Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Хасани праша до каде е подготовката на Законот за правична застапеност

Резиме

Пратеникот Илир Хасани го праша вицепремиерот Арбен Фетаи до каде е подготовката на Законот за правична застапеност. Хасани рече дека отстранувањето на балансерот, според него, довело до „масакр“ на правичната застапеност и ја критикуваше Владата за неисполнети ветувања и односот кон Албанците и нивната застапеност.

Фетаи одговори дека Законот за правична и еднаква застапеност е финализиран. Тој ги оспори критиките на Хасани и изнесе обвинувања за претходното владеење на ДУИ.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Илир Хасани

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Илир Хасани, поставено на 68-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 септември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Денес поставувам едно прашање, фактички е продолжување на прашањата кои ги поставуваме. Господин Фетаи заменик претседател на Владата за добри политики и владеење. Додека го научив ова ми требаше време, ве прашав пред некое време, што беше со застапеноста на Албанците после отстранување, односно тргање на балансерот. Ми одговоривте ДУИ е лоша, нема полоша од ДУИ. Значи да сметаме дека ДУИ била лоша, но тоа што настанува пред нашите очи оваа една и пол година, значи ова е еден масакр на правичната застапеност. Почнав, значи да ги евидентирам да ги запишам во различни институции 10-0, 10-1, 10-50, 10 и сакав да имам една евиденција и нема можност да држиме една евиденција бидејќи се што се множи со 0 или се дели со 0, значи во математиката на крај е 0. Апсолутните бројки немаат вредност кога се множат или се делат со 0. Дали сте свесни правичната застапеност е уставна категорија, дали сте свесни за ова или не сте се свени, дали знаете дека ова што го правите е во спротивност со Уставот. Правичната застапеност значи се брише, Фактички јас знам, дека, значи вас не ве интересира ни Уставот и на за почитување, нас законите да не зборуваме и за албанскиот јазик и за правичната застапеност на Албанците. Не знам дали можете да се потсетите кога ја покренав интерпелацијата према едно лице кое значи ни го брише јазикот, почитувани колеги, вашата партија значи крена рака и беа против значи, поткрепија еден друг колега кои кажа да ја тргнеме интерпелацијата према Дарко, значи ова е бесмислено и против уставно, отстранување на една уставна категорија интерпелација од дневниот ред. Но повторно ќе кажам, вас не ве интересира демократијата, не ве интересира ни парламентаризмот, не ве интересира ни Уставот, ни државата. И да не зборуваме за Албанците и да не зборуваме за јазикот и да не зборуваме за правичната застапеност. Моето конкретно прашање е, Законот за правичната застапеност до каде е, до каде сте стигнале, но овој пат значи без лаги, без далавери, бидејќи колку што зборувате, значи колку пати зборувате за нешто, како самите да се демантирате. Не треба никој, значи да ви го каже ова фијаско кое го имате во оваа власт. Се трудите со интриги, со манипулации, со лаги да го манипулирате нашиот народ. По вас според сите обвинувања кои ги правите према ДУИ, каде се гледаш ти по изборите, по резултатите од изборите. Не само ти, но и целата твоја партија. После овие резултати, значи повеќе кажувам не ги гледаме воопшто и значи дајте ми една причина зошто ниетот, зошто нашиот народ проба тебе да ти верува ти да ги претставуваш нив и ти да се грижиш за нив кога ти кога не се грижиш за себе и тоа што го кажуваш. Навистина не се грижиш, значи устата полна со зборови и ниту еден збор не сте го одржале значи имавте време да реализирате една и пол година, ништо не реализиравте. Милиони зборови кажани, нула реализација, ги оставивте граѓаните ни на небо ни на земја, Албанците ни на небо, ни на земја, значи ни на село ни во град и значи ветивте 10 илјади евра за секое лице, значи кажавте за албанската академија, ништо не се реализираше од ова. Значи имам впечаток како да правите трки кои повеќе обеќава и кој повеќе сака да каже. Зошто твојот народ да ти верува и ти мислиш дека ВМРО тебе ќе ти ги повери изборите и значи добро е да си искрен и да ни кажеш каков договор имаме, со договор и колку донации ќе ги прифатите од Србија за да се изградат училишта или од некоја друга причина. Значи кажавте негде за жал имаме полоша и по дискредитирана опозиција на Балканот. Не Арбен за жал значи ти кажувам имаме една партија која е на власт, е во позиција и е без дигнитет и е значи без општа никаква сила да има. Додека ДУИ тука, значи не само да седи, туку е да му излезе на помош на народот за да им го обели образот на Албанците тука во Северна Македонија. Ние денеска како никогаш досега значи кажува дека се ветувања, лажни ветувања и како никогаш досега манипулирани и значи на сите ни има здосадно од вашата политика. Или стегнете се или барајте од вашиот коалициски партнерот од ВМРО тоа што треба или оставете ја оваа работа, и младината верува дека никогаш нема да го прифати вашиот разговор, значи навредувачки со булинг, тој твој аки, факи ќе го видиш во октомври.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Арбен Фетаи

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Илир Хасани, поставено на 68-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 12 септември 2025 година Пратеникот Хасани значи продолжува со темата за правичната и еднаквата застапеност и јас му се заблагодарувам за неговите интереси, неговиот придонес во развој на парламентарната дебата. Значи почитуван пратеник, јас имам почит према вас, веќе не знам, многу од зборовите не ги мислите многу, имате скроз подруг пристап од ова што го кажавте во оваа говорница, ние добро знаеме дека сме во предизборен период и дека вие сте во голема мака. Како што ние ги гледаме сомнежите и вие ги гледате, значи знаете какво цунами ве чека во сите општини со мнозинство албанско население. Знаеме дека не сме амбиентирани значи со вашата улога во опозиција за 15 месеци колку сте тука во ова, значи до Левица горе, не сме виделе ние ништо конкретно од страна на вашата коалиција. За името на вашата коалиција господин Хасани, мене ми жал ако вие лично сте навредени, но името не сме ви го избрале ние, името сте го избрале вие и ви требаше неколку недели да се сложите и како да ја именувате таа коалиција, зборувавте за ФРОНТ, зборувавте за Алијанси, за на крај мислам дека сте нашле акроним, но за акронимите кои ги потенциравте тука значи не сум ви кажал јас, туку вашите претставници и треба да барате одговорност од нив. За тој речник ако го поврзете со некој збор со англискиот јазик кое не беше моја тенденција никогаш. Значи вас ве боли, ве боли бидејќи сте изгубиле привилегии, научени бевте да имате добри плати на власт, да злоупотребувате со јавните фондови како нова Влада. Значи се зборуваше многу сме нашле со милиони во енергетика, господин Асани вашите колеги и тој што избега таму во албанските места со ставање на американската листа, наместо да купува ќумур за термоелектраните, тој истиот купувал земја. Значи на таа земја треба да му се фрли бензин за да гори и цената за ова го плаќале граѓаните, граѓаните го платиле двојно и во однос со злоупотреба на државниот буџет, но и директно нивниот џеб, бидејќи се удвоени или три пати се зголемиле цените на електричната енергија. Затоа тој вашиот колега, значи избега бидејќи знае дека не може да го заштити ниту еден суд. Да навлеземе во Лотарија или на вашата неспособност како сте купувале имот како Соравија и различни имоти кои секој од вас, значи во многу сектори особено во енергетиката секој од вас сте ги правеле од позиција на власт, не од приватниот сектор, додека од врвот на власта господине Асани. Зборувате за Албанците, јас ќе кажам дека Албанците се многу подобри во власта на ВЛЕН во текот на овие 15 месеци, додека беа во вашата коруптивна Влада за 22 години. Албанците во вашето време не можеа да најдат места во јавниот сектор, бидејќи тогаш тие или требаше да му плаќаат на вашите локални шерифи 5 илјади евра за едно работно место кој се продаваше или препродаваше во текот на годината или требаше да се изјаснат како други да излезат од самите себеси и да ги гледат, значи со граѓани од другите етнички заедници кои значи земаа работни места и ова се правеше со секоја институција со која вие раководевте. Албанците се многу подобро и на крајот имаме една власт која не дејствува врз основа на пазар, врз основа на интересот на една олигархија. Бујар Османи до каде оди иронијата, значи Бујар Османи кажал дека ВЛЕН работи за една олигархија која значи сака да го распарчи албанскиот фактор. Олигарси сте биле вие господин Асани кога сте биле на власт со Мијалков и Груевски, Законот за правична и еднаква застапеност е финализиран како што знаете во Собранието беше и Венецијанската комисија.

Сите пратенички прашања