Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мурати прашува за застапеноста на Турците во јавниот сектор

Резиме

Сали Мурати, повикувајќи се на податоци од извештајот за 2024 година, тврди дека турската заедница е недоволно застапена во јавниот сектор и бара од Владата конкретни мерки и рокови за вработување, национален акциски план, одговорност за институциите, квоти и буџет. Прашува и за состојбата во судството, јавните претпријатија и локалната самоуправа, како и за наводното влијание врз евроинтеграцијата.

Премиерот Христијан Мицкоски одговара дека вработувањата се вршат според годишните планови на институциите, законските прописи, кадровските потреби и буџетските можности, во рамки на принципот на заслуги и компетентност. Тој ја истакнува целта за инклузивни институции и наведува дека припадници на турската заедница имаат одговорни функции. Одговорот не содржи конкретни рокови, квоти или буџетски износи за прашањата на пратеникот.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сали Мурати

Република Северна Македонија СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

До:ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Предмет: Пратеничко прашање

Бр./Nr. 08-332/2 20.01. 2026 год./viti

Собрание на Република Северна Македонија Бул. 11 Октомври 10 1000 Скопје, Република Северна Македонија

Е-пошта /E-пosta: sobranie@sobranie.mk

Пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија Сали Мурати согласно член 38 и член 39 став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, меѓу две седници на Собранието на Република Северна Македонија, на 15 јануари 2026 година, достави писмено прашање до претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

Согласно член 43 став 1 од Деловникот на Собранието во прилог Ви се доставува пратеничкото прашање.

ПРЕТСЕДАТЕЛ Африм Гаши

Изработил/ Përgatiti:Моника Угриноска Филиповска Контролирал/Контролoi:Билјана Ангеловска Одобрил/ Miratoi:Илмије Јашари

Страна 1 од 1

ДО: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ПРЕДМЕТ: Пратеничко прашање до Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

Почитуван Претседател на Собранието,

Согласно член 72 од Уставот на Република Северна Македонија, член 15 од Законот за пратениците и членовите 38 и 39 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, поставувам пратеничко прашање до Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Христијан Мицкоски.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ:

Почитуван Претседател на Владата,

Според официјалниот Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2024 година, турската заедница која претставува 3,86% од вкупното население (77.959 граѓани според пописот од 2021 година) и е трета по големина етничка заедница во државата, има катастрофална застапеност од само 2,152% во јавниот сектор, што претставува едвај 55,7% од уставно гарантираното право на соодветна и правична застапеност.

Уште поалармантен е податокот дека од 1.251 јавни институции, дури 875 институции (70%) немаат ниту еден вработен припадник на турската заедница, 98% немаат турски функционер, а 94% немаат турски раководител. Вкупниот дефицит изнесува 2.185 вработувања за постигнување минимална пропорционална застапеност.

Оваа состојба претставува директно и флагрантно кршење на Амандманот VI од Уставот на Република Северна Македонија, кој соодветната и правичната застапеност ја дефинира како темелна вредност на уставниот поредок, како и неисполнување на обврските од Охридскиот рамковен договор кој траат веќе 23 години.

Имајќи го предвид горенаведеното, ги поставувам следните прашања:

1. Кои конкретни мерки и во кој временски рок планира Владата да преземе за вработување на минимум 2.185 припадници на турската заедница во јавниот сектор за да се постигне уставно гарантираната соодветна и правична застапеност? 2. Дали Владата планира да донесе Национален акциски план со конкретни годишни цели, буџет и носители на активности за решавање на овој проблем, и ако да, кога може да очекуваме усвојување на таквиот план? 3. Какви санкции и одговорности ќе воведе Владата за институциите и раководителите кои не ги исполнуваат уставните обврски за соодветна и правична застапеност, особено за оние 875 институции кои немаат ниту еден вработен од турската заедница?

4. Дали Владата ќе воведе систем на задолжителни квоти за вработување на припадници на турската заедница во сите институции со над 30 вработени, и дали ќе воведе забрана за нови вработувања во институциите кои не ги исполнуваат минималните критериуми за застапеност? 5. Колкав буџет планира да издвој Владата за финансирање на новите вработувања, програми за стипендирање и квалификација на кадри од турската заедница во наредните три години? 6. Како Владата планира да ја адресира катастрофалната состојба во судството (1,21% застапеност), јавните претпријатија (0,56% застапеност) и локалната самоуправа (1,54% застапеност), каде недостатокот на вработени од турската заедница директно влијае врз квалитетот на услугите за 78.000 граѓани? 7. Дали Владата е свесна дека оваа систематска дискриминација претставува една од главните пречки за евроинтеграцијата на државата и како планира да одговори на критиките на меѓународните организации (ЕУ, ОБСЕ, Совет на Европа) за оваа состојба?

Господине Претседател на Владата, оваа состојба на институционален дискриминација трае веќе 23 години. Турската заедница повеќе не може да чека празни ветувања и козметички промени. Потребна е револуционерна промена и конкретна акција.

Очекувам детален, конкретен и прецизен одговор со јасни рокови, бројки и одговорности, а не генерални фрази и изјави за добра волја каква што практична имаме изминатите две децении.

Ве молам за писмен одговор во рокот предвиден со Деловникот на Собранието. Со почит,

Скопје, 15.01.2026 Сали Муратхи Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

Влада на Република Северна Македонија КАНЦЕЛАРИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА

Дата: Архивски број: 08-116/ 2 До: Претседател на Собрание на РСМ г.Африм Гаши Предмет: Доставување одговор на пратеничко прашање

Врска ваш бр.08-332/2 од 20.01.2026 година

Почитуван,

Врз основа на член 43 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, во прилог Ви се доставува одговор од претседателот на Владата на Р.С.Македонија, на пратеничко прашање поставено меѓу две седница на Собранието на РСМ на 15 јануари 2026 година, од пратеникот Сали Муратi.

Со почит,

Шеф на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија

Владимир Нелоски

Влада на Република Северна Македонија Бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје | www.vlada.mk | info@vlada.mk [1] 08-332/3 [2026]

Влада на Република Северна Македонија

П Р Е Т С Е Д А Т Е Л

Почитуван пратеник г-дин Сали Мурати,

Прашањата што се однесуваат на застапеноста и вработувањето во јавниот сектор претставуваат тема од исклучителна чувствителност и стратешко значење за стабилноста и кохезијата на едно мултиетничко општество. Тие не смеат да се третираат низ призма на дневнополитички поени, туку како дел од пошироката обврска на институциите да обезбедат правична, инклузивна и професионална јавна администрација.

Нашата определба е јасна, да изградиме институции што ќе ја одразуваат општествената реалност, ќе функционираат врз принципите на еднаквост и мерит-систем и ќе гарантираат дека секој граѓанин има реална можност да придонесе согласно своите квалификации и способности. Само така можеме да говориме за функционална демократија и одржлива општествена интеграција.

Во однос на прашањето за вработувањето на лица од турската заедница во јавниот сектор, сакам јасно да потенцирам дека секое вработување се реализира согласно годишните планови за вработување на надлежните институции, усогласени со законските прописи, кадровските потреби и буџетските можности. Постапките се спроведуваат транспарентно и во рамки на системот на заслуги, стручност и компетентност.

Како што и претходно сум истакнал, на ова прашање мора да му се пристапи со исклучителна институционална и општествена сериозност. Нашата позиција е јасна и принципиелна, секој граѓанин, независно од неговата етничка припадност, заслужува институции што ќе го почитуваат, ќе го разбираат и ќе го вклучат. Тоа е суштината на вистинската интеграција за која се залагаме.

Стратешката цел на Владата е градење кохезивно општество, засновано на еднакви можности и заемна доверба, а не општество фрагментирано по етнички линии. Токму затоа, преку конкретни политики и мерки покажавме континуирана грижа за турската заедница, како и за сите други заедници во државата. Инвестициите во образованието на мајчин јазик, поддршката на културните институции, унапредувањето на инфраструктурата и програмите за локален развој се дел од тој системски пристап.

Факт е дека припадници на турската заедница извршуваат одговорни и значајни функции во државните институции и јавната администрација. Тоа е одраз на нивниот придонес и професионален капацитет, а не резултат на формален или симболичен пристап. Нашиот фокус останува на избор и унапредување на кадри врз основа на највисоки професионални стандарди, со цел институциите да бидат ефикасни, отчетни и ориентирани кон граѓаните.

Влада на Република Северна Македонија П Р Е Т С Е Д А Т Е Л

Оваа Влада вклучува претставници од различни етнички заедници на клучни позиции во процесот на одлучување, обезбедувајќи гласовите од сите да бидат интегрирани во креирањето политики. Тоа не е прашање на симболика, туку на принцип на еднаквост, инклузивност и заедничка одговорност за иднината на државата.

Со почит, проф.д-р Христијан Мицкоски

Сите пратенички прашања