Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Бочварски праша за роковите за брзата пруга на Коридорот 10

Резиме

Пратеникот Благој Бочварски праша за роковите за подготовка и изградба на брза пруга долж Коридорот 10, вклучително и за физибилити-студијата, изборот на траса, експропријацијата и проектирањето. Тој посочи дека во предлог-буџетот за 2026 година не видел средства за изградбата и оцени дека тоа укажува оти почетокот на градежните работи не е близу.

Министерот за транспорт одговори дека проектот ќе се реализира според моделот „проектирање и градба“ и дека компанија веќе работи на техничката подготовка. Почеток на активностите на терен очекува меѓу летото и есента следната година, а рокот за завршување го наведе како пет години од почетокот, со очекување проектот да биде готов до летото 2031 година. Како цел наведе најмалку еден колосек и карго-превоз до 2028 година.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Благој Бочварски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Благој Бочварски, поставено на 71-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 27 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван министер за транспорт и вицепремиер во изминатиот период значајна тема е темата за изградбата на пругата долж Коридорот 10. Прашање или проект за кој секако треба да се посвети сериозно внимание од секој аспект. Од аспект на избор на моделот на изградба, начинот на финансирање. Понатаму координација со соседните земји со кој ќе биде неопходно да се поврземе преку еден ваков тип на пруга со високи перформанси и заеднички да го туркаме овој процес напред. Инаку како држава и во време на претходната Влада на СДСМ веќе ја изразивме нашата подготвеност за реализација на ваков проект кон крајот на мандатот потпишувајќи Меморандум со Република Србија за изградба на пруга Скопје-Белград во две фаза, од кој првата би била Скопје-Белград со поврзување на аеродромот Скопје, а втората фаза од Скопје кон Богородица и поврзување со Република Грција. Некаде од месец мај оваа година имаше повеќе информации во јавноста по однос на ова прашање на пример дека штом се обезбедат финансиите веднаш ќе се избере изведувач, ќе се настапи со градежни активности. Ако не се лажам уште оваа година, нешто што беше преоптимистичка проценка. Па потоа имаше и неколку други изјави од повеќе претставници на Владата во насока дека овој проект би започнал со реализација некаде кон крајот на 2026 година, а првите исплати или буџетирања би биле во 2027 година. Она што успеав да го видам од овие најави е дека ќе се оди со реализација на проектот преку принципот проектирање и градба, нешто за кое лично се борев овде да биде усвоено како модел овде во Собранието во нашите закони. И тврдам и убеден сум, бев убеден и тогаш но и денеска дека сите проекти кој се граделе или се градат со традиционалниот модел на изградба имаат многу препреки, одлагања на реализацијата, репроектирања, избор на нови проектанти, нови изведувачи и на крај најважното губење на време за граѓаните кој што час поскоро очекуваат да бидат изградени овие патишта, пруги и инфраструктура за граѓаните. за разлика од тоа кога се оди со делегирање на правото на компанијата изведувач да работи паралелено на урбанистичките планови, гео механика, проектирање и изградба е модел кој е подобар и дава резултати. Имајќи во предвид дека во Предлог на буџетот за 2026 година кој Владата веќе го достави во Собранието и помина веќе на комисија во изминативе неколку денови видовме дека не се предвидени средства за изградба на оваа брза пруга на Коридорот 10, нешто што само по себе говори дека не сме многу блиску од почетокот на градежните работи на терен. Па оттука прашањето ми е кој се роковите за отпочнување и изработка на Физибилити студија, понатаму избор на траса, експропријација, проектирање и градба на овој значаен проект за Македонија и регионот.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за транспорт

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Благој Бочварски, поставено на 71-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 ноември 2025 година Благодарам на прашањето. Во однос на изградбата на брза пруга на Коридор 10 точно е дека ќе одиме со единствено решение кое што ќе опфаќа проектирање и градба во исто време. И тука драго ми е што и вие се слагате дека е тоа најдобар избор за државата, имајќи предвид дека на тој начин целокупната одговорност ќе биде на оние кој што ќе биде избран за изведувач и државата нема да има ризик од одлагање на проектот, одлагање на роковите и од непотребни додадени трошоци. Она што е дополнително многу битно е што наш услов во однос на изборот на финансиска куќа која што ќе го поддржува проектот е обратно д она што го зборував за Охрид-Кичево да кредитот почне да се враќа во моментот кога проектот ќе е предаден. Односно грејс периодот да е најмалце исти колку што ќе е рокот за изведба со цел да финансиската институција која што ќе го прати проектот да врши притисок врз изведувачот да изведувачот побрзо ја заврши работата, што мислам дека ќе се согласите сите дека е многу битно да немаме одлагања кој што инаку се чести во големите инфраструктурни проекти, а имајќи предвид дека сме и мала држава и дека е послаб квалитетот на институциите. На овој начин практично и голема компанија која што би го изведувала овој проект ќе значи дека ќе го донесе со себе своето искуство, знаење кои што и некогаш недостасува во нашите институции или во локалните компании како би можела и да го води проектот односно да е целосно одговорна за неговата реализација. Тоа е во однос на делот за проектирање и градба. Во однос на активностите за да имаме успешен проект мора да нашите работи се целосно завршени затоа што, кога ќе побарате од некого да заеднички работи проектирање и градба треба вашиот дел од работата е завршен. Во таа насока затоа што, проектот ќе го работиме заедно со Велика Британија по препорака на ЈУКЕФ или на Институтот за финансиска поддршка на Обединетото Кралство веќе одбравме компанија која што активно работи на терен на техничка подготовка на проектот. Тоа е компанијата „ИАРЕМ“ за која што зборувавме дека уште оваа есен ќе има активности. А, во однос на активности кои што ги перципира јавноста како активности или да се видат булдожери на терен вака да сме нај пластични очекувам да е тоа зависно од како ќе оди динамиката помеѓу летото и есента следна година. Еве ќе ве поканиме на почеток на тие активности, на камен темелник да заеднички го означиме стартот. И, од тој момент 5 години ќе е рокот за завршување на овој проект. Така што очекувам летото 2031 година да е целосно завршен. А, имајќи предвид дека се работи за дво колосечна пруга односно за дупла пруга имајќи во предвид дека основната намена на оваа пруга ќе е во делот на карго превоз, секако не го занемаруваме патничкиот. Многу е битен, многу ќе помогне на граѓаните но бизнисот е во делот на карго. Нашата цел е барем една линија да е готова до 2028 година како и можно комплетен карго превоз со 120 километри на час и возови со должина до 750 метри, да имаме веќе во 2028 година. Во таа насока паралелно работиме и на овозможување на услови, еве можам прв пат јавно да кажам дека македонски железници и транспорт е пред потпишување на договор. Многу извесно со железници на Австрија со ОББ во делот на карго превоз каде што наши локомотиви и наши вагони ќе се користат за карго превоз кој што треба да оди од Пиреа – Атина до Виена. Тоа го договоривме и на средбата која што ја имав во Виена со соодветните претставници од Владата на Австрија а сега веќе комуницираат двајцата директори, писмо за намери од Австрија веќе е стигнато. И, не застануваме тука, во соработка со европската банка за обнова и развој веќе излезе јавната објава односно пред објавата. Обезбедивме средства во вредност од скоро 21 милион евра со кои што треба да купиме најмалку 5 нови електрични локомотиви. Целта е да одиме само со електрични локомотиви заради загадувањето. Знаете дека минатата година кога оваа Влада беше формирана имавме за жал нула активни локомотиви, сега имаме 11 од кои што 11, 4 се од електричните понови останатите 7 се постари. Би сакале во нашата флота да имаме уште најмалку 5 локомотиви и со 9 локомотиви кои што би биле електрични, би биле во релативно добра кондиција. Ќе можеме целокупниот карго превоз да го опслужиме. Се надевам веќе од 2028 година имајќи во предвид дека рок на испорака на овие локомотиви е од околу 2 години. А, она што го имаме како најава од европската банка за обнова и развој дека март месец веќе можеме да го видиме повикот објавен од страна на европската банка за обнова и развој и ако на тоа ставиме 2, 3 месеци да изберат доставувач или производител еве теоретски ако го изберат доставувачот или производителот во месец јуни следната година и на тоа додадеме максимум 2 години за испорака тогаш идеално ќе се поклопи со ова што ни е план во делот да барем едниот колосек биде целосно готов од граница со Србија до граница со Грација. Но, не застануваме тука некаде пред изборите јас бев во Атина. Имав бројни средби таму со потпретседателот на грчката Влада, со министерот за транспорт, со алтернативниот министер за транспорт, со министерот за економија и нешто што го договоривме веќе Грците го реализираат и треба да сме фер и да дадеме признание а тоа дека веќе почнуваат да работат кон Гевгелија. Во моментов има брза пруга која што оди од Атина до над Солун, некаде доаѓа 50тина километри до нашата граница. Веќе почнуваат да работат на овие 50 километри кои што преостануваат. И, многу битно се обврзаа да е двоколосечна таа пруга за целосно да е конта билна со нашата а во делот на едно застанување на граница тоа веќе се заврши затоа што, при таа посета се сретнаа и двајцата директори на железничките претпријатија. На железници на инфраструктура од Грција и железница инфраструктура од Македонија и веќе се договорија и веќе се инсталираше софтверот на граничниот премин во Гевгелија. Сега цариници од Грција доаѓаат на наша територија и веќе товарните возови се со едно застанување на граничниот премин во Гевгелија што многу забрзува а повторно со европската банка за обнова и развој ќе објавиме, се работи буквално за недели. Повик за изградба на заеднички граничен премин со Република Србија како и таму еднаш би застанувале карго возовите. Што значи дека сериозно ќе се скрати времето на патување во однос на овој дел. Во однос на патничкиот сообраќај тука веќе очекувам во предвидениот рок некаде лето, есен 2031 година и тоа да е завршено и да може за релативно кратко време да се патува од Скопје до Солун, некаде за час и половина или од Скопје до Белград доколку

Србија ја заврши својот дел од пругата некаде за два и половина часа. И, дополнително и последно во овој дел. На иницијатива на Комесарот за транспорт на Европската Унија, Апостолос Цицикостас на 5 декември тоа е следниот петок. Прво ќе имаме билатерална средба во Брисел после тоа ќе имаме средба на министрите кои што се по Коридорот 10. Значи, грчкиот министер, јас, српскиот министер односно министерка, унгарскиот министер и австрискиот министер каде што заеднички ќе потпишеме еден протокол. Тој беше готов уште минатата година но за жал се случи тоа што се случи во Нови Сад инаку требаше тогаш да се потпише но ќе го потпишеме сега и ќе значи дека сите земји кои што се на Коридорот 10 се обврзуваат да го развијат на исти начин со иста сигнализација и иста електрификација што е многу значајно затоа што, оваа цела наша инвестиција, напор, вложувања и т.н. има смисла и логика само доколку сите земји кои што се по Коридорот 10 го направат истото. Ако ние направиме брза пруга а на грчка страна нема ништо и на српска страна нема ништо тогаш нема поента затоа што, не е поентата да ние имаме брз воз кој што ќе оди од Куманово преку Скопје, Велес до Гевгелија туку брз воз кој што треба со Пиреа и со Атина да не поврзе. Кој што треба со Будимпешта, со Виена да не поврзе. Така што, тоа е смислата на целата оваа работа. И, драго ми е што сите земји кои што се по Коридорот 10 се слагаат да ова го направат и ќе го направат и прават сериозни инвестиции и можеби за крај уште една работа. На истиот тој ден ќе имаме втора веќе средба со вице премиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија. После она потпишување во Ѓуешево каде што ќе се информираме меѓу себе до каде сме со активностите. Јас очекувам најдоцна понеделник или вторник да се објави пред информација за тендерот за Коридорот 8 за градба. Во тек на месец декември да се објави тендерот за надзор а во крајот а декември или почетокот на јануари тоа зависи од европската инвестициска банка да се објави тендерот за градба. Благодарам.

Сите пратенички прашања