Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Даути праша за дојавите во тетовските училишта, министерот наведе дека се применува протокол

Резиме

Пратеничката Илире Даути праша за осумте аларми за бомби во гимназијата во Тетово, прекините на наставата и безбедноста на учениците. Таа побара да знае дали постои државен протокол за реакција и превенција и какви мерки презема МВР за безбедноста и продолжување на наставата. Во прашањето спомена и дојава во тетовското економско училиште.

Министерот за внатрешни работи одговори дека МВР применува антитерористички протокол при дојави за бомби и дека во одредени случаи тој предвидува евакуација. Тој рече дека дојавите во минатите случаи се покажале како лажни, а откривањето е тешко бидејќи често се испраќаат од привремени електронски адреси. Според него, МВР презема дејствија во рамки на своите надлежности, а безбедноста во образовните установи е приоритет.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Илире Даути

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Илире Даути, поставено на 76-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 16 декември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Првото прашање е до вас господине Тошковски, бидејќи уште на почеток би сакала да укажам дека ова не е прашање кое што се однесува со политичка полемика, но повеќе станува збор за безбедноста на нашите деца и одговорноста која што ја има државата околу безбедноста. Ова прашање ќе го поставам и како родител на девојче средношколец. Таа ме извести дека уште еднаш имале аларм за бомба и тие биле принудени да го напуштат објектот. Тоа е првото прашање. И да не бев родител бидејќи е за безбедноста на учениците и за институционална безбедност што се однесува дека треба да бидат безбедни граѓаните воопшто. Во гимназијата во Тетово има 8 аларми за бомби и децата се принудени да ја напуштат наставата без јасен протокол околу начинот како излегуваат од објектот без да бидат заштитени и без надзор. После тоа бидејќи јавниот транспорт има фиксен редослед и има ученици кои што се дојдени од подалечните места остануваат и немаат превоз. Учениците протестираа пред објектот на Министерството за внатрешни работи во Тетово и денеска не е одржана настава. Како што изгледа ситуацијата е уште потешка бидејќи денес во 9 и 30 добиле известување за бомба и во едно друго средно училиште, во економското училиште во Тетово каде што и денеска таму немаше настава. Во меѓувреме родителите се обратија со барање до институциите и до Министерството за внатрешни работи и преку тоа барање тие бараат ако до 16.12.2025 година немаме официјален одговор околу ова барање ќе се мобилизираат заедно со учениците и родителите да излеземе на протест околу нивното барање околу тоа дека пред најавите за бомби и после контролите кои што ги прави МВР во објектите на училиштата немаат потврда дека објектот е безбеден и не можат да се вратат во образовниот процес. Сето ова е направено бидејќи ние како родители и граѓаните да го почувствуваат ова вознемирување, бидејќи мислам дека е претерано. Јас имам неколку прашања кои што се однесуваат за истото. Значи имам и некои потпрашања, но ова е цело едно прашање. Значи зошто 8 најави за бомби не се прифатени сериозно. Друго што е значајно за нас е дали има државен протокол за реакција и превенција и зошто до сега не е спроведено во гимназијата во Тетово. Какви мерки ќе се преземе МВР за да гарантира безбедност на граѓаните, на училиштето и сигурност за да продолжи едукативниот и образовниот процес. Бидејќи овде е и министерот за образование и фазата кога треба да биде концентрацијата поголема еве учениците во гимназијата и во други училишта се соочуваат со ваков проблем. Значи за сето ова немаше добиено сериозен одговор и ова повеќе е како една атентатива а не да се менаџира ситуација, туку да се нормализира дека децата одат на училиште и се земаат такви одговори.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за внатрешни работи

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Илире Даути, поставено на 76-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 16 декември 2025 година Би сакал да истакнам дека во изминатите години ова беше доста вака горчлив проблем и кој што е подолготраен. Не е карактеристика само за Тетово како град, туку ваков тип на лажни дојави за бомби во изминативе години имаше во повеќе градови низ Македонија, особено во рамки на главниот град. Морам да истакнам дека Министерството за внатрешни работи уште пред мое доаѓање во рамки на истото, овој проблем како огромен, горчлив проблем пробувало да го реши на еден, друг, трет начин, малце потешко се справуваше на почетокот, говорам пред три и повеќе години, со тоа што во соработка со нашите меѓународни партнери има изготвено еден антитерористички Протокол, кој што се применува буквално во секој еден случај кога станува збор за било каква дојава за бомба, без оглед дали станува збор за дојава во рамки на училишно образовен процес, спортски комплекс или било кој друг објект каде што имаме поголемо движење на граѓани. И, согласно истиот Протокол е постапувано во изминатиов период во секој еден случај кога имало таква дојава за бомба, или бомби. За среќа, сите дојави од овие случаи во минатото се покажале како лажни дојави, што не нѐ остава, секако можам да напоменам, рамнодушни на ваквиот начин на нелегални дејствија, туку напротив, будни и нѐ задолжува да постапуваме согласно оној антитерористички Протокол кој што го имаме, како што е и постапувано во сите претходни случаи кога сме имале ваков тип на нелегални активности од страна на непознати, најчесто провокатори, еве така да ги наречам. Факт е дека и многу поразвиени земји од Македонија го имаат истиот проблем и се борат на многу сличен начин со ваков тип на лажни дојави, како на територија на Европа, така и на други континенти. И, факт е дека ваков тип на дејствија предизвикуваат немири, вознемиреност кај граѓаните и тоа е нормално. Сакам да ве уверам дека постапуваме согласно стандарди и протоколи како и останатите европски земји, соодветно делуваме, делуваме и превентивно во рамки на сите оние дејствија кои што треба да ги преземеме, но факт е дека мора да, кога има ваков тип на дојави на бомби, согласно Протоколот во одредени случаи мора да се напушти објектот, мора да изврши евакуација и така натаму. Сега не би навлегувал во детали, имајќи го во предвид времето кое што го имам на располагање. Но, морам да не се сложам со вас дека Министерството за внатрешни работи не постапувало согласно Протокол, не преземало дејствија, не знаело како треба да постапи и така натаму. Напротив. Многу добро знаеме кои дејствија треба да се преземат. Дејствијата се преземаат согласно утврден Протокол и за разлика од пред повеќе од две и пол, три години, сегашниот начин на справување со ваков тип на предизвици, ценам дека е многу подобар и дава многу подобри резултати. Проблеми дали има? Има. Дали се трудиме колку што може максимално побрзо да ги отклониме, посоодветно да изреагираме и така натаму, меѓутоа, секако дека безбедноста на нашите граѓани, особено во рамки на образовните институции е прв приоритет. Ве уверувам дека максимално се преземаат дејствија во надлежност на Министерството за внатрешни работи и досега немаме детектирано фактичка состојба која што би можело да, не дај Боже, не доведе во рамки на одредени несакани дејствија, кога говориме за ваков тип на нелегални активности. Откривачката дејност, морам да истакнам дека е многу тешка, заради тоа што станува збор најчесто за дојави кои што се испраќаат од страна на привремени и-меил адреси кои што веднаш по испраќањето се недостапни за органите за прогон. Не само за нас, туку и за, пак ќе повторам, многу поразвиени земји од Македонија, но постапуваме согласно она кое што ни е утврден протокол и слободно можам да кажам дека многу подобро се справуваме од она кое што на почетокот кога започнале ваквите предизвици, Министерството можело да одговори.

Сите пратенички прашања