Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тренчевска праша за судските реформи, министерот наведе донесени закони и контроли

Резиме

Пратеничката Јованка Тренчевска го праша министерот за правда зошто, според неа, не се спроведуваат судските реформи и не се донесени закони, кој ќе одговара за блокадата и дали работата на магистерскиот труд му била поважна од реформите. Критиките ги поврза со оценките и препораките што, како што рече, ги содржи извештајот на Европската комисија.

Министерот одговори дека Министерството во изминатите 18 месеци донело над 20 закони и подготвува уште неколку. Рече дека Законот за парнична постапка е доработен и повторно доставен во владина процедура и дека Министерството извршило две контроли. Наведе и бројки за судии и јавни обвинители што заминале во пензија, како и дека три закони биле доставени до Венецијанската комисија.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јованка Тренчевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јованка Тренчевска, поставено на 70-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Третото прашање е до Филков, после година и пол од владеењето на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата видовме само едно судство заробено, правда не постои, има нула реформи а власта единствено што сака е партизирано судство под нејзина контрола. И, ова не е нешто што ние како опозиција само го кажуваме тоа е јасно нотирано во Извештајот на Европска Комисија. Во овој најлош Извештајот за државата, Европска Комисија упатува сериозни критики до Владата за доцнење со судските реформи и за недоволно обезбедување на независноста на судството. Европска Комисија јасно кажува нема напредок во поглавјето: Темелни права и правосудство 23, земјата е оценета со недоволен еден. Оваа оценка за Владата која ветуваше правда а испорача притисоци, блокади и институционален хаос. И, ова не е некоја туѓа критика туку официјална потврда од Европска Комисија на она за што предупредувавме година и пол наназад дека ВМРО - ДПМНЕ ја турка државата назад. Сведоци сме на алармантни примери на политички притисок и обиди за контролирање на судиите од страна на извршната власт. Европска Комисија јасно нагласува дека најголемиот проблем во судството е независноста на судиите која е поткопано со постојано мешање на извршната и законодавната власт. Ова не е политичка квалификација од опозицијата ова е директен цитат од Брисел. Во Извештајот јасно се посочува 3 препораки на Европска Комисија. Да се донесе Законот за парнична постапка со двотретинско мнозинство, да се спроведе стратегијата за реформи во судството. Да се зајакне независноста и транспарентноста на судскиот Совет како и досегашната примена Акмис. Што направивте за година и пол? Наместо реформи и притисоци, наместо институционална и независност за целосно потчинување на независните институции. За прв пат од 1991 година судската фела јасно реагираше и јавно на политичките притисоци. Тоа е преседан општествен и државен, сериозен сигнал дека политиката што ја водите не е добра. Како министер за правда треба да знаете дека притисокот врз членовите на судскиот Совет ја загрозува правата држава. Вашата работа како министер не е да ја покривате неспособноста на ВМРО – ДПМНЕ и да бидете привезок на партиските интереси туку да ја штитите независноста на судството и правото на граѓаните. Моето прашање до вас. Зошто не се спроведуваат реформата во судството? Зошто ниту еден закон не е донесен? Кој ќе поднесе одговорност за блокадата во најважниот сектор на државата и дали работата на вашиот магистерски труд беше поважно од реформите во правосудниот систем. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за правда

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Јованка Тренчевска, поставено на 70-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 ноември 2025 година Почитувани пратеници, почитувана пратеничке Тренчевска, ви благодарам на прашањето. Внимателно ве слушав во излагањето и се сетив на едно време, ако добро се сеќавам, вие бевте министер во Владата каде што беа донесени оние штетни измени во Кривичниот законик. Дали таа година немаше извештаи, дали вие реагиравте кога се носеа штетните измени. Нејсе. Министерството за прва во изминатите 18 месеци има донесено над 20 закони, доставено во владина процедура и уште неколку кои што ги завршуваме и се готови. Законот за парнична постапка, ако беше добар ќе го донесевте. Мораше да се доработува и повторно е пуштен во владина процедура. Го спомнувате АКМИС-от. Сакам да расчистиме неколку дилеми околу користењето на истиот. АКМИС-от е донесен за правично, односно автоматско распределување на предметите, почитувана пратеничке. Неколку бројки и факти за изминатите години, затоа што Министерството за правда во изминатите 18 месеци има извршено две контроли, нешто што во изминатите години никогаш не било случај во Македонија. Вкупно 154 судии се заминати во пензија во последните пет години. Активни се 294, од 456 систематизирани места. И, слушајте внимателно, во 2020 година заминати се 7 судии, 2021 година – 8, 2022 година, фантастични 64, во 2023 година – 43 судии се пензионирани. Во 2024 година 25 и во 2025 година 7. Сега да ве прашам. Кога зборите за судство, мислите на ова судствово што вие ги пензиониравте во изминатите години додека бевте на власт. Намерно или случајно се овие бројки. Продолжувам понатаму. Јавните обвинители. Во пензија во последните пет години вкупно 53 јавни обвинители се заминати во пензија. Да се навратиме малку на законите, затоа што никогаш во историјата на Министерството за правда толку закони за толку краток период не се изготвени. Да напоменам, законите се работени во јавен и транспарентен процес со организирање јавни дебати. Не се носени ниту во висококатница во Дубаи, ниту на јахта на Халкидики. И затоа ви ја разбирам нервозата и зачуденоста. Дури три клучни закони, меѓу кои Законот за Судски совет, Советот за јавни обвинители и Законот за Јавно обвинителство беа доставени до Венецијанската комисија, од каде што се добиени пофалби. Тоа не е нотирано ниту од ваша страна, ниту од страна на било кој во дискусиите овие два дена. Овој начин на работа ќе продолжи во Министерството за правда и повеќе закони во интерес на фамилии и поединци никој пат нема да бидат донесени. Исклучиво ќе се работи транспарентно во интерес на граѓаните. И да не се секирате, Кривичниот законик ќе биде донесен и очекувам поддршка од вас и за другите закони. Благодарам.

Сите пратенички прашања