О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Драгана Бојковска, поставено на 78-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 25 декември 2025 година Министерот за образование и наука Весна Јаневска Почитувана пратеничке Бојковска, ви благодарам за ова прашање затоа што, сметам дека јавноста треба да е информирана. А, тука има уште една порака, вие како млад човек се грижите за младите луѓе во Македонија затоа што, тие преку наставниците дефакто го добиваат она што е најважно и најскапо во нивниот живот а тоа е образованието, воспитувањето, воспитанието всушност знаењето, вештините и се она што ќе им биде неопходно за во иднина да си обезбедат пристоен а јас се надевам и луксузен живот во идната прогресивна Македонија за која вие секако до принесувате. За да не се мачат наставниците ако слушаат уште еднаш ќе ви кажам дека ќе потврдам дека всушност оваа Влада за следните 4 години потпиша Договор со СОНК во која се дефинирани покачувањата на платите на наставниците. За разлика од минатите Влади каде што тие беа приморани да штрајкуваат при тоа зборувам и за последниот голем нивни штрајк во Владата на СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ. Сега наставниците воопшто нема да имаат потреба од такво нешто бидејќи во Договорот децидно е напишано. Вика: Во првата година ќе добијат 7 и пол до 10%, во втората година 7 и пол до 10%, во третата година 7 и пол до 10% и четвртата година 10% до 12% покачување на платата што всушност значи најмалку 60% покачена плата во 4 години. Наставниците беа задоволни затоа што, во првите 6 месеци од доаѓањето на власт на оваа Влада платата им беше два пати покачена. Уште во втората половина на годината а ние дојдовме на власт во јуни, платата беше покачена во октомври 5% а седната година значи оваа година во март уште 7% што не е само 12% туку е повеќе 12% покaчување. И, дополнителните покачувања што ги очекуваме јас повторувам најмалку 60% плата за наставниците. Зошто ова е добро? Ова е добро и тие се задоволни затоа што, се сигурни во она што ги очекува, предвидливо е она што ги очекува во следните 4 години и не мора да се грижат за тоа. Затоа што, државата однапред се погрижила да им ја пружи сигурноста а зошто е пак важно Владата и државата да им ја пружат сигурноста на наставниците е затоа што, тие се основната клучната, најважната, најсилната карика во системот на образованието или ако сакате по едноставно во образовниот процес. Од наставниците зависи дали ќе се имплементира закон, од наставниците зависи дали ќе се имплементира стратегија, од наставниците зависи колку ќе научат учениците, од наставниците зависи што тоа што ќе научат учениците ќе се имплементира утре во животот. Од наставниците зависи каков ќе биде односот на родителите кон образованието и многу други нешта. Од тука оваа Влада им посветува особено внимание на наставниците не само преку зголемување на нивните примања за тие да се чувствуваат безбедни и да можат да се посветат на својата професија. Туку и со други нешта кои на нив им се неопходни. Она што исклучително многу им е неопходно на наставниците е до едукацијата или дополнителното доживотно образование кои тие треба да го имаат затоа што, нештата и во образованието се менуваат како што се менуваат во целото општество особено како што се менуваат да речеме во технологијата. Сосема е јасно дека не можеме да очекуваме децата кои имаат смарт телефони, смарт табли, таблети да се однесуваат кон образованието како децата кои ја познавале само зелената табла и кредата. Од тука потребите на учениците но и потребите на родителите се променети па, и наставниците кои пред многу години завршиле факултет и се бавеле со поинаков тип на деца, сега треба да го променат начинот на едукација. За тоа им е потребна помош и за тоа да го стори е должна државата. Па, затоа од моментот на доаѓање на оваа власт на чело на државата до денес се вложени 700 илјади евра за едукација на наставниците и продолжуваме понатаму со нивно образование, тренинзи на разни теми. Тие имаат каталог на вештини но овој пат одредивме и приоритетни едукации на наставниците во правец на она каде што нашите деца покажуваат најмал успех. Па, ако нашите деца покажуваат мал успех во читање и разбирање ние обезбедивме обука за наставниците како да ги поучуваат децата на читање и разбирање. Ако пред години се барало децата само да меморираат и наставниците тоа го исполнувале сега се бара читање и размислување и наставниците ќе добијат обука за тоа да го направат. Она што е приоритет е користење на дигиталните алатки и вештачка интелигенција. Наставниците добија курсеви, не сите но ќе продолжат. Добија едукација за употреба на вештачка интелигенција во училиштата. Наставниците добиваат и други едукации кои се потребни. Зошто ги набројувам оти тоа е влог во образованието и тоа е влог во наставниците. Кариерно унапредување добија значи не е само платата тоа сакам да потенцирам. Добија конкурс за ментори и конкурс за советници, што го немаа минатите години. Тоа е дополнителен додаток на платата. Значи, оние кои што ги исполниле условите да станат ментори и наставници и за прв пат стручни соработници. Конкурсот веќе се решава, при крај е. Тие ќе добијат дополнителни средства на платата. Советници никогаш не им беше распишан конкурс иако го имаше во Законот. Тие сега ментори што ќе бидат избрани во наставници во советници ќе добијат дополнителен додаток на платата. Па, така платата на наставникот - ментор стигнува до 58 илјади денари а сега платата на советниците ќе ја надмине и оваа сума. Се разбира за која сума зборувам. За наставници, за кои наставни зборувам? За наставници што имаат подолго годишно искуство, наставници кои се класни раководители и наставници кои се ментори може да достигнат оваа сума. Од тука стимулацијата да ги исполнат условите за да станат ментори, советници, кариерни советници им пружаме многу можности. Овозможуваат разни додатоци на платата кои се и дел загарантирани со колективниот Договор. Значи, државата води сметка како наставниците да имаат поголеми примања оти е секогаш платата нели, основната плата се знае како се стекнува, минималната, коефициентот на работното место но, сега им пружаме можности и на друг начин да си ја зголемат платата. Повторувам бидејќи сме минута до крај, првата година 7 и пол до 10%, втората година 7 и пол до 10%, првата добија 12% значи, третата година 7 и пол до 10%, последната 10% до 12% што значи над 60% зголемување на платата без овие погодности за кои што јас зборував. Без едукациите кои се бесплатни, без додатокот за ментор нели, на таа зголемена плата без додатоци за советници, без додатоци за класни раководители, без додатоци за работа во рурални средини и т.н. Се разбира дека државата и натаму ќе води сметка за наставниците. Тие се исклучително важни, доколку така како што предвидува оваа Влада. Економијата се придвижува нагоре, овие проценти секогаш може да се зголемат без оглед што ние сме ги потпишале. Ова е минимумот кој тие ќе го добијат доколку Буџетот дозволува секогаш можат да добијат повеќе од овој минимум за кој што јас во овој момент зборувам. Ви благодарам. Дополнителен одговор: Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Благодарам потпретседателе. Почитувана пратеничке точно е тоа како констатација дека по изборот на оваа Влада се соочивме со би рекол многу предизвици. Меѓу другото беше и оној дел за кој што вие говоревте, а тоа е неисплатените плати, долговите, заемите кои што беа земени а не беа покриени. И не беа само овие институции. овие се институции кои што во јавноста ние ги зборувавме Пошта, Национални шуми, Водостопанство. Имаше и многу други институции кои што не само што немаа добиено плата, туку не беше извршено усогласувањето на нивните плати со оние вештачки поткренувања на минималната плата која што ги правеше претходната Влада. И мене ми е навистина жал што од оваа лева страна, од страната на опозицијата на овие пратенички прашања, а во кој што во суштина треба да се тие да поставуваат прашања, а нема никој. Се подготвуваат пола саат пред време, претпоставувам за паузата, па потоа излегуваат во јавност и кажуваат вака било, така било, онака било. А суштината е дека кога треба да се тука на пратенички прашања за жал нив ги нема. И тоа е тоа. или пак доаѓаат поставуваат прашање, па си одат и воопшто не седат овдека. Ако ништо друго барам колегите пратеници да покажат почит. Или па има и такви кои што никаде ги нема и доаѓаат само за да постават прашање, па пак си одат. Помали или поголеми опозициски пратенички групи, не е битно кои се и како се. Но тоа е нивен проблем. Ние сме избрани од граѓаните. Имаме голема одговорност од секој агол, од секој избори и од секоја победа одговорноста е се поголема и мора така се однесуваме зрело, достоинствено. Затоа што оваа Влада е последната надеж за граѓаните и мораме да ја оправдаме таа надеж. Што се однесува до К-15 мината година за прв пат беше исплатена некаде околу милијарда денари. Така ќе биде и оваа година. веќе се исплаќа сега некаде повеќе, некаде помалку. Еве министерката за образование кажа дека и во образованието тече исплатата. Некаде е завршена, некаде до крајот на годината ќе се заврши. Истото важи и за целокупната администрација. Но она кое што е поважно што се уште од опозицијата се обидуваат даги манипулираат граѓаните, посебно кога станува збор за битката со стандардот на граѓаните. Јас тука би се задржал и оние нивни би рекол испостави кои што се уште функционираат. Неколку министерства по нашето доаѓање се соочија со тужби од страна на вработените на тие министерства во насока на тоа дека прво им било ускратено правото за К-15, а второ не биле усогласен работните места и платата која што зимаат соодветно на зголемувањето на минималната плата. Можам да ви кажам дека, еве тука и министерот за одбрана, десетици милиони евра плативме оштета по основ на тужби поради ваков тип на неусогласености. Министерот за внатрешни ќе ви каже исто. И таму исто во Министерството за внатрешни работи десетици милиони евра плативме како Влада затоа што некој претходно не ги усогласил. И сега кога е логично ќе поднесете кривична пријава за тоа. Ќе ви речат а, ова е политички прогон. И тоа каде кривичната пријава? Кај обвинителот кои што тие си го избрале. Нема политички прогон. Многу едноставно. Го оштетиле Буџетот затоа што мислеле дека на тој начин треба да се однесуваат. За тоа ние сега плаќаме камати, а Буџетот го полнат граѓаните. Многу едноставно. Тој Буџет кој што вие ќе го оштетите треба кривично да си одговарате. Најмалку право имаат овие што не се тука да зборуваат за стандардот на граѓаните бидејќи кога имаа можност 7 години тоа не само што не им беше приоритет, туку тоа им беше на дното на нивните приоритети. Истото ова го говорам и за оние кои што доаѓаат, напаѓаат и си заминуваат и најчесто немаат одговор на второто прашање, а на третото сигурно немаат. Така што јас би сакал да испратам една силна порака до граѓаните. следната година ќе биде прилично предизвикувачка. Треба да вратиме повеќе од 2,2 милијарди евра. Стари долгови, буџетски дефицит, еврообврзница земена по рекордни камати со 7,5% за 4 години. Тоа е свесно уништување на државата. Свесно уништување на државата во 2022 година само за да се премости, само за да се исплати некаков аванс, за да се земе однапред провизијата. Јас велам душмани да биле па вака немало да се однесуваат. Но добрата вест за граѓаните е што оваа Влада има план. Средствата ги обезбеди, така што следната година да бидат сите спокојни се ќе биде тековно, редовно и се ќе биде онака како што треба. Ќе има и К-15, ќе има и пари за покачување во образование, и во здравството и во останатите институции соодветно на она кое што сме се договориле. Од друга страна исто така преговараме со синдикатите за зголемување и на платите на административните службеници. И веќе тие преговори се во по одмината фаза. Месец кога тие се усогласуваат е март, а се добиваат тие плати во април. Мислам дека сме на добра патека и мислам дека ќе успееме и овие кои што ги заслужиле одамна тие зголемувања да ги добијат со оваа Влада и тоа повторно тој план нема да биде купи ден-продај. Туку ќе биде долгорочен план за следните 3 до 4 години. Затоа што како Влада поставивме принцип на функционирање не денес за утре, купи ден-продај, туку некој одржлив план на би рекол среден период од 3, 4, 5 години и така зрело ќе се однесуваме. Така што и покрај оние предизвици кои што следната година ќе бидат големи, жестоки. 700 милиони евра е само еврообврзницата која што треба да ја вратиме во април месец земена во 2022. Оваа година вративме 500 милиони евра еврообврзница без при тоа да издадеме туку дел од заемот кој што го земавме од наша пријателска Унгарија го искористивме токму за таа цел да ја вратиме таа еврообврзница која што претходната Влада на СДСМ и на ДУИ што ја земала. Исто така сакам да ви кажам дека 500 милиони евра следува нова еврообврзница во 2027 година и нови 700 милиони евра еврообврзница следува следната 2028 година. Така што овој мандат е мандат кога ги враќаме долговите на претходната Влада. И ги репроектираме не за следната Влада, туку за некоја после две, три Влади. Едноставно тоа е вистината. Секој оној што мисли дека вистината е поинаква не, ова се вистините. 25-та еврообврзница, 26-та еврообврзница, 27-ма, 28-ма. Се се тоа долгови на претходната Влада. И спорадично заеми по стотина, двеста, триста милиони земени од останати комерцијални банки. И на тоа кога ќе се додадат државните хартии од вредност отприлика секоја година просечно треба да вратиме помеѓу милијарда и петсто и милијарда и осумсто милиони евра, ако направиме некаков просек. А следната година е рекордна од 2,2 милијарди евра. Исто така ќе ми дозволите сосема на крај да испратам уште една порака која што мислам дека многу важна дека ќе продолжиме и во следната година со инвестицискиот бум во градежништвото носењето директни странски инвестиции. Зошто ни е се ова битно? Затоа што на тој начин расте бруто домашниот производ, а колку бруто домашниот производ повеќе расте толку е поголем стримот, приходите во рамките на Буџетот и толку повеќе ќе имаме можности за повеќе плати, К-15 за административците итн. Ќе продолжи да расте и минималната плата, продолжува да расте просечната плата. Еве вчера објавија. Дали е доволно? Не е, треба повеќе. Објавија вчера Државниот завод за статистика 9% раст на нето платата.