Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Бочварски праша за напредокот со регионалното поврзување на електронските тагови

Резиме

Пратеникот Благој Бочварски праша дали Владата работи на регионалната иницијатива за поврзување на електронските тагови, со која возачите би можеле да минуваат низ патарини без застанување и готовинско плаќање. Тој побара информации за напредокот и можноста иницијативата да се прошири во регионот.

Министерот за транспорт рече дека со Србија има договор за електронско плаќање патарини и дека се настојува повеќе возила да користат тагови, но не потврди дека синхронизацијата е веќе воведена. Тој наведе и реконструкција на граничните премини Деве Баир и Ќафасан, план за проширување на Богородица и работа на дигитален систем за царински постапки, со цел побрз проток на товарниот сообраќај.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Благој Бочварски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Благој Бочварски, поставено на 71-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 27 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање исто тока до потпретседателот на Владата и министер за транспорт ми е по однос на една добра иницијатива која што успешно ја реализиравме во минатото со Република Србија, а тоа е проектот за синхронизација на македонските таг уреди и српските исто така таг уреди кој што можат да бидат синхронизирани и македонските граѓани да патуваат низ Србија со македонскиот таг без застанување, без контактно плаќање и без готовинско плаќање. Исто така и граѓаните на Србија можат истото да го практикуваат низ територијата на Македонија. Ова овозможува за подобар и полесен транспорт и на патници, на товарен транспорт исто така и секако на промоција на безготовинското плаќање. Овде има уште еден аспект кој што сакам да го споменам а тоа е дека долгите колони од шпицовите од сезоната некогаш може да предизвикаат гужви, метеж, хаос и нервози на патиштата на самите наплатни станици. Понатаму загадувањето на животната средина од тие стотици или илјадници возила кој што стоејќи во место загадуваат. Од ваквите проекти мислам дека имаме вин-вин ситуација за сите и за граѓаните пред се, за нашата држава, за нашите транспортери, исто така за соседните држави. И затоа сметам дека е добар начин да се продолжи да се работи во оваа насока со цел намалување на метежот и на гужвите во летниот период. Се сеќавам тогаш дека пријавија интерес и неколку останати околни земји како Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција и други. И ова беше позитивно искуство и позитивно оценето прашање, односно политика и од страна на европските претставници во земјата кој што тогаш искоментираа дека можеби тие немаат граници помеѓу себе, но ваква иницијатива на поминување на граѓаните од една во друга држава ниту во европските земји се уште не била воспоставена или практикувана. Прашањето ми е дали има некаков напредок на ова поле? Дали нашата Влада работи на оваа регионална иницијатива која што реално дава позитивни ефекти за граѓаните со цел македонските граѓани да можат да ги избегнат големите гужви и метежи по околните земји кога патуваат, но секако и низ нашите македонски патишта.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за транспорт

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Благој Бочварски, поставено на 71-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 ноември 2025 година Благодарам. Прашањето е малку покомплексно и се однесува на повеќе институции не само на Министерство за транспорт но, еве имајќи во предвид дека ние редовно се координираме на седниците на Влада мислам дека ќе успеам да ги опфатам сите одговори. Прво, во однос на забрзување на патување во тек на целосна реконструкција низ два гранични премини на Коридорот 8 тоа е Деве Баир и тоа е Ќафасан. Ќафасан е скоро завршен, Деве Баир е во напредна фаза и веќе одиме на втора фаза каде што треба да се интегрираат сите оние институции кои што се присутни на границата како би можеле целосно да бидат овие два гранични премини реконструирани. Во однос на Коридорот 10 постигнавме договор со Грција да обезбедат грант и се во доста напредна фаза за проширување на сегашните 6 ленти на Богородица на 11 ленти како би имало далеку побрз проток на границата од ова што е сега особено во летниот период. Тоа е нивна обврска и од ова што сум информиран од нивното министерство мислам дека добро оди работата и очекувам на истава оваа серија на состаноци во Брисел да ја потврдиме и таа работа како би можело веќе на пролет да почне да се работи. Со Србија веќе има нели, уан стоп шоп, во однос на патарините гледаме што повеќе да се користи нели, електронскиот таг. Веќе имаше повик Јавното претпријатие за државни патишта и целта е 70% од возилата кои што поминуваат на Коридорот 10 да користат електронски таг додека на Коридорот 8 веќе е предвидено да има затворен систем односно да има застанување само на влез и на излез. Што значи дека влезот во овој случај би бил кај сегашната трета патарина кога патувате од Скопје кон Гостивар тука би бил влез а излез би бил некаде пред клучката кај Подмоље што се дели за Охрид и за Струга а попатно не би требало да има застанување. Така е направен моделот и мислам дека е добар модел затоа што, е брз модел. Во однос на царината работиме еден доста сериозен проект започнат нели, и од претходно морам тука да признам. Се работи за новиот систем њу сингл виндов како што се нарекува кој што веќе го воведуваат Албанија и Србија во прва фаза покрај Македонија. Во втора фаза треба да го воведат и Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Во вторникот на седница на Влада определивме дополнителни средства од 1 милион и 450 илјади евра кој што ќе се додадат на 3 милиони и 800 илјади евра кои што се определени од страна на светската банка. И, идејата е кога ќе се тргне во карго сообраќај односно кога камионите доаѓаат на граница доколку ги имаат претходно електронски пополнето сите документи доколку се им е согласно правилата и процедурите да се препознаваат табличките со соодветни камери кои што ќе имаат во себе и препознавање на таблички и да буквално се отвора рампата и да воопшто не застануваат на граница. Тоа значи дека теоретски доколку одредена роба се истовари во Драч и се носи за Белград нема да има застанување кога истово ќе го воведат и Албанија и Србија на границите а во моментов кога ние ќе го воведеме од прилика е година дена рок за застанување, на нашата страна веќе нема да има застанувања што многу ќе помогне и во делот на редукција на потенцијална корупција на царината затоа што, со самото тоа што целосно ќе биде дигитализирано и веќе оние кои што работат на граничните премини ќе немаат никаква улога во делот на контрола на камионите. Мислам дека сериозно ќе се тој дел намали, секако некои што ги немаат сите документи и не ги исполнуваат условите ќе треба да бидат проверени. Има цел систем тоа што ќе го прави, но идејата е да се интегрираат 10 различни институции. Од Агенција за храна, фито санитарни инспекции и т.н. Управа за Јавни Приходи, да не ги бројам сите. Кој што ќе треба заеднички да работат, да има интероперабилност и да а овој начин се овозможи брз проток на македонските граници и секако намалување на можностите за потенцијална корупција. Секако тука постојат и бројни други работи кои што ги разгледуваме, претходно веќе говорев за железничките премини еве да не се повторувам. Доколку има потреба од дополнителни информации стојам на располагање. Благодарам уште еднаш.

Сите пратенички прашања