Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Хасани праша за законската рамка и заштитата на податоците во „Сејф Сити“

Резиме

Пратеникот Илир Хасани го праша министерот за внатрешни работи кои законски рамки го уредуваат проектот „Сејф Сити“, како се штитат личните податоци и каква независна контрола спречува злоупотреби. Праша и како ќе постапуваат граѓаните без мобилен телефон, го критикуваше доставувањето казни преку СМС и е-пошта, како и недоставувањето официјални акти на албански јазик. Побара проектот да се усогласи со европското право. Хасани изрази поддршка за целта за поголема безбедност во сообраќајот, но предупреди дека начинот на спроведување, според него, може да ја наруши довербата и приватноста.

Министерот му се заблагодари за поддршката и се согласи со критиката дека проектот почнал доцна. Тој рече дека земјата заостанува најмалку десетина години и тврди дека во тест-периодот од околу 15 дена драстично се намалиле тешките повреди и бројот на повредени во сообраќајни незгоди. Во одговорот не даде конкретни објаснувања за законската рамка, приватноста, испраќањето казни или употребата на албанскиот јазик.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Илир Хасани

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Илир Хасани, поставено на 76-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 16 декември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Сакам да му поставам на министерот за внатрешни прашање, неколку прашања во врска со проектот Сејф Сити. Почитуван министер, проектот Сејф Сити е многу, многу значаен чекор за зголемување на сигурноста во сообраќајот и културата. Јас како лекар трауматолог подобро од сите може да ја знам ситуацијата што значи. Имплементирање на овој вид на механизам за заштита на јавното здравје и за заштита на граѓаните, бидејќи јас секој ден се соочувам со вакви работи и искрено ви честитам, искрено ви честитам за оваа работа која ја презедовте и која е многу тешка. Критиката е дека си почнал малку касно, си требал да почнеш што порано со овој процес. Критиката е, не само кај вас, туку најголем грев е кај тие пред вас кои значи, оваа постапка не ја почнале тогаш кога требаше, бидејќи јас колку што знам Сејф Сити требаше да се имплементира од 2011 година кога и значи апаратите стигнале тука кај нас. Критиката е, парцијално почнува да се имплементира проектот не опфаќајќи ги мислам дека е смарт систем, мислам дека може, значи не се опфатени другите ризици во сообраќајот. Значи користењето на телефонот или сигурносниот појас и други работи кои реално се главни контрибутори во сообраќајот, значи, за зголемување на несреќите во сообраќајот. Јас денес зедов збор само поради две причини, искрено не сакав да поставам прашање во врска со ова. Но овој толку значаен проект на некој начин ме буни што се деградира и ја губи кредибилноста во очите на граѓаните. На пример, тоа толерирање минимално, апсолутно кое вие ја промовирате како успех, ни стигаат казни со 51, 52 километри на час е загрижувачки за граѓаните и создава страв кај граѓаните. Мислам дека секој граѓанин и лицето кој е најодговорно во сообраќајот, не верува дека ова го правите за јавното здравје, мислат дека имате некоја друга цел, некаде друго. Овој систем има многу значајни финансиски последици и социјални последици, бидејќи директно му задира на граѓанинот во неговиот џеб. Значи го претставувам гласот на граѓанинот во секоја маса, значи Сејф Сити е топ тема помеѓу сите граѓани. Мнозинството на граѓани им се оневозможува движење со нивните автомобили, знаејќи дека јавниот транспорт е на катастрофално ниво во Скопје е многу загрижувачки, бидејќи јавниот транспорт е конзистентен е стар и е недоволен, ако сите граѓани почната да одат на работа без автомобили или со јавен транспорт. Ова за мене не е олеснување за граѓаните, но е многу голем товар за граѓаните. Втората причина, ако се имплементира овој проект, нашата држава зема еден апсолутно недемократски правец, бидејќи почитуван министер начинот како се спроведува е ризичен за демократијата, приватноста и довербата кај граѓаните. Граѓаните ова го осеќаат многу лош имплементирањето на овој проект, бидејќи сме под набљудување со камерите кои регистрираат, тие се смарт камери кои анализираат, идентификуваат, значи контролни механизми имаме многу малку и ни јас, ни граѓаните не знаеме за контролните механизми. Секоја демократија, за секоја сериозна демократија ова ќе биде црвен аларм и вие не убедувате дека се е нормално во нашата земја. Европа не се создава со камери и со контрола со камери, Европа се гради со закон, давање на отчет, одговорност и почитување на слободата на граѓаните.

Ве молам, конкретно прашање, кои законски рамки јасни над кои функционира Смарт Сити, особено од аспект на заштитата на личните податоци контрола на камерите и контролата на независната институционална контрола над евентуалните злоупотреби на тој систем. Друго прашање господин министер, што ќе настане ако еден граѓанин одбие да има мобилен телефон. Ниту еден телефон или емајл и поради ова нема да може значи да ја прифати казната која му стигнува на тој телефон кој е и не егзистентен. Имаме многу такви луѓе, многу стари луѓе немаат телефони мобилни и до крајот на животот ќе се оспорат, односно нема да имаат телефони. Во исто време го критикувам испраќањето на казните испраќањето по СМС или е-мајл адреса. Јас лично не ги отворам кога ми стигнуваат на СМС, бидејќи ние сме во опасност од фишинг или крадење на личните податоци. Јас лично не ги отворам тие линкови и мислам дека со оваа практика значи не ставате незаштитени нас. Друго многу значајно прашање е, сите званични акти не се доставуваат почитуван министер на албански јазик што претставува сериозен проблем, не прифатлив и е во директна спротивност и со Уставот кој обезбедува наша еднаквост и во спротивност со Законот за користењето на јазиците кои ве обврзува да го користете албанскиот јазик во сите форми, во сите формулари и е во спротивно со главниот принцип со ефективната правна заштита бидејќи кога званичните акти не се доставуваат на албански јазик, граѓанинот ова го разбира дека, фактички него му се одзема правото на жалба што е кршење на принципот на државата. За на крај господин министер дали ургентно ќе го разгледате проектот Сејф Сити и да го хармонизирате со Законот на европското право или понатаму ќе не оставите во неизвесност.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за внатрешни работи

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Илир Хасани, поставено на 76-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 16 декември 2025 година Најнапред ви благодарам за поддршката која што ја давате за имплементација на овој проект, затоа што ќе е потребна и како пратеник и како доктор. Се согласувам дека во рамки на вашата професионална активност која што сте ја имале во животот како доктор и те како може да посведочите од лично искуство, што се може да биде како последица на непочитување на сообраќајни правила. И мислам дека суштински може да ни помогнете, кога велам може да ни помогнете, говорам за македонските граѓани без оглед дали се тоа Албанци, Македонци, Срби, Турци, Власи, Роми и така натаму да си ги зачуваме колку што може повеќе во нашата држава живи и здрави. Тука сте помагале и во рамки на вашиот професионален живот, ви благодарам за тоа, ама сега имате шанса да помогнете и како пратеник. Е сега, јас се извинувам што времето е толку кратко, навистина за 4 минути невозможно е да одговорам, јас запишав 10 прашања кои што ги поставивте. Но, уште еднаш еве сакам да се заблагодарам за поддршката која што ја давате кога станува збор за борба на државата да заштити еден човек, плус во рамки на своите можности, тоа е наша одговорност. Одговорност на државата е да даде се од себе за да ги заштити животот и здравјето на своите граѓани. И се согласувам во целост со критиката дека касно го почнуваме овој проект, апсолутно се согласувам. Зошто? Заради тоа што компаративно гледано скоро секоја една земја членка на Европска Унија веќе длабоко ги имплементира, но која е пред 10, која е пред месец, два, касниме да речам, најмалку касниме едно десетина години во имплементацијата на овој систем. Јас само сакам да потенцирам една битна работа, една важна работа која што ја увидовме за овој тест период од петнаесетина дена, еве да речеме половина месец, која што посебно е констатирана од ваша страна, од страна на професионалците, на докторите кои што работат на траума. А тоа е дека драстично е намален бројот на тешки телесни повреди и бројот на повредени во рамки на сообраќајни незгоди со непочитување на сообраќајни правила од кога сме отпочнале дури и со тест фаза за имплементирање на овој безбеден град таканаречен како проект. Што ми е многу мило и многу ми е драго, особено имајќи предвид дека просекот во Македонија, на жалост последниве петнаесетина години е 145 лица,, наши луѓе, наши граѓани, наши комшии, пријатели, членови на фамилиите и така натаму, кои што сме ги изгубиле секоја една година, последниве 15 години. Пак ќе повторам, вие тоа и од лично искуство го знаете, просекот е 145, можеби сме најлоши во Европа, катастрофа. Е сега што треба да направиме, треба да почнеме и навистина очекувам поддршка од секој еден пратеник во ова Собрание, без оглед дали доаѓа од редовите на власта или од редовите на опозицијата, заради тоа што во имплементацијата на овој проект нема политика. Во имплементацијата на овој проект нема Албанци, нема Македонци, нема професори, нема доктори, нема адвокати, нема земјоделци, буквално во имплементацијата на овој проект говориме за спасување на човечки животи кои ги губиме секојдневно, најмногу во Европа. Како за пример, ако во една Хрватска просечно годишно гинат на милион жители тоа е реперот, негде околу 65, Словенија околу 55, Германија, Австрија околу 40, 45, Шведска, Данска, Норвешка, скандинавските земји негде околу 20, кај нас докторе на жалост просекот е, по милион жители е негде околу 80. И тоа не денес само така или 2025-та,

2024-та, тоа е 15 години наназад, катастрофа сме. Што треба да направиме? Треба да почнеме. Каде треба да почнеме? Овде треба да почнеме. Собранието треба да ги донесе сите оние закони кои што денеска поминаа, се надевам дека ќе дадете максимална поддршка на истите, дали негде ќе згрешиме, да. Дали нешто може да го подобриме нешто во иднина, да. Ама мислам дека мора да се сложите, дека мора да почнеме. Ќе ги решаваме сите проблеми кои што ќе произлезат во иднина. Мора да почнеме, 145 жртви имаме.

Сите пратенички прашања