
Дијана Тоска
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 71-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 27 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Што се однесува до почитување на Законите, Владата немаше успех речиси во сите основни европски стандарди. Вклучувајќи го и европскиот процес и ставајќи го во нај голема блокада. Почитувањето на Законот е опасен регрес. Европската Комисија констатира дека немаше ниту едно унапредување во судството. Судството и обвинителството не се ни финансиски независни. Политичкото влијание во судството е зголемена. И притисоците и во обвинителството се документирани. Политичкото влијание и препораките од минатите години не се спроведени. Ова е тешка порака за секоја година која што претендира за отворање на преговорите со Европската Унија. Борбата против корупцијата има нула резултати. Според извештајот ниту еден случај за високите профили не е спроведен. Институциите се не ефикасни, трагичните настани во 2025 година, случајот во Кочани се доказ за не функционирање на државата и ова е тотален не успех на Владата и треба да се бара отчет. Затоа ве прашувам и ве молам да дадете одговор, дали е ова не успех, недостиг на политичка волја или намерно саботирање. Бидејќи Европската Комисија вели дека земјата има не успех во секоја област. Во спроведување на Законот кои ја спречува правдата и дали може да кажете со имиња и дали има луѓе внатре во Владата која што ги пречи овие работи. Европската Унија јасно ни укажа и во извештајот се вели дека препораките за судството не се спроведени. Борбата против корупција има нула прогрес. Во организираниот криминал дека нема успех и значи ова е саботирање на правдата.