Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Битиќи праша како ќе се затвори буџетскиот недостиг и дали ќе доцни повратот на ДДВ

Резиме

Пратеникот Фатмир Битиќи праша како ќе се обезбедат средствата што, според неговата процена, недостигаат до целосната реализација на приходите во буџетот и дали Владата ќе се задолжува или ќе користи други приходи. Побара и гаранција дека нема да доцни повратот на ДДВ, наведувајќи дека приходите и капиталните расходи заостануваат зад планот.

Заменик-министерот за финансии рече дека нема причина за паника и увери дека пензиите, социјалните надоместоци, субвенциите и поддршката за стопанството ќе бидат исплатени. Најави дека, ако се утврдат недостиг или вишок средства, Владата ќе направи ребаланс. Не посочи конкретно од каде ќе се обезбеди разликата во приходите ниту директно одговори дали може да доцни повратот на ДДВ.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Фатмир Битиќи

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено на 71-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 27 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Третото прашање е исто така поставено до министерката, но заменикот е овде, па ќе го поставам кон заменикот на финансии. Но еве, за да го поставам прашањето, да започнам со неколку факти кои секако не можат да подлежат на толкување. Според последно достапните податоци пред два дена, поточно на 25.11.2025-та состојбата со Буџетот вели дека се реализирани приходи од 298 милијарди 307 илјади денари, милиони денари. Или приближно 299 милијарди денари, што значи реализација од 83,32% од приходите. Евидентно е дека на приходната страна недостигаат околу 64 милијарда денари или отприлика една милијарда евра. За да се стигне до 100% реализација до крајот на годината на приходната страна. Истовремено расходите се на 329 милијарда и 735 или 81,67%, додека капиталните расходи, односно парите кои треба да ја зголемуваат продуктивноста во економијата, застанати се на 23 милијарда денари или 49,46%. Доколку се погледне структурата и динамиката на приходите во Буџетот, ќе се види дека од тековните извори на финансирање нема да може да се обезбедат овие милијарда евра кои ќе недостигаат до крајот на годината. Евидентно е дека приходната страна на Буџетот не ја следи сопствената проекција и од ден во ден како се приближува крајот на годината, расте ризикот или потребата од ново задолжување, односно одложување на финансиски обврски кон стопанството и граѓаните или селективни доцнења на поврат на ДДВ. Заклучно со 31.10. 2025-та година даночните приходи и придонесите се реализирани со 78,61% од планираното или приближно 251 милијарда денари. Што значи дека во последните два месеци од годината треба да се надомести повеќе од 1/5 од целата годишна наплата, амбиција која историски ретко е остварлива без вонредни мерки. Такви податоци имате уште низа, потсекторскиот пресек е уште поалармантен, така да немам многу време, но можам дополнително да ви ги дадам. И затоа, прашањето ќе биде. Дали со дополнително задолжување и на кој финансиски пазар е, дали со вонредни еднократни приходи водено, дали јавно може да гарантирате дека заради буџетско затворање на годината нема да се доцни со поврат на ДДВ. Од каде ќе се најдат една милијарда евра до крај на годината за да се.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено на 71-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 ноември 2025 година Заменик министер за финансии Благодарам потпретседателе. Почитуван премиер, почитувани пратеници, почитувани министри, значи нема потреба да се дига паника во државата и ова веќе подолг период трае, посебно овие последни 8 денови каде немало да има пари за пензии, нема да има пари за субвенции, стопанството ќе било оштетено, ќе имале проблем во тековното работење малите и средните претпријатија во бизнис секторот, од Европската Унија ќе сме биле банирани, па ќе имаме проблеми и во евроинтегративниот процес и што се, не се изнаслушавме и ова сега ваше прашање го поврзувам со амандманите кои што ги имавте поднесено во врска со Буџетот за 2026-та година. А тука би истакнал, да ве потсетам, во каква ситуација ја оставивте државната каса и општо економската состојба во Република Македонија до не толку дамнешно време, минатата година. Не може за година и половина дена да се консолидира, да се финансиски стабилизира целата економија во државата. Но, со силната волја на премиерот Христијан Мицкоски, на министерката Гордана Димитриоска Кочоска, ова парламентарно мнозинство и пратеници, бидете сигурни дека оној пат кој што го почнавме со фискална консолидација и она што го зацртавме во фискалната стратегија за Република Македонија за брзо време ќе има и ажурирана верзија дека тоа како Влада ќе го исполниме. И бидете убедени во тоа, не е толку лесно тие 3,5 буџетски дефицит да ги реализирате во, да ги остварите во 2026-та година, а да ги реализирате сите обврски кои што ги имате преземено према граѓаните, према стопанството, према земјоделците итн. Ние сето тоа што сме го зацртале ќе го реализираме и бидете убедени во тоа и секако и во делот на капиталните расходи. Го слушнавте и вицепремиерот Николоски во тој дел кои се плановите на Владата, 3,5 ќе завршиме со буџетскиот дефицит и 60% од јавниот долг ќе биде исполнет согласно планот во фискалната стратегија во наредните две и пол години. Тие се од Мастрихт правилата кои што како Влада ги преземаме, ви спомена и премиерот од странските наши партнери исто побарувања, но од минус 8% кои ги имавте во 2021-ва, па минус 5, па минус 4,5% буџетски дефицит, годинава на минус 4 ќе завршиме, наредната минус 3,5 и потоа веќе на 3% ќе се стабилизираме и ќе функционираме нормално како што функционира секоја подобро развиена европска држава. Да, проблемите се тие, проблемите се решаваат, со јавните претпријатија гледате дека има една и таму добра консолидација, во делот и на приходите и во делот на расходите, се формира во рамките на Министерството за финансии и посебно одделение кое што ќе ги следи реализацијата на јавните инвестиции, нема да се преземаат инвестиции, проекти, кои што нема да бидеме доволно убедени во нивната реализација на терен. Зошто. Бидејќи еден куп на финансиски средства се исплатија како пенали за нереализирани обврски кои што сте ги презеле, а не сте ги реализирале тие проекти. И тоа беше случај со повеќе банки во државата, банки надвор и така натаму, кои што средства и денес ги плаќаме тие долгови. Па промовирате фабрика за електрични возила во Тетово, каде беше не се сеќавам, па и таму дадовте субвенции, неисплатени плати, неисплатени субвенции. Но, затоа тоа време го оставаме зад нас и бидете убедени, само едно темно минато во нашата историја ќе се остане тоа ваше владеење. Па уште денес прашувате, како ќе го реализирате Буџетот за 2026 година. Значи, нема потреба. И ова е порака и до граѓаните, нема потреба да ги плашите луѓето. Ќе си ги добијат заслужените пензии навреме исплатени, ќе си ја добијат потребната социјална помош, сите социјални надоместоци, сите категории на ранлива категорија од граѓани, субвенциите во земјоделието. Понатаму со поддршката на стопанството, сите тие ставки кои што ги гледате од Буџетот ќе ги реализираме. И ви кажав, исто и во делот на реализацијата на капиталните расходи. Ви споменав и на самата комисиска расправа, онаму каде што ќе видиме дека има недостиг на нешто на финансиски средства или некаде вишок на финансиски средства, ќе излеземе со ребаланс и тие средства ќе ги надокнадиме, се со цел, она што сме го презеле према граѓаните, да го реализираме. Ова е одговорна Влада. Програма за работа 2024 – 2028 година. Најголемиот дел од проектите таму, ќе бидат реализирани. И ве разбирам, да, многу ви е смешно, и уште нека ви биде смешно, но наше е да работиме и она што сме го ветиле пред граѓаните ќе го реализираме. Финансиските средства се донекаде проблем, но ќе ги обезбедиме и ќе го реализираме зацртаното, почитувајќи ги правилата зацртани во Фискалната стратегија на државата и фискалните правила кои што за релативно брз период ќе ги вратиме онаму каде што треба, каде што требало да бидат и во ваше време на владеење. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања