О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Сергеј Попов, поставено на 71-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 ноември 2025 година Благодарам. Второто прашање беше за планот за раст и реформската агенда. Би сакал накратко да објаснам, во рамките на овие 10 минути колку што ми се на располагање. Бидејќи лично низ мојата оптика ги следам сите овие процеси па ќе се обидам еден по еден да ги објаснам до каде се и каков е статусот. Инаку апсолутно во првиот дел од овие пратенички прашања веќе одговарав на едно вакво слично прашање кое што дојде од вашата колешка од пратеничката група на коалицијата ВРЕДИ. Но, поради објективно немање доволно време некако застанавме на третиот чекор, односно тоа е законот за аудио визуелни услуги кои што е дел од Министерството за дигитална трансформација кои што е готов. Овие за енергетските, Законот за енергетика, енергетска ефикасност ги објаснивме. Кај аудио визуелни услуги, односно министерот има готов Закон генерално. Кога разговаравме сакавме со тој Закон заедно да бидат деловите кои што се однесуваат на роум етхоум, односно практично кога младите ќе патуваат низ Европа да не плаќаат роаминг. Но, тоа ќе се иплементира следната година, а ние сакаме имаме амбиција овој Закон да го донесеме оваа година. Се надевам дека многу скоро тој Закон ќе биде пред вас пратениците и можеме тој Закон да го поминеме, а следната година преку амандмани ќе интервенираме за роум етхоум. Практично за роамингот кои што нема веќе да биде роаминг односно кога ќе се наоѓате негде било каде во Европа нема да ви се наплаќа дополнитело роаминг туку ќе зборувате исто како да зборувате тука дома во Македонија. Следен чекор е кои што мислам дека е исто така важен тоа се измените во изборниот законик. Измените во изборниот законик треба да бидат усогласени со препораките на ОБСЕ и ОИДХР. И тоа не зависи само до Владата бидејќи изборниот законик сите вие знаете е дел од оние Закони кои што не се дел од новиот Деловник за работа и има можност за фили бастеринг. Така што потребен е политички консензус во рамките на Парламентот. Доколку се постигне тој политички консензус, а јас не гледам зошто да не се постигне. Бидејќи станува збор за реформски закон тогаш тој може да се донесе до крајот на годината со вклучени препораки на ОБСЕ и ОИДХР. Петтиот чекор е чекор кој што е исто така значаен кои што не можеме да го исполниме, а се однесува во делот на енергетиката. А тоа е целосна либерализација на пазарот за електрична енергија пред се се мисли на домаќинствата. Затоа што ако Владата престане да ја субвенционира електричната енергија за домаќинствата тогаш цената за домаќинствата ќе поскапи за отприлика 30 до 35%. Тоа ќе предизвика инфлација и тоа ќе има верижен ефект врз многу други процеси во државата. И затоа ние како држава продолжуваме да ги субвенционираме сметките за електрична енергија за домаќинствата и сите оние кои што се на регулираниот пазар. Се до моментот додека производната цена односно цената која што најголемиот производител на електрична енергија во државата тоа е ЕСМ поранешна ЕЛЕМ, ги дава на снабдувачот во случајот ЕВН ХОУМ, како се вика.
Така што тоа нема да го исполниме. Затоа што кажувам од кои причини. Следен чекор кои што исто така е многу важен, се оние закони за кои што претходно зборував во делот на ресорот правда, а тоа се законот за Јавно обвинителство, за судови, за Јавно обвинителска служба и за служба во судовите кои што се однесува генерално. Сега се обидувам да искаталиризирам две работи. Едната е да можат судовите и обвинителствата да вработуваат само со одобрение од страна на судскиот совет и советот на јавни обвинители. А Владата да ја информираат, што е ок, што е во ред. Немаме проблем еве, ние сме небитни. Судска власт, ние сме извршна, вие сте законодавна. Поделена е работата, немаме проблем. Еве и Собранието е независно нели, исто нека бидат и тие независни нема никаков проблем тука. Но, не можеме да се согласиме со тие средства кои што треба од Буџет да ги одвојуваме за да бидат зголемени примањата, потоа они тоа го претседателе формулираа па ние немаме основни средства за работа, па ние немаме ни компјутери, печатачи, итн. Мислам ако тие се жалат со три, четири илјади евра месечни примања, тогаш може да замислите како им е на дечињата во градинка кои што немаат играчки за играње, а немаат. Најголемиот дел од дечиња во градинките немаат. Тоа е Буџет, го украле, останале малку пари од тоа што останало ние се трудиме да менаџираме како што треба. Се трудиме, тоа еве. Реновираме училишта, реновираме градинки. Цениме дека тоа е поголем приоритет од колку да ги зголемиме платите на судиите и обвинителите. И мислиме дека тоа е фер. Еве ако тоа е гревот што го правиме нека не судат. Подготвени сме тој политички суд да го прифатиме на гради. Следен чекор кои што веќе помина во владина процедура е новиот Закон за судски совет, моментално се усогласува со канцеларијата на Европската Комисија и мислам дека многу скоро денеска тој Закон ќе дојде овде во Парламент и ќе биде истиот изгласан. Следен чекор е делот на објавување на регистар на компании во кои што државата има некаков удел. Не доминантен туку некаков удел. Тоа се е политика. За тоа да се случи потребен е закон, законот заедно со професори од правниот факултет го направивме, доставен е до Министерство за економија и труд и Министерството за европски прашања. И очекувам многу скоро да сето тоа се усогласи и во рамките на месец декември да дојде и тој закон тука во парламентот да биде усогласен. Понатаму има еден дел во кои што давачки и процедури во три институции треба да бидат усогласени, тоа се Централен Регистар, МАЛМЕТ односно агенцијата за лекови и Министерство за економија и труд. Во делот на Централен Регистар тоа е завршено, таму се , во делот на МАЛМЕТ се 19, 10 се согласени 9 ќе се усогласат. И ни остануваат уште 3 во Министерство за економија и труд. Ова се ќе биде завршено во рамките на овој месец. Еве тука е и земникот за Министерство за економија и труд. Така што тоа може да се заврши до рамките на оваа година. Понатаму, имаме либерализација на железничкиот сообраќај, посебно делот на инфраструктурата и транспортот, пот претседател на Влада и министер за транспорт, веќе реализираше состанок со канцеларијата на Европската Комисија. Договорен е гантограм на активности и очекувам и таа работа да биде согласно тој гантограм на активности за кои што ние денеска зборуваме. Понатаму имаме комплетирање на вработувањата во рамките на Агенцијата за одземен имот. Тоа е онаа Агенција која што работи во рамките на Министерство за правда. Согласно постојниот план за вработување и согласно постојната шема на вработување има многу слободни места, многу се. Кои што се навистина не потребни. Треба истата да биде пополнета. Ќе се изработи нов план за работните места, нова систематизација во рамките на самата институција. И истата таа систематизација ќе биде усвоена и во рамките на таа систематизација тие работни места ќе бидат пополнети. Така што се обидов сега да ги анализирам сите оние чекори кои што требаше да бидат завршени до јуни 2025 и се сега во едногодишен грејс период. До крајот на оваа година ќе се работат дел од чекорите и дел од процедурите кои што треба да бидат сработени. Тие што ќе заостанат ќе бидат сработени во првите 3месеци следна година и веќе ќе можеме да го фатиме чекорот.