Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Пашоли праша за спорна терминологија во учебникот по географија

Резиме

Пратеничката Арбана Пашоли праша за терминологијата во учебникот по географија за седмо одделение. Таа наведе дека се користат називот „Косово и Метохија“ и словенски имиња на реки, и праша какви мерки се преземени, дали учебникот ќе биде повлечен и коригиран и како ќе се обезбедат одговорност и точност во иднина.

Министерката рече дека во учебникот стои „Метохија“ наместо „Дукаџинска рамнина“ и го оцени тоа како застарен термин и можен превид, а не како намерна националистичка тенденција. Таа посочи дека учебникот ја наведува Република Косово како независна држава. Според министерката, дигиталната верзија е исправена, издавачот е известен и се подготвува адендум со исправката за хартиена достава. Таа не одговори изречно дали учебникот ќе биде повлечен, но рече дека од одговорните ќе побара поголемо внимание во иднина.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Арбана Пашоли

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 76-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 16 декември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Првото прашање е за министерката за образование. Едукацијата на нашите деца е основата на едно одговорно општество. Учебниците не се само средства за учење. Тие се патоказ за формирање на идентитетот, но и за запознавање на историјата и учење на учениците. Секое училиште треба да ги почитува стандардите и да промовира соживот и толеранција. Меѓутоа во учебникот за географија која што е издадена од Тримакс во учебникот за 7 одделение на 5-ти август 2025 година констатирани се навредувачка терминологија и навреда кон Албанците. За што станува збор поточно. Во овој текст ќе дадам два примера. Косово се претставува како Косово и Метохија употребувајќи српска терминологија и негирајќи ја нејзината независност и реките исто така и реките се претставувани со имиња, со словенски имиња. Значи овдека имаме непокажување на идентитетот каде што влијаат на директен начин на учениците и што се однесува до историјата и територијалниот дел. И ако беа неколку ветувања овие корекции се направени само он лајн, но материјалот се учи сеуште од тие учебници и значи ги информираме децата со неточни информации. Имам неколку прашања би сакала да ни кажете, какви мерки сте преземале во однос на овој текст и дали се направени обиди за да се тргне овој учебник и да имаме коригирана верзија и какви мерки ќе се преземат во текстовите на учебниците во иднина и да не ги учиме и децата со неточни информации и наратив кој што е националистички и институционалната одговорност и политичката околу издавањето на овој учебник во 2025 година и како ќе гарантирате одговорност и транспарентност.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 76-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 16 декември 2025 година Благодарам почитувана пратеничке, драго ми е што го поставивме ова прашање затоа што навистина треба да се разјасни. Да, во учебникот за седмо одделение наместо Дукаџинска рамнина стои Метохија. Коректен е застарен термин кој вообичаено во овие предели бил употребуван што според мене укажува дека не е намерно направен и не е националистичка тенденција особено не од Македонија, нели оти ние таму, барем вас ви е јасно немаме никакви претензии, Македонија ја признала Република Косово и во учебникот пишува дека е тоа независна Република Косово, нели која е држава на Балканите. Тука мислам дека немаме никаков проблем. Согласно сум дека можеби е направен превид и дека еве јавно изјавувам дека авторите кои нема да се осовременат и нема да користат современа терминологија се доведуваат себеси во опасност да бидат ставени на црна листа како што и рецензентите треба да бидат многу повнимателни. Она што го преземавме е направена веднаш до моментот кога дознавме дека ова се случува исправка во дигиталната форма на учебникот и сега на веб страниците вие можете тоа да го видите. Дополнително во моментот информирана е фирмата, нели издавачот што се случило, информиран и е преведувачот, нема тој одговорност, но можеби можел да интервенира. Но не е негова одговорност, нема таква обврска и во моментот се подготвува адендум на учебникот во кој ќе биде и хартиено доставено секаде каде што треба ќе биде доставена исправката. Но, зошто сум ви дополнително благодарна, јас постојано веќе 5 години зборувам за улогата на наставникот. наставникот има полно право на децата да им објасни за што станува збор, односно да го даде ова образложение кое јас го давам. Јас ве молам сега да не ме разберете погрешно, но имам потреба и чувствувам дека е важно и вам и нас сите други да го искажам во однос на ова прашање и дополнителниот став. Ме загрижува зошто вие кој живеете во Македониј, кој сте пратеник на Македонија, кој користите здравство, не само вие, сите ние граѓани на оваа држава сме позагрижени за случувањата во други држави отколку во нашата сопствена држава. Ако сите заедно ги браневме македонските интереси, промената на знамето, промената на името, потпишувањето на штетни договори за оваа држава, ќе бевме сите заедно многу посилни, ќе имавме подобра комуникација по со време ќе ни кажевте дека се промениле некои нешта за авторите да знаат и ние ќе бевме држава како што треба да бидеме силна и моќна. 5 години кажувам дека оваа наша заедничка држава, дека ние заеднички треба да ја градиме, дека ние заеднички треба се бориме за нашиот заеднички идентитет кој содржи многу различности и етникуми, а не да се расправаме на темата вие сте националисти, вие сте националисти итн. Ако во здравството како што рече Илир не треба да има политика во Законот за сејф сити, во образованието па ич не треба да има политика. Јас се надевам дека ова образложение е соодветно за учебникот повеќе ќе внимаваме во иднина односно јас само можам да барам од одговорните повеќе да внимаваат за да не се случи вакво нешто. И ако дозволите на крај да бидам малку и нели така малку поотворена. Ако патувате кон Феризај ќе видите на патот за Феризај дека има Урошевац и Феризај, нели знак кон градот, што не значи дека државата Косово е оштетена, ниту пак државата нели друга соседна има некаков преголем успех кога станува збор за општо добро. Ако станува збор за општо добро битно е учениците да се стекнат со знаење и компетенции и вештини, а ние сите заедно да им помогнеме во тоа.

Сите пратенички прашања