Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

МВР: Полицаецот е во Полициската станица од Општа надлежност при СВР Куманово

Резиме

Пратеникот Ријад Шаќири побара писмен одговор во која позиција е и каква должност врши полицаецот за кого рече дека на 28 ноември 2024 година не го почитувал албанското знаме.

Министерството за внатрешни работи одговори дека станува збор за униформиран полициски службеник во Полициската станица од Општа надлежност при СВР Куманово. Според МВР, Одделот за внатрешна контрола презел мерки и дејствија, но не утврдил непрофесионално и незаконито постапување.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Ријад Шаќири

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Ријад Шаќири, поставено на 76-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 16 декември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање кое што е до вас би сакал да добијам писмен одговор за полицаецот кој што на 28 ноември 2024 година не го почитуваше нашето албанско знаме во која позиција е тој полицаец и каква должност врши. Прашањето го поставувам до министерот за внатрешни работи.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за внатрешни работи

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Скопје Република Северна Македонија Министерство за внатрешни работи Кабинет на министер

До Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г-дин Африм Гаши

Предмет: Одговор на пратеничко прашање поставено од Ријад Шаќири - пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од 16.12.2025 година

ВРСКА: Ваш акт бр:08-7187/1 од 18.12.2025 година

Почитувани,

Согласно член 42 став 4 од Деловодникот на Собранието на Република Северна Македонија, во прилог Ви доставуваме одговор на пратеничко прашање од Ријад Шаќири - пратеник во Собранието на Република Северна Македонија поставено на Седумдесет и шестата седници на Собранието на Република Северна Македонија, на 16.12.2025 година.

Прилог: Одговор на поставеното пратеничко прашање (1 примерок)

Дополнително Ви го доставуваме на Ваша надлежност

Со почит,

1 Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија Ул.Димче Мирчев бр.9, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3 117 222 www.mvr.gov.mk МКД СЕРТИФИКАТ МКС EN ISO 9001:2015

Пратеникот Ријад Шаќири на Седумдесет и шестата седница на Собранието на Република Северна Македонија на 16.12.2025 година го постави следното:

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Второто прашање кое што е до вас би сакал да добијам писмен одговор за полицаецот кој што на 28 ноември 2024 година не го почитуваше нашето албанско знаме во која позиција е тој полицаец и каква должност врши.

ОДГОВОР

Ве известуваме дека лицето е униформиран полициски службеник (полицаец) во Полициска станица од Општа надлежност при СВР Куманово.

Воедно, Ве известуваме дека од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди биле преземени мерки и дејствија за настанот, при што не е утврдено непрофесионално и незаконито постапување од страна на полицискиот службеник.

Сите пратенички прашања