен прашањето да биде не двосмислено и да биде јасно. Дали да или не, нормално да ја отстраниме оваа дилема и јас сум убеден во вистината на господин Таравари но и јавноста значи ќе верува во ова кога јавноста ќе слушне директно од вас. Ви благодарам.