
Антонијо Милошоски
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Скопје
До Претседателот на Собранието на РС Македонија г. Африм Гаши
Почитувани, Предмет: Пратеничко прашање
Согласно член 38 и 39 од Деловникот на Собранието на РС Македонија поставувам пратеничко прашање до министерот за здравство, г. Азир Алиу.
До каде е постапката за постапување од страна на ЈЗУ Здравствен дом-Скопје, по укажувањето на Народниот правобранител поврзано со остварувањето на правата по основ на работен однос на Д-р Вера Пеншовска-Николова?
Попрецизно, замолувам да информирате:
1. Дали ЈЗУ Здравствен дом – Скопје ја има завршено постапката за изготвување и донесување на измените дополнувањата на Правилникот за систематизација на работни места, со која треба да се предвиди работно место „Субспецијалист по дијабетологија“, на кое Д-р Пеншовска-Николова, дополнително ќе биде распоредена во постоечкиот кабинет за Дијабетологија?
2. Дали е донесено решение за корекција на нејзината плата согласно стекнатиот степен на образование- звање „Доцент“, во согласност со Анексот за изменување и дополнување на предметниот Колективен договор за здравствена дејност на Република Македонија со коефициент 7.673?
3. Дали ЈЗУ Здравствен дом – Скопје ја има испитано состојбата поврзана со евентуалното нееднакво третирање на Д-р Пеншовска-Николова во однос на други вработени, особено во делот на распределба на дежурства и пополнување часови во службите за кои немаат лиценца? 4. Доколку постапката е започната, кои активности се преземени, кои се во тек и кога се очекува нејзино целосно завршување?
Пратеник Антонијо Милошоски