Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Владата бара одложување на правилата за престој на превозниците во Шенген-зоната

Резиме

Пратеникот Митко Трајчулески праша каква стратегија има Владата за справување со проблемите што, според него, новиот систем за евиденција на престојот во Шенген-зоната им ги создава на превозниците. Тој предупреди дека најавената блокада на товарниот транспорт може да ги наруши снабдувањето и работењето на компаниите.

Министерот за транспорт оцени дека станува збор за сериозен проблем за економиите во Западен Балкан. Рече дека повеќе од една година разговараат со ЕУ, дека Владата го поддржува протестот на превозниците и дека го задолжила Министерството за надворешни работи повторно да побара одложување на правилата. Изрази надеж дека заедничкиот притисок на институциите и стопанските организации ќе донесе решение.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Митко Трајчулески

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Митко Трајчулески, поставено на 81-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 21 јануари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван министер знаете дека информирани сте дека превозниците на стоки се соочуваат со сериозни проблеми после воведувањето на ЕСО системот кои е наменет за контрола на влез и излез во шенген зоната, односно државите кои се дел од шенген зоната. И со ваков предизвик реално се соочуваат сите држави од регионот на Западен Балкан. И станува збор за прашање кој сериозно ќе влијае на нашата економија на секојдневното живеење на нашите граѓани. Имено системот ЕСО беше воспоставен се со цел да се контролира миграцијата односно не легалната миграција во рамки на земјите членки на Европската Унија и земјите членки на шенген зоната. Меѓутоа, очигледно станува сериозен предизвик за функционирањето на нашите превозници. Од причина што со воведувањето на овој систем се ограничуваат бројот на работни денови кои нашите превозници може да ги поминат во рамки на шенген зоната. И на тој начин се прави самиот превоз да биде целосно економски не исплатлив односно не рентабилен. Од овие причини превозниците на стоки од Република Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора најавија целосно блокирање на товарниот транспорт на границите со земјите кој се дел од шенген зоната. Најавата е дека ваквата блокада ќе започне од 26.01. што ќе значи целосен прекин односно колапс на системите односно синџирите на снабдување на нашата држава. Зошто, затоа што ние сме зависно увозно зависна земја, а увозот доаѓа претежно преку копнен пат. На тој начин со прекинување со колапс на овие синџири на снабдување ние ќе дојдеме до ситуација да имаме недостаток на прехранбени производи, на основни потреби во нашите маркети. Недостаток на лекови во нашите аптеки, недостаток на репро материјали за нашите фабрики компании. Што ќе значи сериозно погодување на нашата економија како држава, меѓутоа и на секојдневното живеење на граѓаните. Во исто време нашите извозно ориентирани компании ќе имаат проблем да ги исполнат своите договори затоа што нема да може да ги извезат односно да ги испорачаат стоките до целните дестинации што може да вклучува раскинување на договори и губење на пазарите итн. Затао од целата ситуација потенцијална можеме за многу кратко време да се соочиме со празни рафтови во маркетите, недостаток на лекови, односно не можност за функционирање на нашите фабрики на нашите компании. И затоа е многу важно во овој период затоа што и времето е кратко не само превозниците сами да се организираат во регионот и преку своите канали и преку своите соодветни партнерски организации во рамки на Европската Унија да ги покренуваат овие прашања за да се решат, многу е важно Владата односно сите ресорни министерства, министерството за транспорт, надворешни работи, министерството за евро интеграција. Да се вклучат во изнаоѓање на решенија на овој проблем. Затоа што ќе дојдеме до ситуација да имаме целосен колапс на нашата економија. Затоа моето прашање прво прашање до вас е, која е стратегијата на Владата, кои се чекори преземени ако се воопшто некакви чекори преземени и која е прогнозата за решавање на ова прашање.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за транспорт

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Митко Трајчулески, поставено на 81-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 21 јануари 2026 година Во однос на првото прашање се работи за навистина сериозен проблем, би можел да кажам дека можеби се работи за најсериозни пробелми кои што Македонската економија ги има и со кои што ќе се соочува во следниот период. Имено како што кажавте со воведувањето на електронска евиденција, системот ЕС од страна на Европската Унија. Се заострува контролата во однос на престојот на граѓани кои што се од така наречени трети земји, во рамки на земјите од шенгеј зоната. И ние за оваа работа дискутираме повеќе од 1 година со Европската Унија, морам да бидам отворен дека слабо се разбираме и дека не најдуваме на разбирање. Јас последно разговарав во декември во Брисел со комесарот за транспорт Апостолос Цицикостас и со генералната директорка за мобилност и транспорт при Европската Комисија Магда Копцинска. При што се обидов најпластично да им пренесам дека ова што го прават практично значи смрт за економијата во регионот. Но, исто така ќе значи и затварање на бројни странски инвестиции кои што функционираат во регионот, а кои што доаѓаат токму од земји членки на Европската Унија. Намерно го користам зборот регионот затоа што ова се однесува за цел Западен Балкан не е само за Македонија. Формалниот одговор кој што пред некој ден го даде и портпаролот на Европската Комисија со кој што не се слагам. Е дека нема разлика помеѓу она што до сега биле правила и новите правила, затоа што според него и според досегашните правила, еден патник може да остане до 90 дена во рамки на 180 дена во шенген зоните и дека истото останува и сега. Формално тоа е точно, но прак тично не е точно, од причина што превозниците не се туристи, не се луѓе што одат н а туризам, ниту се луѓе кои што одат на посета кај роднини, пријатели итн., туку се луѓе кои што имаат работа. Истите не можат да извадат работни визи затоа што нем аат еден работодавач во конкретна држава, земја членка на шенген зоната. И на тој начин е невозможно да извадат работна виза. Иначе сите би извадиле работни визи не би бил проблемот. Туку се најчесто луѓе кои што транзитираат низ поголем дел од земјите во шенген зоната за да стигнат до крајна дестинација. А најчесто исто така проблемот е и што само транзитираат затоа што партнер број 2 трговски на Македонија е Велика Британија, а ако гледате поединечно како најголем извоз токму оди кон Велика Британија. Што значи дека најголем дел од превозниците само транзитираат низ земјите членки на шенген зоната за да стигнат до Велика Британија. Со воведувањето на ова правило се поставува прашање, што ќе се случи ако има еве и да сакаат точно да ги измерат деновите. Незгода на пат, застој итн. Дали на пример ако стигнат до одредена земја ќе им се конфискува робата што секако дека не може да се направи. А истите треба да бидат протерани. Така што имам бројни, бројни проблеми кои што се отвораат. Би сакал директно да кажам дека јас го поддржувам и Владата го поддржува овој револт и протест кои што ќе го направат превозниците во понеделник, истото ќе се случи и од страна на превозниците на останатите држави како што е Србија, Како што е Косово, како што е Црна Гора, како што е Босна и Херцеговина. Ќе бидат блокирани премините кои што се кон шенген земји. И мислам дека ова траба да сфати како сериозно предупредување, затоа што сега блокадата ќе трае неколку дена, ама од април ќе е трајна ако не се овие работи решат. Вчера остварив средба со Матен транс, исто така разговарав со претседателот на комората на странски инвеститори во Македонија. Денеска после пратеничките прашања имам состанок претседателот на Стопанската комора со Бранко Азески на истава тема. Се надевам еден заеднички притисок ќе даде резултат. Исто така вчера на седница на Влада го задолживме министерството за надворешни работи повторно да се обрати до Европската Унија со барање да се одложат овие правила. Така што се надевам дека овој проблем ќе се реши затоа што е огромен и затоа што претставува серозен удар врз економиите на целиот регион на Западен Балкан. Благодарам.

Сите пратенички прашања