
Борислав Крмов
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Борислав Крмов, поставено на 71-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 27 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам претседателе. Јас имам едно пратеничко прашање и тоа ќе биде до министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Се работи за прашање околу заемот кој што ќе го земеме од Обединетото кралство, нели од тој таканаречен договор за Стратешко пријателство. Околу неговата изјава дека нашата Влада конкретно неговото Министерство има одбиено бескаматен кредит од Република Кина со кои што требаше да се гради патната инфраструктура на коридорите 8 и 10 и да се модернизира железничкиот сообраќај посебно на Коридорот 10, зборуваме тука дека треба да имаме брза железница од Србија до Грција. По негови зборови, бидејќи, значи прво сакам да истакнам дека тој договор не е објавен, иако тука колегите од ВМРО ДПМНЕ кога бевме заедно со нив во опозиција во минатиот мандат беа најгласни да се објави на пример договорот, сличен договор како договорот на Бехтел и Енка кој што исто во милијарди тежок договор кој што и ден денес не е објавен за сега да имаме некоја слична ситуација. Така да не можеме да бидеме сигурни за колку пари се работи, но можеме по негови кажувања од прилика, мислам дека министерот изјави дека од прилика 3,5 милијарди евра ќе бидат искористени за овој инфраструктурен дел и сега ако ние земеме дека од прилика такви кредити се даваат на 10 до 15 години да земеме каматната стапка, рекоа дека ќе биде под 4,5%, еве дури и 3% да ја земеме вие со вашиот непромислен потег да одбиете бескаматен кредит ќе го оштетите македонскиот буџет за фантастични 850 милиони евра, 850 милиони евра кои што може да одат до милијарда евра затоа што ние не знаеме ние еве дали ќе имаме каматна стапка и на грејс периодот. Е сега ај да видиме како на пример една држава во регионот, а тоа е Србија се поставува спрема кредитирањето на Народна Република Кина. Значи од 2010 до 2024 година Србите имаат земено 4,5 милијарди евра, а од 2000 до 2022 година во рок од 20 година имаат земено од прилика 7,7 милијарди евра. Значи зборуваме до 2025 година сигурно околу 8, зборуваме за 8 милијарди евра кредити од кои што 74% за инфраструктура, 14% за технологија и технологии во рударство, 8% за капитални заеми за српските банки и 3% за заеми во итни случаи кога им требало ликвидност на српските банки, значи зборуваме тука ситуациите со ковидот и за кризата во Украина. Значи тоа е во сите пори во српското општество и бидејќи зборуваме тука за кинески кредити кој што еден од главните услови е тој услов кој што го кажа министерот, а тоа да градат кинески компании ние можеме да претпоставиме дека најголем дел од овие кредити се без каматни кредити или кредити со ниска каматна стапка, 1,1 милијарда од тие пари они ќе ги користат значи за градење на брза пруга слично како кај нас од Белград со Унгарија. Дали мислите вие дека Република Србија дека Србите се наивни или само ние тука одбиваме бескаматни кредити. Народна Република Кина од 2000 до 2023 година има дадено некаде околу 2,2 трилиони заеми во 200 земји во светот. На почетокот тоа кредитирање, најмногу околу пат беше во понеразвиените земји додека сега последните години 3 четвртини од кредитите се во развиените земји се во западните земји и тука јас сакам да поентирам да видиме како нашите стратешки партнери, нашите најголеми партнери се поставуваат спрема кредитирањето спрема евтиното кредитирање, најевтиното кредитирање од Република Кина. Соединетите американски држави земале 200 милијарди долари за над 2500 проекти. Целата Европската Унија 106 и една милијарда долари за над 1800 проекти. Од нив Германија 33,4 милијарди, Франција 21 милијарда, Италија 17 милијарди, Португалија, Холандија по 11,6,7 и нашите стратешки партнери Обединетото Кралство апсолутно рекордери во Европа со 60 милијарди евра земени евтини кредити од Кина. Дали ние мислиме дека тие кредити од Кина се поскапи од кредитот кој што тие ни го даваат нам значи тие ќе земат или кредит бескаматен или 1% или 2 или 3, а на нас ќе ни го дадат 3, 4, 5 и нагоре. Значи најголемиот моментално кредит во светот е Кина која што годишно дава, само 2023 мислам дека има дадено околу 140 милијарда долари, годишно дава минимум околу 100 милијарди долари. Во однос со Соединетите Американски Држави е два спрема еден во кредитирање, а кредитира повеќе и од самата Светска банка. Значи од најголемата финансиска светска институција над 50 милијарда долари Кина кредитира. Соединетите Американски држави скоро целата инфраструктура ја градат за течен гас од кој што ние иронично треба да земаме три-четири пати повеќе поскап гас. Ја градат кредити од Кина, градат нафтоводи, гасоводи. Главните аеродроми во Њујорк и во Лос Анџелес ќе ги реновираат со кинески пари итн. и итн. Значи излегува дека сме ние единствената земја која или нема осет или нема сенс што е тоа национален интерес, а и те како економскиот интерес е национален интерес или едноставно на нас тука ни е забрането да земаме евтини кредити, па ние мораме вака да се задолжуваме. Тоа може и да се види што во последниот период некако симптоматично членови на оваа Влада, претставници на ВМРО-ДПМНЕ и од Собранието се обидуваат да ја доведат Република Македонија во конфликт со Народна Република Кина. Значи работиме за една несфатлива антигонизација. Ние имавме една несреќна средба на заменикот претседател кој што седи позади мене со претставници од Тајван, па потоа гледам се приклучуваме на некој изјави од претставништвото на Соединетите Американски држави во Обединети нации за кршење на правата во Кина. И на крај дури имаме и неумесни изјави и од министерот за надворешни и повторно интересно од потпретседателот на Собранието Милошоски кој што вика дека треба ЕУ да се дистанцира од држави кој што кокетирале со Кина. И по оваа логика како ја што кажав гледаме европските држави апсолутно не се дистанцираат, барем економски. Кина испаѓа дека Европа треба сама од себе да се дистанцира. И сега доаѓаме до прашањето. Прашањето е зошто? Јас не гледам тука други причини освен јас можам да набројам три причини. Едно е како што кажав ние да сме присилени. Значи да прифатиме да бидеме пионче во геополитичките игри. Второ е, толку да немаме сенс само доброволно да се јавиме да бидеме пион во геополитичките игри на штета на неверојатна економска штета на оваа држава од 850 милиони до милијарда евра буквално. И трето, јас не гледам друга причина освен да речеме корупција. Затоа што ако работат кинески фирми многу потешко да се влезе во коруптивно дејанија, додека ако вие 3,5 милијарди евра ги распрскате на фирми на дел странски, на дел домашни и те како, па ќе имаме некој си таму до бескрај и те како можеме да се отвараме за коруптивни дејанија. Така да министер моето прашање е дали нашата Влада, конкретно вашето министерство, било присилено да влезе во оваа трагична игра? А ако не е присилено тогаш која е економската и политичката логика позади овој потег на Владата и на вашето министерство? Ви благодарам. Дополнително прашање Вака, прво, ако е точно дека вашата изјава е извадена од контекст не знам дали забележавте имаше многу бурни реакции во јавноста, многу бурни реакции. Јас сум изненаден зошто не е демантирана. Значи требало да ја демантирате и да кажете тоа не е точно, ние таква понуда не сме добиле и дека треба да се појасни. Јас ќе поставам до вас дополнително прашање и би сакал еве да излезете и конкретно појаснете ја понудата. Ако сте извадени од контекст значи колку била каматната стапка, кинески фирми ли ќе работеле, во кој процент, наши фирми, кинески фирми итн. А што се однесува до вашиот последен коментар па вас ве бираше народот и вас ве избра за вие сега да ја решавате политичката ситуација кога ќе обезбеди подобро кредитирање и тоа од Народна Република Кина од вас. Ви благодарам.