
Дијана Тоска
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 78-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 декември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Тоа што се случува во клиничката болница во Тетово не е случајност, ниту административна грешка, ниту недоразбирање. Тоа што се случува е еден чист политички скандал и една намерна неправда кон здравствените работници и граѓаните на Тетово. Вие господине министер, значи му се обраќам на министерот, пред изборите јавно излеговте во дворот на болницата во Тетово и најавивте дека проблемот со вработените кои што се на договор, многу брзо ќе биде решен и дека тие, ќе им се реши проблемот и неправдата која што им е направена и оваа работа ќе заврши. Ова не беше едно ветување приватно, но беше ова јавно кажано пред камерите и изјава слушната од целата јавност. Денеска не само ова ветување не е одржано, но се случува спротивното. Здравствените работници кои што имаат 7 и 8 години работно искуство каде што работеле во оваа болница и работеле во текот на Пандемијата, во најтешкиот период без статус, без безбедност и без никаков дигнитет, тие многу сега се ставени на страна, како да се сега непотребни. Без транспарентност и без реален конкурс се вработени партиски војници, без критериуми, без професионални критериуми и без ниту една заслуга. И самите вработни кои што се запоставени пред камерите, ова истото го кажаа. Ова не е реформа, апсолутно не. Ова е брутална партизација на здравството. Затоа директно прашувам, господине Алиу ако ме слушате од негде, дали сте министер за здравство или комесар за вработување? Дали сте министер за сите граѓани или само на тие кои што имаат партиска книшка? Вработените во болницата во Тетово излегоа јавно и кажаа дека кон нив и тие имале јавен притисок, политички притисок и дека е направено агитирање и да бидат направени членови на одредени политички партии. Ова само, сами тие си го кажаа, на начин ако бидат дел од политички партии на Владата и ќе бидат нивни членови и после за да се чува нивното работно место. Значи, ова е сериозно обвинување, сите го знаеме тоа и ова бара кривична одговорност и политичка одговорност. Кој од управителите на болницата и од официјалните лица си имаат направено ваква пресија. Дали ги имаат земено во разговор со нив, дали разговарале и дали овој случај е пријавен во Обвинителството или се крие во тишина. Ако оваа Влада навистина би била реформска, вработените кои што дале реален придонес, тие би биле вработени кои што би земале решение за работното место. Но кај вас единствениот критериум е партиската книшка, непрофесионализмот и придонесот кој што го дале. Скандалот е уште поголем каде што гледаме дека платите се зголемени во јавните институции во Скопје, додека во другите градови без разлика каде се и во здравствените установи, тие се ставени на страна. Зошто има таква дискриминација и ваква поделба? Нели и тие се лекари, и тие во Скопје и во другите градови, сите имаат завршен ист факултет и специјализирале и дале голем придонес во нивната професија. Сите треба да бидат ценети еднакво. Дали, се поставува прашањето, дали имаме здравство од прва рака или од втора рака? Дали лекарите се помалку значајни од тие од Скопје, не само во Тетово и тие во Струмица и од Прилеп и од Дебар или од други градови во Македонија. Секако дека не се помалку значајни, исти се. Како е можно некој да работи
7 или 8 години, пак се враќам кај вработените во Тетово, како е можно некој кој што работел 7 или 8 години во една јавна институција да не може да добие решение. И за ова би сакала да ми даде одговор министерот Азир Алиу. И некој друг без ниту еден ден искуство да биде вработен и да добие решение. Многу ме интересира не само мене, целата јавност е заинтересирана кој го направи овој избор. Со какви критериуми или единствениот критериум бил „Дали е мој или е твој“. Во некои изјави на вработени кои што останаа надвор од изборот за решенија, датата за да земат решение како вработени во таа болница велат дека не беше одлучено, не беше земено во предвид нивното работно искуство, професионалноста туку е направено врз интервјуто кое што го има направено директорот со кандидатите кои што биле вработени. Сите ние се сеќаваме на ова и граѓаните и здравствените работници и ние и ова ќе го спомнуваме секогаш. Прашањето го поставувам до министерот за здравство.