Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мурати праша за ратификацијата на Повелбата за малцински јазици

Резиме

Пратеникот Сали Мурати го праша Министерството за надворешни работи и надворешна трговија зошто сè уште не е поднесен предлог за ратификација на Европската повелба за регионални и малцински јазици, дали има временски план и стратегија и како одложувањето влијае врз кредибилитетот на државата во преговорите со ЕУ.

Министерството одговори дека државата ја потпишала Повелбата во 1996 година и дека се донесени закони за внатрешните правни предуслови за ратификација. Работна група за подготовка на законот била формирана во 2011 година. Процесот, сепак, не е завршен, а државата останува посветена на негово продолжување и на создавање позитивен внатрешен политички амбиент, со цел скорешна ратификација во Собранието.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сали Мурати

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сали Мурати, поставено на 70-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван претседател на Собранието, почитувани колеги пратеници, претставници на Владата, ценета македонска јавност. Првото прашање ми е до министерот за надворешни работи. Европската поделба за регионални и малцински јазици претставува фундаментален документ на советот на Европа усвоен во 1992 година. Која има за цел заштита и унапредување историските и регионални и малцински јазици во Европа. Оваа повелба не е само правен инструмент таа е израз на европските вредности на нашата држава за мултикултурализмот, јазичните разновидноста и почитување правата на помало бројните заедници. Република Македонија ја потпиша оваа повелба уште во далечната 1996 година, преземајќи ја морална и политичка обврска пред меѓународната заедница. Сепак речиси три децении односно 29 години по потпишувањето нашата држава се уште не ја ратификува повелбата. Ова долго одложување ја доведува во прашања нашата кредибилност како серозен партнер во европското семејство на народите. Особено загрижува патот и во последниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија експлицитно се истакнува дека не ратификувањето на европската повелба за регионални малцински јазици претставува сериозна слабост во нашиот евро атлантска процес. Комисијата јасно укажува дека државата има обврска што побрзо да ја ратификува оваа коменција. Во текот на изминатите години, знам и тоа во 1999 – 2000 година имаше неколку обиди за ратификација во Собранието, но без успех остануваат. Ова создава слика на држава која не ги почитува сите меѓународни обврски и не покажува доволна политичка волја за заштита на јазичните права. Моето прашање е кои се конкретни причини поради кои Владата по речиси 3 децении, се уште не поднесла предлог за ратификација на европската повелба за регионални малцински јазици во Собранието. Дали министерството има конкретни временски план и јасна стратегија за завршување на овој процес земајќи во предвид дека тоа е екслицитно препорака од Европската Комисија и наша долгогодишна обврска. И како оваа ситуација влијае на нашиот кредибилитет во преговорите со Европската Унија. Прашањето тоа ми е.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Сали Мурати, поставено на 70-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 ноември 2025 година Почитуван пратеник Мурат, поддржувајќи ги обидите на Советот на Европа за сеопфатна заштита на малцинските и регионалните јазици, како загрозен дел од европското културно богатство, нашата држава ја има потпишана Европската повелба за регионални и малцински јазици на 25 јули 1996-та година како една од обврските кои произлегуваат од самото членство во Советот на Европа. Повелбата има статус на меѓународно правно обврзувачки инструмент. Во нашата држава се донесени низа закони со кои што се заокружени внатрешно правните претпоставки за спроведување на процесот за ратификација на повелбата. Првата работна група за подготвување на Законот за ратификација е формирана во 2011-та година и е составена од повеќе надлежни министерства. Во право сте дека се уште тој процес не е заокружен и не е завршен. Како држава остануваме посветени на заложбите за ратификација на Повелбата и ќе работиме на нејзино понатамошно развивање на позитивен внатрешен политички амбиент и дијалог со кое што крајната цел е секако нејзина скорешна ратификација во Собранието. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања