Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Филипче побара декласификација на материјалите поврзани со наводното следење

Резиме

На 68-та седница, Венко Филипче го праша премиерот зошто не дозволува декласификација на материјалите поврзани со наводното следење, со заштита на идентитетот на лицата. Побара да се утврди дали имало злоупотреба и прекршување на законот.

Премиерот одговори дека за класификацијата одлучуваат други институции, а не тој. Рече дека Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање доставиле материјали до обвинителството и повика да се почека неговото постапување. Тој тврдеше дека во службите имало луѓе што се занимавале со опозицијата и дека биле составувани невистинити белешки.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Венко Филипче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Венко Филипче, поставено на 68-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 септември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Имам едно прашање за премиерот Мицковски, а се однесува на ова сега актуелна афера со Агенцијата за национална безбедност која ја бранува јавноста изминатите денови и сметам дека е многу битна да се расчисти за да не се фрла прво дамка врз вработените професионалци во Агенцијата за национална безбедност кои што во изминатиот период никој не ги спомнува, некако тие луѓе врвни професионалци се ставени на страна, а најмногу поради тоа да знаеме дали имало или немало некаква злоупотреба во работата во Агенцијата за национална безбедност во минатото. Имено, премиере оваа цела приказна почна со вашите најави пред повеќе месеци тука на говорница дека имате индиции дека сте биле следени и физички и со дронови и вие и членови на вашето семејство. Во меѓувреме поставениот директор со сите скандали, со сертификатите, со начинот на кој што според кажувањето на вработените се однесува во Агенцијата размислување согласно партиска припадност, мобинг на вработени за кои што имаме информации дека во некое сценарио и многу лошо завршил. Вие вчера, сега изјавувате дека не сте биле пратен директно, туку индиректно и сега се отвораат многу прашања. Првото е дали имало злоупотреба и дали сте биле пратен како лидер на партијата тогашна опозиција. Понатаму се отвара прашањето дали биле пратени некои други луѓе или групации со кои што вие тогаш сте комуницирале. Дали тие луѓе или групации биле пратени законски или незаконски, дали се надминале службените овластувања или не. Дополнително сметам дека е сосема несоодветно во текот на вчерашниот, претходниот ден да не им се дозволи на пратениците чија што законска улога и обврска и можност да имаат надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност тоа да не го направат со изговор дека има започната предистражна постапка во јавното обвинителство, имајќи предвид дека тоа се луѓе со сертификати соодветни и може да имаат таков увид, впрочем тоа им е уставна нивна задача и работа. Не треба да се меша никако и законодавната и судската власт. Така да имајќи ги предвид сите овие работи, имајќи предвид како беше во минатото злоупотребувана службата, прислушкувањето итн. сметам дека е од исклучително голем јавен интерес оваа за сега афера точно и детално да се расчисти. И во таа смислам согласно 21 од Законот за следење, за пратење на комуникациите се што се смета, секој материјал кој што се смета дека е злоупотреба или има криминал практично не може да биде класифициран и затоа сакам да ве прашам сега и тоа е моето директно прашање. Зошто не дозволите декласификација на сите тие материјали, нормално со заштитување на идентитетот на сите луѓе чиј идентитет треба да се заштити за да јавноста конечно знае, имало ли злоупотреба или немало, дали некој го прекршил законот или не. Треба ли некој да одговара или не треба поради тоа што да се користи ваква сериозна тема, оваа сериозна област националната безбедност за некакво меѓу партиско препукување посебно пред изборно сметам дека е целосно несоодветно.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Венко Филипче, поставено на 68-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 12 септември 2025 година Се мислам дали да одговорам на еден или на друг начин, но во суштина ќе ви кажам дека повторно некој ве носи во длабоко. Не знам зошто го дозволувате ова во континуитет, сепак сте претседател на сеуште најголемата опозициска партија и не ми е сеуште јасно зошто дозволувате континуирано некој во длабоко да ве носи. Што мислите вие дека јас ќе излезам овдека од егзибионистички причини и ќе кажам дека некој тоа го правел, па за да добијам внимание, да дефокусирам тема. Еве ќе видите со тек на време ако обвинителството си ја сврши обвинителството, си ја сврши работата како што треба да си ја заврши работата како што треба ќе видите како биле следени, кои биле следени, во двете служби, кој ги пишува оние писма до медиумите, зошто ги пишува тие писма до медиумите, кои се мотивите за сето тоа. Еве ќе видите вие. Јас не сум тој кој што дозволува да се класифицира или да не се класифицира господине Филипче има други институции кои што тоа го прават, не јас. Јас само го коментирам тоа што го кажуваат во јавноста и нормално е како претседател на Владата да добивам извештаи од страна на тие институции, нормално е од безбедносните агенции и нормално е да знам што пишува внатре, бидејќи сум носител на сертификат за највисока државна тајна. Тоа што се случувало не е од сега, тоа било во континуитет години наназад и во едната и во другата служба. И во едната и во друга служба за жал имало луѓе кои што се занимавале со опозицијата. Некои други пак креирале вештачки белешки за да некои луѓе завршуваат во притвори, невистинити белешки итн. вие праќате тие луѓе по светот да бидат аташеа итн. Јас нема да навлегувам во деталите, претпоставувам обвинителството, но ист обвинител кој што вие не дозволивте овдека да биде сменет бидејќи е изгласан од мнозинството на Демократската унија за демократија и СДСМ, претпоставувам ќе се однесува јавно обвинителски во интерес на правдата, во интерес на вистината и ќе дозволи декласификација или пак не знам што веќе таму по правните правила е на ред да го направи тоа и да излезе. Така да најмал проблем е што јас сум бил покриван и физички и било како. Членови на вашата Влада биле покривани, новинари биле покривани, бизнисмени биле покривани и не знам дали знаел тогашниот премиер тогашен позади вас што седи дали дека тоа е правено. Тоа е суштината, но тоа е периодот кога тој бил премиер. Пред него друг некој бил премиер и не знам дури и тој дали знаел дека тоа било случај. Еве, оставете ме мене, еве јас сум ви бил политички противник, решил некој таму да си заигра малку повеќе, во ред, разбирам, нема проблем. Во самата ваша Влада има луѓе што биле покривани. Тоа е поголемиот проблем за мене. Затоа ви вела, повторно ве носат во длабоко, оставете ја таа работа. Дајте да зборувам за други теми, имаат граѓаните многу поважни теми за кои што ќе зборуваме. Еве има обвинителства и Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност доставија до обвинителството тоа што имаа да достават. Да почекаме обвинителството да се произнесе и да видиме како ќе биде понатаму. Имаме ние многу поважни работи од сето ова. Инаку, мало интермецо. Мандатот како Влада го почнавте со скандал за прислушување. Тогашниот министер за внатрешни работи излезе со скандал за прислушкување, односно биле прислушкувани обвинители и судии во Основниот суд Скопје. Никој ништо не знае каде се тие материјали, 15 месеци се трудиме да пронајдеме, ги нема. Повторно еден ден некој ќе се заигра како што се заигруваше еден претходен претседател на СДСМ и ги објавуваше во јавност приватните разговори. Повторно некој пак ќе се заигра. Лош пример оставаме за граѓаните и лош пример оставаме за јавноста. Затоа ве молам да зборуваме за теми кои што се навистина добри за граѓаните, а не за ситни политички поени. Да го оставиме обвинителството да го реши овој случај.

Сите пратенички прашања