Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Снопче праша за наводи за српско влијание и случајот со возилото на Селмани

Резиме

Пратеникот Халил Снопче го праша премиерот дали се согласува со оценките што ги припиша на четворица јавни личности и на извештај на Европската Унија за влијанието на „српскиот свет“ и што презема Владата против него. Снопче рече дека сè уште чека писмен одговор на претходно прашање за еколошката состојба во Коњари. Тој се осврна и на оштетувањето на возилото на новинарот Насер Селмани, наведувајќи дека Селмани изразил сомнеж за можен напад и дека ќе почека надлежните органи да постапат.

Премиерот повика Селмани, или Снопче доколку има повеќе информации, да го пријават случајот во полиција за да биде истражен. Рече дека, ако нема пријава и посочување на наводниот заканувач, случајот би го ставил во групата на „политички фолклор и обид за манипулација“. За наводите за „српскиот свет“ не даде директен одговор за нивната основаност или за мерки на Владата; наместо тоа, наведе дека неговата Влада не одржала седници за иницијативата „Отворен Балкан“, а одржала две меѓувладини седници со Владата на Косово.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Халил Снопче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 68-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 септември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Првично пред да го поставам првото прашање на премиерот Мицковски, имам една забелешка спрема премиерот Мицковски, премиерот на нашата држава кој се уште не ми одговорил на едно прашање во врска со екоцизмот или тоа во Коњари. Значи моето прашање како пратеник од опозицијата кога премиерот не беше присутен, тој ден го поставив усно и јас во рок од 30 дена треба да добијам одговор. Господин премиер се уште не сум добил одговор и чекам пишан одговор, писмен. Значи ова е едно прашање, катастрофално прашање во врска со еколошката ситуација, мислам дека сте заборавиле, значи има над три месеци можеби и сега да се вратам на прашањето спрема премиерот. Господин премиер пред 10 дена имаше едно оштетување спрема колата на новинарот Насер Селмани кој истовремено во минатото бил и претседател на Здружението на новинари на Македонија кој во една, значи на социјалните мрежи кажа дека има сомнеж кој може да го направи тој напад врз неговото возило, но надлежните органи да преземат мерки ќе почекал, значи претходно може некој него му се заканил или некој намерно сака да му ја затвори устата, да му испрати порака за работата, аргументите и тезите кои ги пласира. Значи ова на некој не му одговара, но колку што знам јас еднаш сум го слушнал случајно еден многу концизен новинар, никогаш не бил спектакуларен, аргументира за политичките случувања во земјата и надвор од земјата и нормално не е добро значи да му се заканува. Но мојата цел не е да поставам прашање во врска со ова, ако ќе му го поставев на министерот за внатрешни работи. Но зошто го истакнувам новинарот, бидејќи во неговите емисии во последните години значи имаше доста интересни гости и од различни политички провениенции, поранешни функционери на државата, почнувајќи од поранешниот премиер Љубчо Георгиевски кој се над 40 години и претставува симбол на вашата партија, поранешниот премиер на државата господинот Пендаровски кој бил и советник на Борис Трајковски, поранешен министер за внатрешни работи Фрчковски, поранешниот министер Петар Гошев и многу други. Но јас ќе ги истакнам овие 4 личности поради тоа што имаат многу информации. Нивните заеднички констатации со новинарот Насер Селмани значи 100% се сложува со тоа што се запишува во Извештајот на Европската Унија од Томас Вајс. Во врска со влијанието на српскиот свет во Македонија, ова е интересно господине премиер и тие констатираат едногласно дека Северна Македонија е и продолжува да е под целосна контрола на Србија, е нивна констатација, не го велам јас ова. И друга констатација најголем успех на Белград тие истакнуваат дека тие мислат дека инсталирале нивни структури во ВМРО ДПМНЕ. Не го велам јас ова, туку го велат тие и потоа во Извештајот на Европската Унија за прв пат се истакнува конкретно концептот српски свет и тоа значи во 7 пасуси се истакнуваат надворешните влијанија во нашата земја. Во првиот пасус господине се истакнуваат тенденциите во главно со помош на таблоидите и медиумите на српски јазик за рушење на општеството за тој да се користи како оружје против Европската Унија. Не го велам јас ова, ова е запишано во Извештајот на Европската Унија. Исто така во друг пасус се истакнува волјата против војната, против надворешните влијанија во медиумската област и во врска со дезинформациии кои се поврзани со актери кои се поврзани со Кина и Русија. Од оваа цел во главно се кажува дека се искористени српски медиуми со влијанија и кај нас. Значи да се пуштат вакви наративи спрема НАТО и Европската Унија исто така во Извештајот господин премиере во Извештајот на Европската Унија се истакнува сомнежот на Парламентот на Европската Унија, неколку претставници на Владата на Македонија промовира и го поткрепуваат концептот на српскиот свет. Неколку претставници на власта го поткрепуваат концептот на српскиот свет. ова не се мои констатации, се констатации на овие и јас ве прашувам господин премиер бидејќи е јасно дека имаме, во врска со европскиот Парламент подготвен од Томас Вајс овие 4 функционери кои се многу значајни во нашата држава и не можеме да речеме дека немаат информации. Прашањето е што мислите вие господин премиер дали се сложувате со овие констатации и ако да што презема Владата за да се попречи и преземање на конкретни мерки против овие влијанија

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче, поставено на 68-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 12 септември 2025 година Јас се познавам со господинот Насер Селмани лично и јас сум бил во неколку наврати гостин кај него во емисија кога имаше поинакви гледишта на реалноста од сега и убаво се сеќавам што разговаравме и како разговаравме, која беше темата, сосема различно од ова што денеска го артикулира во јавноста. Но тоа претпоставувам негов избор, не е мој избор. Но она што мене ме загрижува што вие го кажавте дека некој нему му се заканува и дека тој верува дека неговото возило е оштетено како резултат на тие закани, односно претпоставувам мислите дека некој му прави некаков политички притисок бидејќи во политичка конотација го кажавте тоа. Ако е тоа така еве јас веднаш го повикувам господинот Насер Селмани во првата станица или директно ако сака нека дојде кај мене во кабинет во Влада, заедно да одиме некаде и ова се да го пријавиме за да можат органите ова се да го истражат затоа што тоа е страшно ако тоа се случило и ако некој навистина некому му се заканува. Тоа е катастрофално и тоа не смее да се случува. Ако тоа не го стори и ако не го пријави, не го посочи заканувачот тогаш ова го ставам во групата на политички фолклор и обид за манипулација. Затоа го молам еве јавно и господинот Насер Селмани, а и вас го колку имате повеќе информации за овој случај веднаш да појдеме до првата полициска станица и ова да го пријавиме. Тоа не смее да се дозволи во 21 век во Македонија, држава која што е членка на НАТО и земја која што претендира да биде дел од европското семејство. Толку по тоа прашање, поврзано со српскиот свет. Ајде вака сега, оваа Влада е 15 месеци Влада, нема ниту една одржана седница, средба, трилатерална, или не знам каква која што ќе се однесува на Опен Балкан иницијативата, ниту една. Затоа пак оваа Влада има одржано две меѓу владини седници со Владата на Република Косово и ова не го кажувам за да кажам што сме направиле или како сме направиле, не го зборувам за тоа да го кажам, туку само да ви дадам пример дека не ја говорите вистината и жалам што повторно се обидувате да манипулирате на етничка основа. Навистина сум очекувал малку повеќе од вас од човек кој што е математичар. Ајде да одиме понатаму, кажете ми колку седници Владата претходна на СДСМ и ДУИ меѓу владини одржа со Владата на Србија. Вие ќе речете ама ние не бевме во таа Влада, тогаш во таа Влада беше ДУИ нашиот сегашен коалиционен партнер. Да, се сложувам, но бевте во оваа Влада една година, бевте во оваа Влада имавте свои претставници една година, заедно седевме на седници, заедно дискутиравме и ние кога велевме дека треба да се прекине и дека нашата единствена алтернатива е членство кон Европската Унија, од другата страна не наидовме на поинакви аргументи. Еве јас ви давам само два примера. Отворивме како Влада два брзи експресни брзи гранични премини со Република Косово. Први ги отворивме, да не чекаат луѓето, да не се малтретираат, нешто што не успеавте заедно со коалициониот партнер, оној краток период додека бевте во Владата на СДСМ и ДУИ, а вашиот коалиционен партнер 22 години во сите влади претходни. Е ние тоа правиме. Одбивам ова да зборам, мислам не ми е природно ова да го зборам затоа што сакам да градам добрососедски односи буквално со сите како претседател на Владата, од Грција, преку Албанија, Косово, Србија итн. нема да ве потсетувам дека независноста на Косово ја призна една друга Влада на ВМРО ДПМНЕ и можам вака да ви редам безброј примери и споредби, српски свет паралела и минатите влади и сега оваа Влада. Ајде да се зафатиме со фундаментални работи, суштински работи, да збориме зошто општина од Гостивар од 85 илјади жители е 59 сега. ајде да зборуваме како луѓето да ги вратиме дома. Јас сакам за тоа да зборам, за подобра општина, подобар живот, побогат живот, подобар стандард. Еве за тоа сакам да зборам.

Сите пратенички прашања