Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерството за транспорт вели дека нема надлежност за цените на автошколите

Резиме

Пратеникот Фатмир Битиќи праша дали ќе се преземат мерки по поскапувањето на обуката и полагањето за возачка дозвола. Тој оцени дека вкупниот трошок ја ограничува мобилноста на младите и нивниот пристап до пазарот на трудот.

Министерството за транспорт одговори дека нема надлежност ниту законска можност да влијае врз работата на автошколите или врз цената. Посочи дека правилата за автошколите и утврдувањето на трошоците се во надлежност на Министерството за внатрешни работи, и го упати Битиќи прашањето да го достави до тоа министерство. Додаде дека, според неговите сознанија, надлежни институции веќе вршат контроли.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Фатмир Битиќи

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено на 71-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 27 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Знаете дека во овој период додека во Собранието дебатираме за предлог Буџетот за 2026 година и од вашите сопратијци во пратеничките клупи и колеги во Владата слушаме како идниот Буџет ќе донесе раст на економијата, ќе го зголеми животниот стандард, како инфлацијата ќе се заузда. Сепак реалноста по се изгледа не е баш таква. Растот на трошоците на живот веќе ги напаѓа граѓаните од сите можни страни. Во јавноста овој период се објави дека цените за обука во авто школите за Б категорија се зголемени за околу 30%. Односно од претходните 24 илјади на некаде приближно 33 илјади денари. над 8,5 илјади денари поскапување. Плус задолжителни дополнителни трошоци како што се 250 денари за секоја посета на полигон. По 1500 денари за користење на возило за полагање, задолжително лекарско уверение од 1200 денари. самото полагање пак чини 2,5 илјади денари и така во низа. А кога е за полагањето знаете, е чиста случајност или среќа да положиш од прва. Таму е втора, трета, петта, седма затоа што тоа значи повише пари таму кај што треба да завршат. И така во низа. Трошок по трошок се доаѓа до вкупен износ од прилика 40 до 42 илјади денари за возачка дозвола. Успеавте стекнувањето на возачка дозвола од свечен чин на осамостојување на младите да го направите во луксузна ставка за семејните Буџети. Со нето минимална плата од 24 илјади 379 денари, семејството се најниски приходи се соочуваат со бариера повисока од 1,5 минимална плата за само еден член во семејството да може да полага за возачка дозвола. И оваа е социјална неправда со директни последици по мобилноста на младите. Нивната работливост и еднаквиот пристап до пазарот на трудот. Како социјал демократ сметам дека мобилноста е социјално право поврзано со еднакво пристап до пазарот на трудот, а не привилегија на богатите. Правото на возачка дозвола не смее да стане класна бариера. Со овие цени за жал мобилноста на младите е претворена во привилегија. Ако Владата може со предлог Буџетот во 2026 да извојава милиони денари за мебел, протокол и службени возила. Тогаш има обврска да обезбеди и можности за пристап на праведна мобилност на младите. Бидејќи без мобилност нема еднакви шанси, а без еднакви шанси нема праведно општество. Државата има должност да не дозволува да се крева ценовни огради околу основните права на движење и работата. И затоа почитуван министер Николоски дали ќе се преземат веднаш мерки за овој ценовен шок или сметате дека е прифатливо возачката дозвола да чини повеќе од 1,5 минимална плата и да ја скрати можноста на нашите млади за мобилност и пристап до достоинствена работа. Прашањето го поставувам до министерот за транспорт.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за транспорт

Република Северна Македонија Министерство за транспорт

До: Г-дин Африм Гаши Претседател на Собрание на Република Северна Македонија

Предмет: Одговор на пратеничко прашање поставено од пратеникот г-дин Фатмир Битиќи

Врска: Наш број од 16.12.2025 година 15-7770/2

Почитуван г-дин Гаши,

Во прилог на овој допис Ви доставуваме одговор на пратеничкото прашање од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено на Седумдесет и првата седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 ноември 2025 година.

МИНИСТЕР Александар Николоски

1 Министерство за транспорт на Република Северна Македонија ул. „Црвена Скопска Општина“ бр. 4, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3145 497 www.mtc.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за транспорт

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено на Седумдесет и првата седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 ноември 2025 година.

Пратеничкото прашање гласи:

Знаете дека во овој период додека во Собранието дебатираме за предлог Буџетот за 2026 година и од вашите сопратници во пратеничките клупи и колеги во Владата слушаме како идниот Буџет ќе донесе раст на економијата, ќе го зголеми животниот стандард, како инфлацијата ќе се заузда. Сепак реалноста по се изгледа не е баш таква. Растот на трошоците на живот веќе ги напаѓа граѓаните од сите можни страни. Во јавноста овој период се објави дека цените за обука во авто школите за Б категорија се зголемени за околу 30%. Односно од претходните 24 илјади на некаде приближно 33 илјади денари. над 8,5 илјади денари поскапување. Плус задолжителни дополнителни трошоци како што се 250 денари за секоја посета на полигон. По 1500 денари за користење на возило за полагање, задолжително лекарско уверение од 1200 денари. самото полагање пак чини 2,5 илјади денари и така во низа. А кога е за полагањето знаете, е чиста случајност или среќа да положиш од прва. Таму е втора, трета, петта, седма затоа што тоа значи повеќе пари таму кај што треба да завршат. И така во низа. Трошок по трошок се доаѓа до вкупен износ од прилика 40 до 42 илјади денари за возачка дозвола. Успевањето стекнувањето на возачка дозвола од свечен чин на осамостојување на младите да го направите во луксузна ставка за семејните Буџети. Со нето минимална плата од 24 илјади 379 денари, семејството со најниски приходи се соочуваат со бариера повисока од 1,5 минимална плата за само еден член во семејството да може да полага за возачка дозвола. И ова е социјална неправда со директни последици по мобилноста на младите. Нивната работливост и еднаквиот пристап до пазарот на трудот. Како социјал демократ сметам дека мобилноста е социјално право поврзано со еднакво пристап до пазарот на трудот, а не привилегија на богатите. Правото на возачка дозвола не смее да стане класна бариера. Со овие цени за жал мобилноста на младите е претворена во привилегија. Ако Владата може со предлог Буџетот во 2026 да издвојува милиони денари за мебел, протокол и службени возила. Тогаш има обврска да обезбеди и можности за пристап на праведна мобилност на младите. Бидејќи без мобилност нема еднакви шанси, а без еднакви шанси нема праведно општество. Државата има должност да не дозволува да се крева ценовни огради околу основните права на движење и работа. И затоа почитуван министер Николоски дали ќе се преземат веднаш мерки за овој ценовен шок или сметате дека е прифатливо возачката дозвола да чини повеќе од 1,5 минимална плата и да ја скрати можноста на нашите млади за мобилност и пристап до достоинствена работа.

2 Министерство за транспорт на Република Северна Македонија ул. „Црвена Скопска Општина “ бр. 4, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3 145 497 www.mtc.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за транспорт

ОДГОВОР на пратеничкото прашање од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено на Седумдесет и првата седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 ноември 2025 година.

Во врска со Вашето пратеничко прашање Ве известуваме за следново:

Најпрво би сакал да Ве информирам дека темата околу зголемувањето на цените за полагање на возачкиот испит не засега сите нас граѓаните и колку што сум информиран веќе надлежните институции вршат контроли во однос на одлуката на автошколите за зголемување на цената.

Од друга страна би сакал да потенцирам дека Министерството за транспорт нема никаква надлежност ниту пак законска можност да влијае врз начинот на работата на автошколите, ниту пак во формирање на цената за полагање на возачкиот испит.

Начинот, критериумите и лиценците за работа на автошколите се пропишани во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кој е во надлежност на МВР. Во член 289, став 3 од истиот Закон, се вели цитирам: Висината на трошоците за оспособување на кандидат за возач ја утврдува Министерството за внатрешни работи на предлог на aвтошколите.

Би сакале да додадеме дека во Правилникот за минимални цени за оспособување на кандидат за возач за возила, објавен во Службен весник бр. 134 од 2016 година, а донесен од страна на МВР, утврдени се минималните цени за оспособување на кандидат за возач за возила.

Исто така МВР има донесено Решение за висина на трошоци за полагање на возачки испит, објавено во Службен весник бр. 280 во 2022 година.

Од овие причини, Ве упатуваме конкретните прашања да ги упатите во соодветното министерство.

Со почит

3 Министерство за транспорт на Република Северна Македонија ул. „Црвена Скопска Општина “ бр. 4, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3145 497 www.mtc.gov.mk

Сите пратенички прашања