Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерот вели дека тендерот за автопатот Скопје–Блаце чека согласност од ЕБОР

Резиме

Пратеникот Илир Хасани праша кога ќе бидат пуштени во употреба готовите два километри од патот Скопје–Блаце, кога ќе се изгради автопатот и кој е одговорен за неговото стопирање. Тој рече дека сигнализацијата е наведувана како причина за непуштањето на делницата и оцени дека станува збор за политичка волја.

Министерот за транспорт Александар Николоски одговори дека двата километри не се поврзани со граничниот премин и завршуваат кај провалија, па според него не можат безбедно да се пуштат. Тој рече дека тендерот за изведувач е во финална фаза и дека изборот чека потврда од Европската банка за обнова и развој. Николоски очекува изградбата да почне во март или април, со рок од две и пол години. Тој изнесе и обвинувања за трошоците и експропријацијата на претходната делница.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Илир Хасани

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Илир Хасани, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 јануари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање за господин Николоски. Почитуван министер Александар Николоски, патот Скопје - Блаце за мене е типичен пример на една конфузија и губење на време на граѓаните поради ставовите и вашите кои се контрадикторни. На почетокот анулиравте еден тогашен тендер кој беше за поврзување на патот од Скопје до Блаце и во оваа говорница мислам или на некое друго место и со неколку листови кажувате дека некој функционери на Демократска унија за интеграција во тоа време купиле места за да можат да ги материјализираат во текот на трасата за да ги материјализираат. Ние ни ги слушнавме тие имиња, тие имиња се избришаа, но како резултат на сето тоа се анулираше постојниот тендер. Потоа изјавивте дека овој постоечки проект беше како многу скапо решение и ќе направиме друг проект за оваа работа. По две години денес гледам и слушам некои информации кои се во етерот дека се сеуште, значи завршувате кај истиот проект на кој вие се спротивставите. Во исто време ние знаеме дека два километри од патот се изградени и се готови за да се пуштат во употреба. Причината, како што слушнав јас, ако сум грешка, е сигнализацијата не е готова за овие два километри пат на патот Скопје – Блаце. И тука има две политички логички прашања. Како е можно во текот на еден месец да се промени целата сигнализација во Северна Македонија и таа да се направи без ниту еден збор на албански јазик и да се направи со таксите на тие што плаќаат такси, значи тоа што ние го плаќаме да се тргнат сите табли и не може да се подготви за две години сигнализацијата за овие два километри пат. Господин министер, ова мислам дека не е техничко прашање, но е прашање на политичка волја. Секој ден граѓаните губат време шетајќи на еден пат кој не е изграден и кој беше готов да се изгради пред две години, за жал. Ние инвестираме во Сејф сити, но ни му се овозможува на нашите граѓани да се движат по еден пат кој е многу оштетен. Во исто време слушаме многу зборови, особено од вашиот коалициски партнер ВЛЕН, патот за Качаник ќе се изгради за многу кратко време. И тоа е еден пат кој е екстремно ан ен сејв, по кој може да се вози, јас не знам кога последен пат сте биле на тој пат. И моето директно прашање е многу просто, кога ќе се пуштат тие два километри пат од Скопје до Блаце кои се готови и кои мислам дека не фали ништо да се пуштат во употреба и кога ќе се изгради патот од Скопје до Блаце, еден проект кој беше готов од претходната Влада. Значи ви го оставија проектот готов и кој сноси одговорност за стопирање и овие две изгубени години, бидејќи граѓаните можат се да ви простат, но изгубеното време е многу тешко некој да ви го прости.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за транспорт

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Илир Хасани, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 29 јануари 2026 година Почитуван премиер, министри, пратеници, почитуван пратеник, би го поделил одговорот на два дела. Прво да ве информирам до каде сме со изградбата на автопатот, а второ и околу некои работи што ги отворивте околу експропријацијата. Од првиот ден на избор на оваа Влада ние се зафативме со решавање на проблемот. Имајќи во предвид наследените проблеми претходно и точно е дека се изградени 2 километри, но тие 2 километри, претпоставувам често патувате кон Косово, знаете дека не почнуваат никаде и не завршуваат никаде. Односно јавноста треба да знае дека ако тоа го сметаме за почеток на автопатот, тие два километри не почнуваат на граничниот премин, туку доколку возите од Скопје за Приштина, тие почнуваат десно или источно од граничниот премин и не се поврзани со граничниот премин. Тоа е првиот проблем. А Косово веќе од нивна страна го изгради автопатот и е до граничниот премин, што значи дека не да е промашена трасата, комплетно е промашена. Тоа е првата причина. После ќе кажам зошто е промашена. Втората работа, тие два километри завршуваат во дупка од некаде 50 метри, дол има каде што завршува, значи буквално има провалија од 50 метри и по ниеден безбедносен стандард тие два километри не можат да се пуштат. Прво треба некако да правиме приклучок со постојан и ограничен премин, затоа што ваерлес приклучоци уште не се измислени во патнички сообраќај и после тоа каде што завршуваат тие два километри треба да ги приклучиме на стариот пат, нема како затоа што ви кажав завршуваат во провалија, односно во дупка. Тоа е прва работа. Втора работа, имајќи предвид дека ги решивме проблемите, сакам да им се заблагодарам и на меѓународните партнери кои што помогнаа овдека, пред се неколку стручни консултантски куќи, проблемот е решен, надминат и во моментот тендерот за избор на изведувачи е во финална фаза, односно ЈП за државни патишта својата работа ја заврши. Избран е потенцијален изведувач кој што ЈП смета дека е најдобар, иначе имаше 11 понуди, и сега одлуката е испратена во Лондон, во седиштето на Европската банка за обнова и развој, кои што треба да дадат потврда, или популарно ноу обџекш, на овој избор, имајќи предвид дека средствата се обезбедени од Европската банка за обнова и развој и дел од тие средства се грант и такви се правилата на ЕБРД кога користите нивни средства се оди по нивниот систем за јавни набавки и каква и одлука да донесете на крај мора Европската банка за обнова и развој да ја истата потврди. Би сакал да апелирам до Европската банка за обнова и развој да побрзо донесат одлука имајќи предвид дека јавното претпријатие за државни патишта уште во текот на декември месец ја заврши работата и од декември месец еве чекаме да добиеме но обџекшн. Јас сум свесен дека имаше празници, дека беше Нова година, дека имаше други празници. Но, еве замолувам ние би сакале со одобрување на временските услови и почетокот на градежната сезона некаде во март-април месец да почнеме интензивно да градиме и како што ветивме за две и пол години, толку е рокот, и да го завршиме автопатот. Така што уште еднаш замолница до ЕБОР да побрзо ни одговорат. Ако е се во ред да потврдат дека е во ред, а ако нешто имаат забелешки да ги пратат за да може Јавното претпријатие за државни патишта да ги коригира. Тоа е околу до кај сме сега. Е сега малце автопатот малце почнува нигде и завршува нигде. Претпоставувам знаете, ако не знаете прашајте кај претходниот директор на ЈПДП, од вашата политичка партија беше, дека тие два километри беа тендерирани на 14 милиони евра, ама на крај се платија 28 милиони евра. По нашиот Закон за јавни набавки, значи тие се работени по македонскиот Закон за јавни набавки не врз основа на договори со било кој други финансиски институции. максимум можете да добиете на анекс од 20%. Овдека е отидено на анексот од 100%. Односно сумата од 14 милиони евра станува сума од 28 милиони евра што го прави убедливо најскап автопат од сите што се градат во моментот во државата. Претпоставувам кога ги гледате оние косини кои што се заштитени со едни зелени заштити ви е јасно зошто се дадени толку пари кога едноставно можело патот да биде по источно, односно по западно се извинувам поместен, а не источно каде што е сега, да ја следи трасата на реката Лепенец и да не се трошат толку пари колку што се трошат. Сега можеби една од причините зошто волку се платило една компанија која што се вика Еурокомлајтинг и која што сосема случајно баш во истиот период кога се потпишува Анексот на договорот за изградба на овие два километри на Скопје-Блаце купува хотел на Попова Шапка за 55 илјади евра. Со 55 илјади евра во Скопје гарсоњера не можете да купите, ама овие купиле хотел на Попова Шапка. И случајно, мислам дека го знаете сопственикот на компанијава, се вика Суад Алија, ваш член, пријател, долгогодишен претседател на ФК Шкупи. Така што тој е човекот кој што случајно го купува хотелот на Попова Шапка баш во истиот момент кога се потпишува дупли договор за изградба на овие два километри. И јас се надевам дека за брзо време ќе има нов обвинител. Овие сите документи се доставени до обвинителство, ама за жал досегашниот работеше како што работеше за да не ги бара по архива пак ќе му ги препратиме за да може веднаш да почне да работи. Како што на една претходна седница на пратенички прашања не знаев дека ова ќе ме прашате иначе ќе ги донесев документите да ви ги покажам, ама ги знам на памет фирмите. Кажав 4 фирми кои што сосем случајно купувале земјиште баш по трасата на автопатот, баш кај што поминува трасата од лица без да им каже на тие приватни лица дека тука ќе поминува автопат и сите случајно се или беа блиски до ДИУ додека бевте на власт. Сега не знам какви им се односите. Ќе ги кажам сите четири пошто сум ги кажал еднашка овде. Првата е Љувај 2 Ахмет, втората е Фрика Фрута, третата е Кадис Холдинг и четвртата е Атлантик ДОЕЛ. Е баш овие 4 фирми сосема случајно ги искупиле сите парцели кои што се по трасата на автопатот и плус една бензинска пумпа која што по ни една линија не смеела да биде на трасата на автопат. Управниот суд каде што претседателот е од вашата политичка партија се уште за жал досудил дека баш тука треба да има бензинска пумпа. Тоа би имал да кажам. Следен пат кога ќе поставувате прашања или размислете што прашувате или спремете се подобро.

Сите пратенички прашања