
Миле Талевски
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Миле Талевски, поставено на 71-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 27 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Прашањето се однесува на тоа што во јавноста, но и во политичките кругови, интензивно се зборува за нешто што сериозно ја загрижува македонската јавност, дека одредени структури во владата и во ВМРО-ДПМНЕ, активно подготвуваат терен за враќање на Никола Груевски во Македонија и негова амнестија. Се шират информации дека се работи тивко, под радар, со поддршка од лица кои денес се највисоки функции во Владата. Граѓаните имаат право да знаат, дали постојат подземни договори на што и за што се однесуваат. Како пратеник, до мене стигнаа информации блиски на лица до Владата од ВМРОДПМНЕ, кои алармираат дека постои план, сценарио за создавање клима во која бегалецот би се вратил во земјата. Ние одамна гледаме дека Христијан Мицковски и политички и идеолошки се формира по ликот и делото на Никола Груевски. Тој е негов политички ментор, негов учител, негов модел. Груевски одамна е извор на политичка инспирација на премиерот. Мицкоски беше советник на Груевски, беше генерален секретар на партијата, го постави на чело на партијата, тоа се општо познати факти кои што македонската јавност добро ги знае. Дури самите политики што денес ги гледаме на оваа Влада се идентични со политиките на Никола Груевски. Се карактеризираат со злоупотреба на државни институции во партиски цели, злоупотреба на полицијата, злоупотреба на Агенцијата за национална безбедност, злоупотреба на Управата за јавни приходи, злоупотреба на сите инспекции и така натаму. Од друга страна, независни институции, овие замолчувања на неистомисленици се директна политичка хајка директно против опозицијата. Понатаму. Меѓународна изолација, блокирани реформи, обиди за контрола врз судството, тендери, испумпување пари и корупција на секој чекор се само копија на матрицата на нивниот ментор Никола Груевски. Сите знаеме за патувањата на министрите во Унгарија кои се чести и на секои две недели. Претседателката Давкова вели дека не е време за реформи, затоа што е време за војни. Идентични ставови со оние што ги изнесе Никола Груевски од Будимпешта. Сума сумарум, само се потврдува впечатокот дека влијанијата од Будимпешта се многу силни. Овие информации кои стигнаа до нас не можеме да ги игнорираме. Напротив, тука, овде во законодавниот дом, пред македонската јавност, пред целата јавност, ви давам шанса да се произнесете. И ќе ве предупредам да размислите и да одговорите директно и точно. Дали Министерството за правда има поднесено ново, обновено барање за екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски. Доколку не, зошто не. Доколку да, кога е поднесено, до која институција во Унгарија. Прашањето го поставувам до министерот за правда.