Најважно
351 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тренчевска праша за минимална плата од 500 евра и укинување на ДДВ за храна

Резиме

Јована Тренчевска праша дали ќе бидат прифатени предлозите на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата за минимална плата од 500 евра и укинување на ДДВ за прехранбените производи.

Министерството за економија и труд одговори дека минималната плата се утврдува според формула што ги зема предвид 50% од зголемувањето на претходната плата и зголемувањето на трошоците за живот во претходната година. Според институцијата, ад хок зголемување без економска поткрепа и анализа може да ги оптовари малите и средните претпријатија, да доведе до отпуштања и повторно да ги зголеми цените. Одговорот наведува мерки за цените и податоци за инфлацијата, но не дава конкретен став за предлогот за ДДВ.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јованка Тренчевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јована Тренчевска, поставено на 68-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 септември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: И дали сега конечно ќе ги прифатите предлозите на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Коалицијата за зголемување на минималната плата на 500 евра и укинување на ДДВ за прехранбените производи.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за економија и труд

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Јована Тренчевска, поставено на 68-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 12 септември 2025 година Почитувани граѓани, претставници на медиумите, почитувани пратеници. Ви благодарам за прашањето. Уште еднаш како и минатите месеци, овој месец прашањето и критиките се исти, но не знам дали ги земате тие информации. Фактите кои ги имаме ние денеска од релевантните институции го кажуваат спротивното. Според нашите информации во август 2025-та инфлацијата била 4,4% годишно, 4,1 значи во цените на малопродажба и имаме мало зголемување од 0,2%. Енормно зголемување на цените сме постигнале со мерките кои ги имаме да ги стабилизираме. Сакам да ве потсетам, во времето кога вие бевте на власт во 2022-ра година инфлацијата беше 14,2%, во 2023-та беше 9,4%, значи ова се цифри кои сериозно му отежнуваа на семејниот буџет на граѓаните, додека денес во 2025-та и овој месец за кои зборуваме инфлацијата е преполовена и е стабилна. И тогаш имаше војна, значи тогаш 5имаше војна помеѓу Русија и Украина, но и сега има конфликти во овие места. Ова не е случајност, е резултат на конкретните чекори кои сме ги презеле како власт со цени кои се уредени и каде е најнеопходно да им излеземе во пресрет на семејствата. Повторно за оваа учебна година имаме мерка која е активна, значи ја обезбедивме семејната кошница, секое семејство да заштеди од 2 илјади до 3 илјади денари. Најголемиот притисок кој произлегува за прехранбените производи е од претходната власт, значи домашното производство го намали и делеше субвенции во непотребни места и без стратегија. Исто така имаме и прехранбени производи кои се на берза, светска берза и како Влада таму не можеме да влијаеме. Сите претпоставки дека министерството не прави ништо се неосновани, напротив сме покажале одговорност, сме спровеле политики кои носат стабилност на цените, стабилност, извинете сме донеле резултати не влијаејќи и на пазарот кои функционира. Во врска со минималната плата, Предлог закон за изменување на минималната плата кое вие сте го предложиле, атхок да се зголеми на 30 илјади денари првично имама една формула како се одредува минималната плата, 50% од зголемување на претходната плата и зголемување на трошокот за животот претходната година. Овој механизам е во склад со синдикатите, работниците кој е практика и во Европа и кај нас, ги штити работниците, ги обезбедува интересите и реалните капацитети на домашната економија и јас ќе ви дадам еден факт. Ако ги споредиме искуствата од Еуростат нашата земја, значи во нашата земја минималната плата е на средина на Европа. На крај, значи најмала минимална плата има Албанија, Србија и Бугарија, ние сме зад Хрватска, Словенија и Полска. Јасно укажува дека ова е факт и овој аргумент покажува јасно дека минималната плата се одредува од економскиот развој, зголемување на продуктивноста и нивото на трошок на живот, атхок предлог без поткрепа, економска поткрепа и без да се зголеми, да се направи анализа, ќе направи директен притисок кај малите и средни претпријатија кои се столб на економијата и како последица на ова ќе произлезе, значи ќе се отстранат, ќе се напуштат многу работници и повторно ќе имаме инфлација и зголемување на цените кои ќе влијаат во социјалните случаи или сиромашните семејства.

Сите пратенички прашања