Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тоска праша за слободата на медиумите, министерот наведе мерки на Владата

Резиме

Дијана Тоска праша што презела Владата за подобрување на условите за работа на новинарите и слободата на медиумите. Таа рече дека слободата и транспарентноста се во лоша состојба и дека новинарите не се заштитени, повикувајќи се на извештај.

Министерот за дигитална трансформација одговори дека со ребаланс на буџетот биле обезбедени средства за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Македонската радио-телевизија и Македонската радиодифузија. Наведе и измени на Законот за медиуми со кои, според него, онлајн медиумите што ги исполнуваат условите можат да се регистрираат како медиуми, како и започната работа на стратегија за развој на медиумскиот сектор.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Дијана Тоска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 71-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 27 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Третото прашање е за министерот за дигитална трансформација. Слободата на медиумите е речиси е во целосен колапс. Вие може да контролирате неколку медиуми, може да произведувате пропаганди да ги спречите сериозните дебати, но нешто што не може да направите не може да ги манипулирате односите со Европската Унија. Слободата на медиумите не во добра состојба и овдека во извештај се вели дека новинарите не се бранат. И транспарентноста овдека е голем проблем, сериозен проблем. Затоа ве прашувам, што сте направиле вие како Влада да обезбедите што подобар амбиент за работата на новинарите и слободата на медиумите воопшто. Знаејќи дека слободата на медиумите едно од останатите вредности на Европската Унија. За на крај ние нема да молчиме, вие може да имате мнозинство гласови, но немате право да ја штетите и иднината на нашата држава. Може да имате институционална власт, но ја немате моралната кредибилност. Европската Унија во очи ви кажа дека ја носите државата во опасен регрес. Правите или треба да направите реформи или не очекувајте ништо. Ваш е изборот, ние како опозиција ќе бидеме тука секој ден за да ви бараме отчет. Без компромис, без страв и без молчење. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за дигитална трансформација

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 71-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 ноември 2025 година Благодарам потпретседателе, почитуван претседател на Владата, почитувани пратеници благодарам на почитуваната пратеничка за поставеното прашање, што се однесува на слободата на медиумите. Што е направено во изминатата година. Прво да ви кажам каква ситуација наследивме во министерството и во состојбата со медиумите. Иако вам ви е позната имавте двајца министри во министерството за информатичко општество и администрација. Познати се по тоа што имаат кривични пријави за злоупотреби кои што ги направиле за време на нивното минестерување. Прво нешто со кое се соочив ми беше долг кон Агенцијата за аудио визуелни медиумски услуги од страна на Владата од над 3,6 милиони денари. долг према МТВ над 80 милиони денари и нешто помал долг околу 2 милиони денари према Македонската радио дифузија. Со напорна работа со првиот ребаланс на Буџет обезбедивме овие средства на овие не зависни регулаторни и не зависни медиумски тела да им бидат обезбедени за да можат соодветна да ја работат програмата за да вршат контрола од тим надзорот и да изградат радио дифузната инфра структура. По таква ситуација ги оставивте институциите. Второ, со измени на законот за медиуми овозможивме сите онлајн медиуми кои што постојат во државата, а кој што имаат реална, авторска, уреднича политика. Кои што се регистрирани во државата кои што плаќаат даноци во оваа држава да можат да бидат регистрирани како медиуми, нешто што вашата влада претходно не ни помислуваше да го направи. Е сега да ви одговорам зошто тоа се случуваше. Вие можеби се сеќавате, можеби не се сеќавате, има една позната компанија блиска до вашата политичка партија Инфинити Солушнс 2023. Можеби се сеќавате или можеби не се сеќавате на едно презиме Бајрами. Познато презиме во лотарија на Македонија. И можеби се сеќавате или повеќе не сакате да се сеќавате на еден прв вице премиер, втор вице премиер во вашата Влада господинот Артан Груби кои што има и беа сопственици на медиуми во Македонија. Кои што постираа лажни вести, ширеа лажни вести, ширеа дезинформации, клевети против политички на исто масленици кои што навредуваа кои што имаа слобода да прават што сакаат. Во исто време да бидат финансирани од државни компании. Во исто време да учествуваат на избори, да бидат финансирани од политички партии. Во исто време нивните сопственици да работат во државна институции, да бидат шефови на кабинети, да бидат директори. Е тоа време веќе заврши. Во партнерство со медиумите со онлајн медиумите го регулиравме прашањето во Законот за медиуми. А во партнерство со сите медиуми затоа што имавме состаноци цела измината година, започнуваме со изработка на стратегија за прв пат во државата, стратегија за развој на медиумскиот сектор. А таа стратегија за развој на медиумскиот сектор ќе ги исцрта правилата по кои што треба да се однесуваме во периодот кој што следи, дали ќе носиме нов закон за медиуми целосно усогласен со европската рамка за слобода на медиумите, дали ќе сметаме дека треба да направиме чекор повеќе во другите закони, Законот за аудио визуелни медиумски услуги. Но во ниеден момент нема да си дозволиме како вашата Влада да оставиме долг од неколку милиони евра во МРТВ и со тоа да ја загрозиме независноста на Македонската радио телевизија затоа што, ви се допаѓаше или не ви се допаѓаше нејзината уредничка политика, нема со ниеден чекор да ја загрозиме изградбата на инфраструктура во македонска радио дифузија, со ниеден чекор нема да ја загрозиме работата на Агенцијата за аудио визуелни медиумски услуги, а ниту еден од нас не помислува да отвора сопствени медиуми и да шири клевети и навреди за вас, за вашите соработници или за некој трет. Оваа Влада останува посветена на работата во медиумскиот сектор, во партнерство со сите здруженија на медиумските работници, изградувајќи стандарди и нивоа кои што се за почит, а заканите, уцените кон медиумите, омаловажувањата кои што вие ги правевте и обидите за поткуп на медиумите кои што се случуваа во ваше време, сега се веќе минато. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања