Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Митрески праша за минималната плата, Владата се повика на постојната методологија

Резиме

Пратеникот Јован Митрески го праша министерот за економија и труд до кога Владата ќе чека договор меѓу работниците и работодавачите за зголемување на минималната плата. Тој оцени дека таков договор нема да се постигне и ја оспори можноста фирмите да не можат да ги поднесат трошоците, наведувајќи документ според кој се очекува добивка од 4,3 милијарди евра во 2025 година. Праша и до кога Владата ќе попушта пред бизнисите.

Министерот одговори дека Владата не е против зголемување на минималната плата, но треба да се почитува постојниот закон и методологијата договорена меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Според него, зголемување без да се земат предвид продуктивноста и состојбата на малите и средните претпријатија може да доведе до отпуштања и инфлација. Тој рече дека Владата сака платите да растат со економски развој и стабилност и дека работи на мерки за поддршка на претпријатијата и зголемување на продуктивноста.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јован Митрески

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јован Митрески, поставено на 78-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 декември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван министер, две прашања се поврзани со минималната плата и со цените на артиклите. Јас знам дека денес дадовте одговори, ги следам вашите изјави, вашите прес конференции, секако изјавите и на премиерот. Некако кога се зборува за минималната плата и она што го давате како одговор како да се прави впечаток во јавноста дека Владата не сака да дојде до одговор и зошто ова го кажа. Претходно во однос на износот на минималната плата се кажа и денес дека не е најниска и дека се прави погрешна споредбено со другите земји од соседството, дека таму наводно е бруто плата, кај нас е нето, не, не е точно. Значи правиме споредба помеѓу нето минималната плата кај нас и нето минималната плата во соседството и за жал дојдовте да сме на најниско ниво. Повисока минимална плата од нас имаат дури некои земји кои што се формира како независни земји пред само неколку години. До тоа ниво сме дојдени. И сега вие секако користејќи пијар реченици, пијар зборови продолжувате да и ние сме за повисока минимална плата, не 500, 1000 евра да е, јас сум и за 2000 евра, ама да се договорат работниците и работодавачите. Тоа некако во превод му доаѓа како да кажете дека треба да се договорат волкот и јарето што вечер да вечераат. Така тоа би доаѓало од прилика, што да се дојде со ситуација или да дојде до некој договор помеѓу чеканот и стаклото. Значи, како да се договорат тие кои што ги даваат платите и оние што треба да ги примат. И, едно образложение кое што секако држи вода и вие го кажувате како министер за економија, каде што велите, да, треба да се договорат затоа што може да дојде до испуштање на работници, може да дојде до затворање на компании, да изгубат работниците, не само платата, тука да ја изгубат својата работа. Јас имам еден ваш документ, владини документ, каде што според тие бројки стои дека фирмите во 2025 година ќе остварат добивка, според вашиот документ, ќе остварат добивка од 4,3 милијарди евра во 2025 година. И сега кое е очекувањето, или вашето објаснување дека фирмите може да не исплаќаат плата, да не можат да го издржат трошокот, може да се затвораат, а од друга страна вие кажувате дека ќе остварат 4,3 милијарди евра добивка во 2025 година. Значи, кога зборуваме за добивка, зборуваме за тоа што ги покриле сите трошоци од работењето, вклучувајќи ја и платата на работниците и приходот што го оствариле е толку голем за да остварат 4,3 милијарди евра добивка во 2025 година. Моето прво конкретно прашање е, до кога, почитуван министер ќе играте мајтап со работниците. Затоа што, ако чекаме на договор помеѓу работниците и работодавачите и бизнисите, тој договор никогаш нема да се случи. И не случајно тој договор или тој дијалог е наречен трипартитен за да биде вклучена Владата. Мислам дека не е коректно да се кажува дека, да, сите сме за поголеми плати, не 500, 1000, 3000, дај Боже, на сите малку им се платите, ама нека се договорат тие. Волкот и јагнето, почитуван министер, никогаш нема да се договорат. Затоа го поставувам тоа прашање за играње мајтап со работниците. Секако и со потпрашање на тоа прво прашање, до кога ќе капитулирате пред оние кои трупаат богатства на грбот на работниците.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за економија и труд

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Јован Митрески, поставено на 78-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 25 декември 2025 година Благодарам. Почитуван пратеник ви благодарам за интересот, конструктивноста и на поставеното прашање. Иако се повторуваме, ние како Влада и предлог конкретно како Министерство имаме еден став. Тој став е, осврнувајќи се на Закон, Закон кој е во сила, една методологија за пресметка на минималната плата, кој е еден договор, трипартитен договор како што истакнавте вие, помеѓу синдикатите, односно работниците кои се потпишани, работодавачите и помеѓу Владата. И нашиот став е овој. Осврнувајќи се на овој Закон во врска со зголемувањето на минималната плата секогаш сме истакнале и повторувам, ние не сме против зголемување на минималната плата. Ова е и интерес на државата, бидејќи ќе имаме повеќе плати, поголеми такси, даноци кои ќе ги плаќа приватниот сектор и не сме против зголемување на минималната плата. Но ја гледаме чистата слика, значи општата слика. Секоја ад хок одлука, неземајќи ја во предвид продуктивноста и без да видиме со кои проблеми се соочуваат малите и средни претпријатија кои се главниот столб на економскиот развој на нашата и ова значи, ова ќе донесе до еден предизвик, финансиски проблем од нивна страна, кој кога ќе се обврзат, значи ќе се обврзат да ги отпуштат работниците кои ги имаат. И не е во интерес ни на работниците, ни на работодавците, ни на Владата оваа ситуација. Исто така едно ад хок зголемување на минималната плата без параметри и економски основи, ќе носи до зголемување на инфлацијата. Знаете дека претходната година инфлацијата ја затворивме со 3,5%. Оваа година е 4%. Предвидувањата се во иднина да е под 3%. Наиме, сакаме минималната плата да се зголеми, но да се зголеми со став, со економски развој и стабилност. На државно ниво имаме околу 700 илјади вработени кои се во администрација и во приватниот сектор и 35 илјади од нив се кои зимаат минимална плата. Ние го гледаме интересот на сите граѓани, но ако пресметаме колку се овие граѓани кои земаат минимална плати, значи е 3% до 4%. Сите други граѓани, 94%, 95% кои се вработени во јавниот и приватниот сектор, земаат повеќе од минималната плата. И, како Влада, како трипартитен орган го гледаме интересот и на тие 96% и на овие 4%. Не се за ставање на страна овие, но се отвора како тема во јавноста, бидејќи се ќе заврши ако не има вакво дејствие. И тоа што го кажавме на тоа и стоиме. Ако може работодавачите да ги задржат, да стојат во економијата и можат да направат, значи да ги плаќаат тие работници кои ги имаат и се сложуваат со работниците, ние сме тука да ги поткрепиме. Повторно ќе кажам, ако носиме една ваква одлука, почнувајќи од мене како министер за економија и од Владата, сите сакаме минималната плата да е многу повеќе од 500 евра, колку што се бара досега. Сакаме да е 800, зошто да не е и илјада евра минималната плата. И ќе сме херои во нашата земја. Но, повторно ќе се соочиме, значи ќе имаме една инфлација, зголемување на цените кои енормно ќе се зголемат и кое не ќе можеме да го менаџираме. Во врска со регионот, информациите ги истакнав и претходно кои ги имам ЕУРОСТАТ, разликата која вие ја правите, во јавноста се кажува дека минималната плата на другите земји во бруто форма, додека во нашата земја е во нето. Значи, званична информација од ЕУРОСТАТ, минимална плата имаме поголема од Бугарија, имаме поголема минимална плата од Албанија, поголема од Турција. Дали ова ни прави задоволство, дали ни е доволно? Не. Нормално, сакаме минималната плата да е многу поголема. Но, бидејќи сме посветени и работиме за стандардот на граѓаните и секој ден правиме анализа и секој ден подготвуваме мерки за да се поткрепат малите претпријатија, за да се поткрепат средните претпријатија, да се поткрепи индустрискиот сектор и производството за да се зголеми бројот на вработени во приватниот сектор, да се зголеми продуктивноста и автоматски да се зголеми и минималната плата. Благодарам.

Сите пратенички прашања