
Сали Мурати
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сали Мурати, поставено на 70-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: И третото прашање ми е до почитуваниот министер за здравство. Примарното здравство, здравствена заштита претставува темел на здравствениот систем и основни права на секој граѓанин загарантирано согласно со нашиот устав. Исто така во општина Врапчиште во својата популација како што кажав и во претходното прашање од над 25 илјади жители распоредени повеќе од 15 населени места и рурални и планински села имаме кои, министер добро го познавате гостиварскиот терен, веќе со децении се соочува со недостаток на здравствени услуги. Во октомври исто така, во октомври 2024 година исто така поднесов едно детално барање со аргументи согласно Законот и со Уставот до Министерството за здравство за отворање на јавна здравствена установа во Врапчиште, само за потсетување во бивша Југославија сме имале ние јавна здравствена установа, по непостапувањето во законскиот рок од 20 дена, чекав, имав ургенции до Министерството за здравство, бев во контакт и со заменикот на министерот, на 22-ри април 2025 година бев принуден да поднесам писмено пратеничко прашање. На 5-ти мај експресно, што е за поздравување 2025-та година го добив одговорот од Министерството за здравство потпишан лично од претходниот министер. Во одговорот јасно стои дека министерството ја разгледува иницијативата за основање здравствена установа во Врапчиште, само за потсетување во одговорот експлицитно се наведува дека Министерството за здравство ќе ги земе предвид сите клучни аргументи наведени во иницијативата, ќе се анализираат демографските и географските фактори во општина Врапчиште, ќе се направи анализа за потребите од клучно значење за да се процени реалната потреба и можност за обезбедување на здравствени услуги на граѓаните и министерството ги разгледува сите потенцијални придобивки од основањето на установата. Само за потсетување дека и до Светската организација, здравствена светска организација поднесов исто барање и таму имам добри одговори, па го чекам конечниот став на министерството. Во одговорот исто така се потврдува дека согласно со процедурите за основање на нови јавни здравствени установи се спроведуваат прелеменарни анализи и финансиски импликации. Моето конкретно прашање е до министерот, имајќи го во предвид дека во вашиот одговор од 5-ти мај 2025-та година јасно се наведени конкретни чекори при што министерството планира да ги презема во врска со иницијативата за отворање на јавна здравствена установа во Врапчиште. Кои конкретни активности се преземени во изминативе 6 месеци, дали се изготвени најавените анализи како што стои во вашиот допис во претходниот одговор, за да ги вратите географските фактори дали е завршена финансиска анализа и за импликациите за отворање на установата и најважно е кога граѓаните од општина Врапчиште можат да очекуваат конкретни одлуки и временска рамка за реализација на оваа витална иницијатива за здравјето на над 25 илјади граѓани. Ве молам за прецизен и детален одговор во конкретен датум и активности. Благодарам за вашето внимание.