О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Емилија Ангелова, поставено на 61-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 31 јули 2025 година Благодарам потпретседателке. Благодарам пратеничке Ангелова. За прашањето поврзано со демографијата, прашање кое што е многу важно бидејќи бев силна демографија без добра демографија, нема ни иднина. Јас тоа во една прилика го кажав дека денеска можеби некој ќе ме обвини за тоа што сум конзервативен или заостанат или живеам во некои минати времиња, но формирањето семејство за мене претставува ете би рекол и патриотски чин. И е многу важно и што помлади луѓето да го создаваат тоа семејство и да го формираат. Ме напаѓаат, сум кажувал вака, сум кажувал така. Но, мојата цел е во суштина да оваа тема ја извадиме на површина. Бидејќи оваа тема ни е под површината, односно длабоко на дното на приоритетите и имам чувство како да одредени квази либерални структури во општествово се обидуваат да не втурнат во таа дупка. Да поверуваме на тоа. А во суштина тоа е погрешно, е тоа е единствениот начин како да исчезне една нација. Не постои друг начин, тоа е директно патот како да избришеме една нација на мирољубив начин. Нема поинаков пат. И затоа треба да посветиме силно влијание, мислам и силно внимание и да добие вистинската тема, оваа тема. Вие рековте дека ќе станеме земја на стари, ние станавме на стари. Просекот веќе на онаа витална карта е над 40 години. ние сме веќе стара земја. Тоа е веќе стара вест, не е тоа нова вест. Нашата ферпилна стапка е 1,49;1,50 во Европа најмала е на Албанија да речеме ако се изземе Украина, Албанија 1,23. Најголема е да речеме Косово со 1,9 но тоа е далеку под оние 2,1 доволни за да имаме природна репродукција. Мораме да имам 2,1 за да имаме природна репродукција. Се што е под тоа практично прашање на време кога ќе имаме повеќе починати од колку родени бебиња. И оваа година ако ја анализираме Европа и ако го анализираме светот во првите 3 месеци или првата половина помеѓу 7 и 15% е намалувањето на родени бебиња споредбено со истиот период минатата година кај најголемиот дел од европските земји. А дел од нив имаат голема поддршка инсенти, практично кои што ги даваат за формирање на семјства за многу детни семејства, за раѓање на дечиња итн., итн. Тоа е она кое што сакам да го зборувам и секогаш тоа го зборувам и покрај сиот ризик да бидам прогласен како човек кои што ги гледа работите конзервативно. За бадијала ние правиме градинки, училишта, градиме булевари, пруга утре итн., ако нема кој да ја користи празни ни се селата. Мислам тоа е стара вест, еве и градовите веќе ни се празнат. Тоа што се селата празни тоа е веќе стара вест. Без разлика дали се движите по Западна, по Источна Македонија, по Централана секаде е иста сликата. Секаде е иста сликата, буквално спуштени ролетни. Зимно време ако појдете по селата, без разлика каде, дали по Исток или по Запад ќе видите дека не димат оџаците нема луѓе, иселени се. Училиштата се дали со една дали со две дали со три дечиња. И сега има блескава идеја да ги правиме училиштата, домови за палијативна нега и старачки домови. Од прилика тоа е вака концептот. И само да кажам, нема да останеме празна змеја, овдека нема да биде ноу мен ленд, ќе насели некој, но сосема со некоја друга култура, друга цивилизација итн. сосема различен тип на луѓе ќе ја населат оваа територија. Можеби ние тоа нема да го доживееме нашата генерација, ние имаме некаков бафер од минатото. Еве можеме во наредните 15, 20, 25 години да имаме некаков бафер. Но, тие за 25 години кога ќе застанат на оваа говорница ќе не критикуваат зошто сме граделе училишта, градинки, театри, улици, патишта итн. ќе не критикуваат зошто не сме инвестирале во нешто друго. Односно јас не знам во што затоа што треба да се инвестира во срцето и во умот. Тие се двата параметри за демографијата. Секој кои што ќе ми каже треба пари, треба ова, треба она. Не е така. Треба да сакаш и да мислиш. Затоа велам треба срцето и умот да сака. За жал старосната граница се поткачи на формирање на семејство. Со тоа има и некој лични моменти, не може на поткачена старосна граница да бидеме исто сертилно активни како 18, 20, 25 години и на 40, 45 биолошки е тоа не вомзожно. Тоа е невозможно. И така чекор по чекор се губи нацијата. Тоа што некој со крв го платил и со глава и зо живот за да создаде држава. Денска ние го губиме едноставно. И тогаш семејствата биле по 7, 8 и повеќе деца. Податок имаше најголемиот дел од нашите војводи и дејци и основачи на Македонската држава биле дали 5, дали 6, дали 7 дете. Ако тие одлучиле до , 4 дете, можеби немало да се роди некој Никола Карев или Гоце Делчев. Мислам колку и да биде брутално ова што го зборувам колку и да бидам јас повторно прогласен за не знам каков јас ќе го зборувам ова. затоа што силно верувам дека ако имаме рецесија за три години на формирани семејства, односно формирани брачни заедници од 30% треба да запалиме црвената сијалица и да видиме што е проблемот. И да разговараме за тоа. Да видиме што е проблемот, дали можеби е до нас проблемот. Станавме себични. Треба да видиме и да размислуваме и за тоа. Не сакам да ги гледам работите црно, бело. Но, мора да ги гледаме работите црно, бело. Ако вака продолжиме јас ви гарантирам дека сите оние кои што се обидувале да ја освојат оваа територија со војска, сите оние кои што ја делеле парче и слично и не успеале. Со оваа чума црна ќе успеат. Ќе успеат, ние денеска еве немаме работници. Ние денеска сме супер добри производители на одлични правници економисти, инженери кои што се добри конобари по некакви ресторани во Западна Европа, Америка, Австралија. Факт е тоа, ретко кој таму работи по професија или успева, факт е тоа. Кој сака нека ми каже дека не е така. Не се слагам. И тоа ми го кажуваат луѓе кои што доаѓаат кај мене и велат ако не добијам работа да бидам карикирам глумец ќе одам надвор и ќе бидам, ќе работам во некој ресторан во некој хотел. И ќе се обидувам да се протнам преку аудиција која и се упали среќата и ако ми се овозможи прилика да работам по професија. Тоа свесно го прават. Неколкумина доктори, не се неколку десетици изминативе месеци ми пристапија кои што се враќаат. Вели разочаран отидов по разочаран се враќам. Но животот поминува таму. И кога ќе се завртите во еден момент кога ќе го погледнете огледалото сте останале сами. А кога ќе останете сами тоа е проблемот. Затоа јас многу сакам да зборувам на оваа тема и многу ќе зборуваме од следната година на оваа тема. Но, ми вети министерката за образование дека поим за семејство во прво одделение нема да биде повеќе јас, мама и тато. Туку ќе биде јас, мама и тато, дада и бато. И да почнеме уште од најмали да размислуваме дека тоа мора да се случи. Благодарам.