Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Ангелова праша за инфлацијата и животниот стандард

Резиме

Пратеничката Емилија Ангелова праша како премиерот ги коментира тврдењата на опозицијата дека инфлацијата расте и дека Македонија е на дното по животен стандард, наспроти оценката во прашањето дека инфлацијата се стабилизира и владините мерки го ублажуваат ударот врз граѓаните.

Премиерот одговори дека инфлацијата е во надолен тренд и под 4%, со очекување следната година да се стабилизира меѓу 2% и 3%. Повикајќи се на Евростат, рече дека потрошувачката кошничка во Македонија е најевтина во Европа и дека куповната моќ со минималната плата е повисока од онаа во соседните земји, освен Грција. Додаде дека подобрувањето на животниот стандард е приоритет и дека Владата ќе го олеснува дијалогот меѓу работниците и работодавачите за минималната плата.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Емилија Ангелова

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Емилија Ангелова, поставено на 78-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 декември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: И покрај јасните и јавно достапни податоци кои покажуваат дека инфлацијата во државата се стабилизира и дека мерките на Владата директно го ублажуваат ударот врз животниот стандард на граѓаните. Опозицијата упорно пласира лажна слика за наводно економски распад и Македонија на дното по животен стандард. Наместо факти и аргументи слушаме политички конструкции, дневна пропаганда и ширење паника меѓу граѓаните. Без ниту еден конкретен предлог или одговорност за состојбите што тие сами ги оставија зад себе. Од тука моето прашање инфлацијата во државата се стабилизира, но од опозицијата обвинуваат дека истата расте и дека Македонија е на дното по животен стандард. Како го коментирате ова премиере? Тоа е првото прашање.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Емилија Ангелова, поставено на 78-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 25 декември 2025 година Благодарам претседателе. Почитувана пратеничке, животниот стандард е битка која што во континуитет треба да ја води една Влада. односно, како до подобар животен стандард на граѓаните во континуитет треба да се бориме и да работиме. Затоа што таа битка не смеете да ја изгубите. Ако ја изгубите тогаш логично е дека ќе ја изгубите и довербата кај граѓаните. Од ова што можеме до сега да посведочиме е дека таа доверба напротив расте и од избори во избори резултатите се зголемуваат. Што се однесува до нападите на опозицијата, можам само да кажам дека во состојба кога беа Влада тие имаа можност да покажат и да докажат дека тоа што го работат е правилно и дека политиките кои што тие ги спроведуваат се во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните. Што направија? Имавме рекордни стапки на инфлација во тие години од 17, 18, 19%. И тоа беа години кога се нанесе жесток удар врз животниот стандард на граѓаните. Почнувајќи од 2020 до 2023 година се години кога се нанесоа нај жестоките удари врз животниот стандард на граѓаните и на државата. Со задолжување, со безмилосно трошење, со грабеж, со лоши политики. Тоа е пример кои што во учебниците ќе се изучува како пример како не треба да функционира една Влада. Но, среќа е што тоа е сега минато, нашата задача е тешка, голема. Но, таа задача ние ја прифативме со големо чувство на државност и секој ден работиме да исправиме по некоја погрешна политика по нешто погрешно кое што е правено во тој период 2020 – 2023 година. Тоа е најжестокиот удар врз животниот стандард на граѓаните ќе повторам кога имавме инфлација која што беше 17, 18, 19% на годишно ниво. И тоа е трајна штета. Денес, во услови кога имаме јасна надолна линија на инфлацијата, односно едно од најниските во Европа и релативно најниска во регионот под 4%. Со тенденција да следната година се стабилизира помеѓу 2 и 3%. Во отсуство на креативна идеја, во отсуство на реални политики. Опозицијата се занимава со би рекол клеветнички напади врз Владата, па потоа ја споменува често пати во нивните говори и минималната плата итн. итн. Сакам тука да кажам неколку факти кој што мислам дека македонската јавност треба да ги знае. Имено, ако му веруваме на Евростат. Значи, имаме две опции. Да веруваме на потрошувачката кошничка која што ја изработуваат Бранимир Јовановиќ мислам се викаше, Тевдовски поранешене министер во Владата на СДСМ и Никола Поповски поранешен министер во Владата на СДСМ. Мислам дека ова е групата која што изработува таа потрошувачка кошничка и Евростат. Имаме две опции, граѓаните треба да одлучат на кого да веруваат. Ако му веруваме на Евростат, Евростат излезе пред некој ден и кажа дека потрошувачката кошничка во Македонија споредена со просек кои што го дефинираат како 100% е нај евтина во Европа. мислам дека е некаде околу на ниво 72,73%. Сите во регионот, сите буквално сите во регионот се со по скапа потрошувачка кошничка од нашата. Така што ќе повторам, граѓаните имаат две опции да веруваат, дали на оваа која што ја прават двајца поранешни министри од редовите на СДСМ во Владата и еден експерт порано дел од политичката партија Левица, а потоа влезе како советник на Министерство за финансии да му биде на Тевдовски кога овој беше министер за финансии. или Евростат ова што го објавува. Граѓаните се тие кои што треба да одлучат. Дека цените се високи, дека стандардот треба да се бориме секој ден и дека тоа е не прекината борба, да. Се сложувам и тоа еден од главните приоритети на оваа Влада. И со министерот за економија и со министерката за финансии и со буквално сите во Владата. Тоа ни претставува главен приоритет. Втората работа, бидејќи гледам доста се експлоатираше и таа тема за последниот состанок на економско социјалниот совет. Совет односно дијалогот кој што треба да го вршат работодавачите и работниците, а Владата тука треба да посредува односно да го фасцилитира тој процес и делот на минималната плата. Исто така, можеме да веруваме на политички памфлети или на Евростат. Дали треба повеќе, да треба. Еве јас сум првиот кој што тоа ќе го подржи и вели да треба, треба да биде најмногу. Ако гледаме од себични причина на Владата ние можеме да прогласиме и да побараме од законодавниот дом да гласа минимална плата 600-700 евра. Ќе бидеме најголемите политички херои и дури ние и ќе профитираме бидејќи од 705 илјади вработени ние од прилика како Влада сме работодавачи на 100 илјади. Што значи придонесите од останатите 600 ќе доаѓаат повторно на сметка на Владата. Но дали економијата тоа може да го издржи и бизнисот е прашање кое што работодавачите и работниците треба да си го одговорат. Затоа ние велиме ве молам во дијалог вие да си го одговорите тоа прашање. Ние можеме само да фасцилитираме и да помогнеме во тој процес. Ако гледаме себично и што е наш интерес ќе речеме супер утре не 24, не 27, 35-36 илјади минимална плата. Второ, грубо се манипулира со бројки за зголемена минимална плата во соседството и кај нас, бидејќи кај нас се збори за нето, а таму се збори за бруто. Има голема разлика помеѓу нето и бруто. Трето според Евростат куповната моќ со минималната плата во Македонија, оваа моменталнава, не онаа која што ќе се зголеми согласно закон е повисока од сите земји во соседството минус Грција. Грција има нешто повисока куповна моќ со минималната плата споредено со нас. Значи повисока е и од Србија и од Албанија и од Косово и од Босна и од Црна Гора и од 27 земји каде што е регулирана минималната плата ние сме од прилика за некаде околу 10 или 11 со повисока куповна моќ. Дали е тоа доволно, ќе повторам не е доволно. Дали треба повеќе треба, не велам не. Но тоа е резултат на разговорите и дијалогот кој што треба да го направат работниците и работодавачите. Ние сме тука како Влада тоа да го фасцилитирате. Ние немаме подготвителни состаноци со овие две страни па да дојдеме на Економско социјален совет и сето тоа да изгледа како една убава политичка парада. Напротив, имаме жесток, искрен дијалог, тријалог би рекол, и така ќе продолжиме да функционираме бидејќи цениме дека на тој начин работите треба да функционираат. Ние како Влада што можеме да направиме. Да дадеме 250 милиони субвенционирани кредити на стопанството, за да стопанството во услови на криза го држиме стабилно, да отвара работни места, да креира бизниси. Тоа го направивме со 1,95 каматна стапка која што ја понудивме на стопанството. Министерството за финансии кажа пред некој ден дека веќе и последната транша е исплатена. Можеме со работа да генерираме економски раст во третиот квартал од 3,85 реален и 10,2% номинален во однос на нашиот бруто домашен производ прва е Ирска, втора Црна Гора, Данска е 3,9, со Кипар заедно имаме 3,8. Од прилика ова се работите што ние како Влада можеме да ги правиме.

Сите пратенички прашања