Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Николовски бараше објаснување за незатворениот повик за Мерка 3 од ИПАРД 3

Резиме

Пратеникот Љупчо Николовски праша зошто повикот за Мерка 3 од ИПАРД 3, објавен во април 2024 година, сè уште не бил затворен 18 месеци и пет дена подоцна. Тој тврдеше дека претходно слична постапка била завршувана за четири месеци и го поврза доцнењето со наводно чување предмети во фиока и корупциско однесување.

Заменик-министерот не одговори конкретно зошто доцни повикот за Мерка 3. Тој рече дека од 453 потпишани договори поврзани со ИПАРД 2021–2027, за 50 се врши проверка дали се поврзани со кривично дело. Додаде дека надлежните институции треба да ги спроведат проверките и дека Министерството е во редовен контакт со партнерите од Европската Унија.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Љупчо Николовски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Љупчо Николовски, поставено на 70-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитувани граѓани, почитуван претседател на Собранието, почитувани министри, почитувани колеги пратеници, почитуван заменик министер во Министерството за земјоделство, Македонија е во еден шок вој кој што за втор пат во време на ВМРО ДПМНЕ имаме суспендирана ИПАРД програма, суспендирани неповратни средства во време кога државата нагло се задолжува. И, наместо да има голема одговорност кон овој случај, министерот прво го криеше истиот, неколку денови, се додека не откривме што е она што е донесено како одлука за суспендирање, а денеска го нема и на дебатите на кои што требаше да се појави овие денови, но го нема и од собраниската седница од Парламентот каде што е избран и задолжително треба да присуствува. Ова уште повеќе го продлабочува скандалот и она што се случи и кое што по втор пат, кажав во 2011 за прв пат, па сега повторно во 2025 година. Постапката е неминовна дека ќе се случи на министерот, особено ова бегање од одговорноста тоа го потврдува. Ниту една друга држава која користела европски средства нема ваква црна биографија. Оваа суспензија не е само административна мерка, ова е удар врз македонското земјоделство. 130 милиони евра денеска се замрзнати. Ова не се апстрактни пари, ова се повеќе од половина од средствата со кои и онака веќе не задолживте кај вашата матична Унгарија. Пари што со децении ќе ги враќаат генерациите кои што доаѓаат. Но што е најстрашното. Со оваа суспензија се оштетија околу 3000 нови бизниси што се цел на оваа програма да бидат отворени, како што во претходната програма се отворија над 2000 работни места и бизниси. И околу 10 илјади ангажирани работни луѓе што исто така е цел на оваа европска програма со неповратни средства. Ова не се само бројки, ова се луѓе, ова се семејства, од винариите во Тиквешијата до производителите на сирење во Берово, од производителите на домати, зелки, краставици од струмичко до јаболкарите во Ресен и оризарите во Кочани, овие луѓе вложија се што имаат: кредити, пари, земја, механизација, иднина. Тие требаше да отворат бизниси мали, да развиваат модерно земјоделство, да ја хранат државата. А, токму оваа Влада ги остави на цедило со оваа неодговорна и криминална политика. Ги лишивте од перспективите за раст и развој и ги турнавте во нов бран на иселување од државата. И додека ја криевте суспензијата и одлуката, истовремено се молчеше за уште една друга работа што денес ќе ја кажеме, а тоа е целосниот застој во реализација на ИПАРД 3 Програмата што се случи пред овој корупциски скандал. Од оваа говорница во мај и во јули го најавив, точно, дека до оваа работа ќе биде дојдена и тоа стенограмите можат да го потврдат. Јавниот повик за Мерката 3 објавен во четврти месец 2024 година, на денешен ден веќе 18 месеци и пет дена повикот сеуште не е затворен. 18 месеци се обработува само една мерка. Во периодот кога бев министер ИПАРД 2 функционираше. Сите повици се обработуваа во просек од максимум седум месеци, а оваа мерка за која што ви треба 18 месеци, за четири месеци беше завршувана. Имавме четири повици во ИПАРД 2 во последните 5 години кои беа завршени од почеток до крај за 17 месеци, а на вас ви треба 18 месеци само за еден повик во Мерка 3, кој што беше предмет на ова корупциско девијантно однесување. И тоа апелирав, таа неажурност, таа партизација, унапредувањето на партиски кадри на што се спротивстави Европската Унија, дека ќе дојде токму ова дереџе. Тоа значеше дека предметите се чуваа во фиока, нешто што го кажав и тогаш. Иста слика е и во Меката 7 каде што драстично е зголемен периодот од распишување на повик до чекање на договор. Министерството за финансии ги кажа јасно бројките за тие што знаат да читаат, дека платежната агенција не смее да преземе обврски, дека договорите нема да бидат исплатени и дека нема да има нови повици. Дополнително на тоа се дрзнавте и целиот стручен кадар да го разместите и тоа во еден ден. Од завршување на изборите до почетокот на новите избори, нешто што е јасно недвосмислено нотирано во Извештајот на Европската комисија. Тие велат, максимално да се посвети Министерството на стручниот кадар и на раководителите во ИПАРД структурата. Не може министерот да вели дека нема поима од оваа работа кога со ИПАРД управува Министерството за земјоделство. 40% од раководниот кадар е променет во оваа една година и тоа е нотирано во Извештајот на Европската Унија. Извештајот на Европската Унија нотира за прв пат дека во ИПАРД се потребни антикорупциски мерки. Тоа не било напишано во последните 15 години. Затоа, почитуван заменик, на ова прашање барам да ми одговорите, зошто мерка 3 во ИПАРД 3 доцни 18 месеци и уште не е завршена, а претходно ја завршувавме истата за 4 месеци. Дали развлекувањето на овој период, чувањето на предмети во фиока и под биро и над биро и на овие договори доведе до ова девијантно корумпирано однесување. На што се должи ова доцнење. Додека бегате од одговорност, секако како претседател на Комисијата побарав детално извештај за се она што се случило. Пружив рака да направиме акциски план најбргу што може за да ги спасиме сите договори, сите оние кои што чекаа средства од државата и од Европската Унија. Тоа државничкиот пристап, меѓутоа се до ден денеска нема одговор на тоа барање. Затоа, од први во регионот денеска не доведовте до последни. Ова е штета и за европската перспектива на државата. Затоа што кога ќе ви ги сопрат ИПАРД фондовите заради криминал и корупција, утре ќе ги сопрат и другите програми. Со тоа се руши довербата во сите институции. Неместо да работиме на една милијарда евра кои што требаше денеска да ги имплементира Агенцијата, денеска сите пари европски се блокирани.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Љупчо Николовски, поставено на 70-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 ноември 2025 година Заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Благодарам почитуван претседател на Собранието, почитувани пратеници, почитувани претставници на Владата, почитувани новинари, драги граѓани. Ви благодарам за прашањето почитуван поранешен министер. Како прво да разјасниме во однос на последниот скандал во Агенцијата, во однос на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство од 453 договори потпишани договори поврзани со ИПАР 2021-2027 само за 50 има заостанување со цел да се верификуваат дали се поврзани со некое кривично дело како што се зборува во медиумите. Почитуван пратеник вие бевте министер во една Влада која што беше позната по секојдневните скандали. Но, овој пат доброто е што имаме реакција од институциите. И ние апелираме до сите надлежни институции да ги извршат проверките, контролите бидејќи нема да навлеземе со цел случајот да се обелодени. Ние сме во редовни контакти со нашите партнери од Европската Унија во врска со овој случај и доброто е што тие го поздравуваат брзиот начин на реагирање на институциите. Моментално Владата има одредени нови директори во Агенцијата, еден професионалност што има добро познавање за министерството и институцијата, поранешен државен секретар претседател на Комитетот за следење на ИПАРД програмата 2021-2027. Вие знаете дека таа е независна агенција и одговара пред Владата. Нема да навлезам во детали во однос на истрагите кои што се вршат, ќе оставиме самите институции и органи да кажат по детално, а што се однесува до администрацијата и кадарот иако кратко сум на оваа позиција хаосот со Албанците и со кадарот во однос на смешните позиции како помлад соработник и ако имаат 10 или 15 години работен стаж вработен е во Куманово има решение за Куманово. Ние започнавме процес на унапредување извршивме нови вработувања и тие лесно може да се проверат.

Сите пратенички прашања