Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Апасиев го праша Мицкоски дали ќе поднесе оставка поради наводите за „Рубикон“

Резиме

Пратеникот Димитар Апасиев го праша премиерот Христијан Мицкоски дали ќе поднесе оставка, повикувајќи се на негова претходна изјава дека би го сторил тоа ако се докаже поврзаност на агенција за обезбедување со ВМРО-ДПМНЕ. Апасиев тврдеше дека агенцијата „Рубикон“, за која рече дека го обезбедувала објектот во Кочани, е поврзана со партијата, и го обвини Мицкоски за лажење на јавноста и обид за попречување на правдата.

Мицкоски ги нарече наводите на Апасиев лаги, невистини и клевети, но не се осврна директно на тврдењата за „Рубикон“ и не одговори дали ќе поднесе оставка. Наместо тоа, изнесе контраобвинувања, повикувајќи се на документи што, според него, ги доставиле свиркачи, за купување недвижност и парични трансакции од сметката на Левица.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Димитар Апасиев

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Димитар Апасиев, поставено на 68-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 септември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитувана македонска јавност, почитуван северномакедонски премиер, гледам дека ви е денот денска, сте во елемент, па јас како познат партибрејкер ќе се обидам да ви го расипам. Нема да ве прашувам за прислушкувањето, за тоа како за време на францускиот предлог, протестите, се јавувавте да ни кажете дека заедно сме прислушкувани, ама сега јас магично исчезнав од тој список на прислушкувани лица, нема да ве прашувам за загадениот воздух надвор, бидејќи решивте дека не сме скандинавска држава па не можеме да го решиме, нема да ве прашувам за минималната плата со која што луѓето едвај преживуваат затоа што рековте да се договорат синдикатите и стопанските комори и тоа е исто како да речете мачката и глушецот да се договорат, нема да прашам за инфлацијата, бидејќи оставивте газдите на маркетите да шпекулираат со цените и секоја илјадарка да вреди се помалце и помалце, нема да ве прашам за овие работи, бидејќи сте политичар на статус сквото. Вие ги прифаќате како реалност, едно сте во позиција, друго на власт, ќе ве прашам за она што ќе ви биде црна дамка до крајот на животот како политичар, а тоа е она што не можевте да го избришете и покрај сите ваши ботови и покрај сите ваши манипулации, а тоа е да катастрофата во Кочани, за оној скандал и за вашата, кога велам вашата не мислам лично на вас, иако од прашањето и од тоа како ќе го поставам ќе видиме дека има индиции, не велам лично за вас како личност, туку на вашата вмровска гарнитура. Значи ќе започнам со една ваша изјава дадена во март неколку дена после катастрофата во Кочани во која што загинаа 63 луѓе, 250 се повредени, од европски, па и од светски размери катастрофа, директна последица на корупција, што сдесовска, што вмровска, кога новинарите исчепкаа и видоа дека Агенцијата за обезбедување Рубикон е апла вмровска агенција и кога една новинарка, чинам дека од Алџезира, ви го постави прашањето, вие одговоривте вака, ќе ве цитирам: „Отфрлам дека било која агенција за обезбедување има врска со ВМРО ДПМНЕ. Отфрлам! И тоа најостро го демантирам и ве молам да не растураме пердуви во јавноста во ваков тип констатации кои што се тотално невистинити. Еве, јас тврдам, значи вие тврдите со сета ваша кралска величина, со сета своја морална, фактичка, кривична одговорност дека не постои агенција за обезбедување која има некаква врска со ВМРО ДПМНЕ, партијата на која што сум јас претседател. Ако ми дадете еден доказ, јас утре ќе поднесам оставка. Ако не да се извините.“ Затворен цитат. Ова вие го изјавивте одговарајќи на нормално новинарско прашање. Ајде сега малце да истражиме која е оваа агенција што ја обезбедуваше диско шталата во Кочани. Основана е 2022 година непосредно после вашата победа на локалните избори претходната година. Основана е како ВМРО една паравојска со цел да ја замени СДС на Мијалков со кој што божемски се скаравте и веднаш после локалните избори е направена за да ги добива тие тендери кои што претходно ги добиваше оваа другава. Значи да биде појасно за јавноста, секоја голема партија си има сопствена паравојска со Законот за приватно обезбедување, каде што се приватизираше безбедноста и наместо да не штити полицијата, нас не штитат овие битанги од паравојските партиски. Оваа агенција има четири подружници, во Скопје, во Кочани, во Струмица и во Кичево и веднаш после вашата победа минатата 2024 година почнува да и цвета бизнисот. Мрежа на тезги, бизниси, под маса, над маса, врз маса, во Пробиштип, во Штип, во Кочани, во Скопје, во Струмица.

Рекетот фрчи, провизиите веројатно на сметка што кај вас, што кај вашите партиски битанги. Почнуваат средни школи, дискотеки, основни школи. Еве ги, Корчагин 20 илјади евра, „Марија Кири Скодовска“ исри, „Кочо Рацин“ 12 илјади евра, „Димитар Влахов“ средно „Ѓорѓи Димитров“ по десетина, дванаесет и сега овој што ви бил пајташов таму. Што го пуштивте низ вода, Александар Нацев, го основа, професор џанам, го основа овој Центар за секјурити ресрч за безбедносно истражување и уште еден основа зад бреин вошинг на вашите млади конзервативци, Институт за конзервативни политики. Како му се вика? „Сариса“. Значи, овие две се многу симптоматични бидејќи тие делуваат како интелектуала демек невладини. Седиштето е со иста адреса со фирмава во Кисела Вода на улица „Христо Татарчев“ а на другава е на подружница со „Рудикон“ во центар на улица „Пиринска“. Сопственик на хартија е Јане Јанчески, еве слики секаде од вмровци. Еве лидерство, вашето лидерство најважно било. Еве со овој ректоров што на пола партија им обезбедивте дипломи и на овој во АНБ што не следи сега. Еве го и со вас. Еве го овој , Јане Јанчески. Не го знам човекот вие подобро веројатно го знаете, бидејќи имате слики со него. Е, сега овој институтов вистински сопственик Обвинителството тврди не јас дека на овие сите вистински сопственик е Александар Нацев. За овој Александар Нацев еве што ќе изјавите неколку месеци подоцна, во јуни. Александар Нацев бил дел од Владата на ВМРО - ДПМНЕ до 2016 година и 2017 година, обавувал некаква функција во тој период и тоа е последното нешто што го познавам и го поврзувам со Александар Нацев. Вие ова сте го изјавиле во, ајде да видиме за овој Александар Нацев. Тоа е уан а биг кандидат ваш за градоначалник во Пробиштип од таму бил човекот. Професор е, проректор за настава на Европски универзитет на истиот универзитет Латас каде што докторираше, на покојни Бојо Андрески и извисил не сте го кандидирале веројатно не сте се договориле за тендерите и тој ви бил вој истиов за кој што вие викате: Не го знам човеков. Бил делегат на 16тиот вмровски валандовски конгрес 2017 година. На кој што вие сте избран за лидер односно како октроиран тогашен од страна на Груевски бидејќи вие бевте анонимус во вашата сопствена партија. Значи, овој човек за кој што вие викате дека не го знаете, и тој ве гласал да бидете сега тоа што сте, лидер на ВМРО - ДПМНЕ. Следно, тој бил директор на Дирекција за класифицирани информации од 2015 година до 2017 година и има заработено кривична пријава во 2019 година за злоупотреба на службена положба. Штета на Буџет околу 30 илјади евра направил и еве го човекот си плаќал кафани и хотели за приватни патувања, два рачни часовника, ова ви е слабост. Значи, си купил со службена картица часовници, очила за сонце си купил типот. Еј, каков кат, очила за сонце, парфем, чевли, капут, панталони и џемпер. Да му се, така му текнало и протеински капсули и спортски патики. Да не вежбавте заедно по тоа терените таму и гориво си точел во приватна кола со службена картица. Е, за ова има вашиов кадар заработено кривична пријава. Еве го на сите ваши трибини. Со Иванка Додовска, со овој Лазар Јовевски од „Јус Тијана“ го прима, еве го ваму на лидер, овој од Будимпешта што ви ги пере парите, еве ги со овие подзаспаниве од заспи ако можеш, овој од кабинетов Момировски и оној Милосавлевиќ. Еве го со Бојанче пратеников, еве го тука на некои протести. Значи, овој така, така случајно он се шетал низ вмровски, еве го тука со Наќе Чулев вашиот министер за култура. Еве го оваа од тетовско – гостиварска рентиерка со 6, 7 стана. Со потпретседателот, со Кендов, со сите. Еве го со Ковачки, еве го, еве го со Ковачки сликан, со сите, еве со гувернаторката, со гувернаторката мора, тука, со американската. Еве го со потпретседателот, ене го со овој од кисел и на крај капак со вас. Како вака испадна работава, со ова, со овој Александар кој што вие не го знаете, не го познавате. Сте се виделе од телевизија нешто така и сега мене прашањево што ми е. Нема да ве прашувам за тендерите, за рекетот, тоа ви е слабост, тоа вие сте специјалец за тоа. Ќе ве прашам. Дали господин Мицкоски, после вакви докази ќе си поднесете оставка од функцијата бидејќи самиот тоа го кажавте. Покажете и докази па јас утре велите ќе си поставам оставка. Дали утре ќе си поднесете или нема затоа што, ова е класично лажење на јавноста и обид за попречување на правдата. Ја доведувате во заблуда, да ве потсетам. Импичментот во американското уставно право е измислен токму не за криминали туку токму за лажење на јавноста. Тоа што вие го правите малтене на секоја прес конференција. Ви благодарам премиере.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Димитар Апасиев, поставено на 68-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 12 септември 2025 година Благодарам до вас, пратеникот Апасиев или вона би ВМРО ама за жал го исклоцаа во Велес па мораше да се придружи на Ленка па сега се уште му стои фрустрацијата од вона би ВМРО. Па, излегува на говорница и стандардно си се служи со лаги, со невистини, клевети и во ред. Јас имам слики и со вас господине Апасиев, може требаше и тие да ги објавите. Да, да, да. Но, се надевам дека ќе бидете коректни еден ден ќе ги објавите и тие сликички. Е, сега кога сме кај вистината господине Апасиев, и кога љубите да покажувате на говорница би сакал да ја задржам и таа традиција за да има континуитет оваа наша полу дебата. Па, сега на пример два, три документа кои што ги доставија свиркачи до нас од кај вас, за волја на вистината. За да знае македонската јавност за што станува збор. Шести октомври 2024 година, одлука за подигање на кредит и купување на недвижен имот од Уни банка. Фала ви на сите што дојдовме, стигнавме до ниво до кое што можевме да го сонуваме а тоа е да купиме недвижност. Најдовме таква недвижност што ни одговара во сите перформанси. Јас во тимот за преговори плус Зоки од центар за внатрепартиска безбедност, Маријан од финансии, Токарев од правен и Даре од ИТ. Перманентно веќе два, три месеци наназад водиме преговори со Уни банка имотна позната адвокатска улица односно бивши хотел „Опера Хаус“. Би ве замолил да не споделуваме дур не стане неофицијално. Недвижноста има 4 нивоа минус две го планирам минус два нивото го планираме за реткасти студио, па прес центар, па минус еден конгресна сала за 50, 60 луѓе. На нула, на приземје кафиќ и т.н. Евтино џабрлк го земавме, 900 евра по квадрат, вин, вин ситуација. Таман излезе објектот, банката не сака да го објавува мислејќи дека ќе и наштети на репутацијата од 280 илјади евра на 250 плус ДДВ и т.н. а демантиравте дека имате вие врска со ова еднашка кога ја отворив оваа тема и тогаш велевте: Не е тоа така, ова е скромно местенце. Толку квадрати, волку квадрати и т.н. а овдека гледам дека сте полн со себе па јавноста веќе се обидувате да шпекулирате и да лажете, требате да и дадете и одговор. Кога бевте Димитар Апасиев кога ја зборуваше вистината тогаш или кога е излезен овој записник пред вашите од централниот комитет. А, кога сме за злоупотребите во Левица исто така, свиркач достави до нас, еве погледајте, погледајте, немојте во телефонот, погледајте список на трансакции. Список на трансакции. Вели, неколку ќе прочитам. Димитар Апасиев на 09.12.2022 година 15 илјади 167 инаку тука има стотици трансакции префрлани од политичката партија Левица на вашата трансакциска сметка. Да речеме Димитар Апасиев, на 14 април 2022 година, 28 илјади денари бруто, нето 25.480,00 денари. Димитар Апасиев, 12.07.2022 година 30.333,00 денари и т.н. еве ги сите трансакции. Како е молзете и како ја цицате Левица односно парите кои што граѓаните ги уплаќаат во Буџетот. Еве овдека свиркач ги достави, па вие треба господине Апасиев да одговорите дали е ова точно или не е. Но, она што мене повеќе ме загрижува е вашиот пак кандидат за градоначалник на град Скопје кој што требаше да даде оставка кога ќе стане кандидат нели, бидејќи сте вие од збор, држите до зборот Амар Мециновиќ кој што еве на пример на 17 август 2022 година 30.909,00 денари. Потоа на 4 јули 2025 година 78 илјади 611 денари префрлено а Левица на негово име. Потоа на 26 април 2024 година 136 илјади 667 денари и т.н. и вие зборувате потоа за патни трошоци, вие зборувате за ова или за она. Господине Апасиев, ова е само почеток. За жал ваша а за среќа на граѓаните има патриоти, луѓе кои што си ја љубат оваа држава и преку глава им е од вакви манипуланти, измамници како што сте вие...

Сите пратенички прашања