Најважно
351 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Христова праша за финансиските предизвици во 2026 година

Резиме

Пратеничката Даниела Христова праша што може да се очекува на финансиски план во 2026 година и кои предизвици претстојат. Министерката за финансии одговори дека приоритети се навремено сервисирање на обврските, стабилни јавни финансии и силен приватен сектор. За 2026 година ја посочи проекцијата за буџетски дефицит од 3,5%, како и дигитализација на Управата за јавни приходи, поврзување со Царинската управа и контрола на расходната страна.

Министерката рече дека обврските се сервисираат навреме и дека 2025 година завршила без ликвидносни проблеми. Таа изнесе податоци за економскиот раст, доспеаните обврски, еврообврзницата, активното население и пензиите, и оцени дека показателите сведочат за подобрување. Нејзините критики за управувањето на претходната влада се нејзини оценки.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Даниела Христова

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Даниела Христова, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 јануари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитувана министер, како пратеници кога го започнавме нашиот мандат, од првите моменти беше случувањето со финансиската состојба во нашата држава, односно каква државна каса наследивме од претходната ненародна влада, која имаше многу други приоритети, само на интересите на граѓаните. Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, начекавме испразнет Буџет уште во месец јули, а пари во истиот требаше да има до месец декември. Со голема посветеност и труд, успеавме да се консолидираме и да бележиме неколку квартали по ред раст на бруто домашниот производ. Дури и на 3%, т.е. дури подобро и од проекциите на меѓународните институции, а тоа е јасен сигнал дека владините политики функционираат и даваат резултати. Со консолидиран Буџет, со фокус на раст и инвестиции, успеавте да ја стабилизирате економијата. Почитувана министер, моето прашање е, што може да очекуваме на финансиски план во тековната, 2026 година. Дополнително прашање Со оглед на тоа што немавте време да ни се дообјасните, ќе ве замолам за дополнително да ни одговорите и да ни објасните за финансиските предизвици кои не очекуваат.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Даниела Христова, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 29 јануари 2026 година Благодарам најпрвин на прашањето на пратеничката Данилеа Христова и ќе се обидам да направам некоја комбинација или сублимат од тоа што наследивме и каква е состојба и што очекуваме во иднина. Најголем дел од работите, претседателот ги кажа, околу тоа каква беше состојбата со државната каса, дека немаше пари. Состојбите беа навистина алармантни, ако се сеќавате повеќе од 70% од буџетскиот дефицит беше истрошен пред да настане промената на власта. Но, она што е важно за мене, а и за Владата е дека ние работите ги гледаме во две насоки. Едната е што се случува со приватниот сектор. И таму сме сериозно фокусирани. И вториот момент е како функционираме како Влада, што се случува со јавните финансии. Нормално, наш приоритет е сервисирање на обврските навреме. Во исто време да имаме стабилни јавни финансии и да имаме приватен сектор силен кој што ќе додава вредност. Верувајте, иако вака на прв поглед лесно изгледа кога ќе го кажете, меѓутоа во пракса работите не стојат така едноставно, туку напротив, навистина некогаш треба и натчовечки напори да се вложат, затоа што, како што кажав, состојбите беа многу лоши и ние, навистина од лоши состојби денес ја доведуваме ситуацијата, или ја стабилизираме, нормализираме. И морам да кажам дека и јас некогаш се изненадувам од тоа колку и побрзо ги стабилизиравме работите во однос на тоа какви беа очекувања. Најпрво ќе почнам од она што го кажав за приватниот сектор, затоа што бруто домашниот производ во суштина најмногу влијание има она што го создава приватниот сектор. Секако, тука во позадина е и државата, колку и таа е подобро организирана и го помага приватниот сектор, толку ќе бидат подобри резултатите. Просечната стапка на бруто домашниот производ, знаете, во периодот на владеењето на СДСМ беше катастрофална, или за тие години на владеење, 1,8%. За сметка на тоа, еве за последната година, растот ан бруто домашниот производ по квартали беше 2,9% во првиот квартал, 3,5% во вториот, 3,8% во третиот, или како што кажа претходно претседателот, номиналниот раст на бруто домашниот производ е над 10%, односно 10,1% во третиот квартал. Или, просечниот раст на номиналниот бруто домашниот производ е над 8%, 8,1% и е над нашите очекувања, што значи дека, доколку и во последниот квартал останат состојбите исти, а веруваме по сите индикатори дека ќе биде така, тоа значи дека и дефицитот и јавниот долг ќе бидат под процентот кој што, нели, сега ќе го имаме, затоа што податоците за последниот квартал од бруто домашниот производ излегуваат некаде во месец март. Чисто како информација, еве за граѓаните, во текот на 2025 година за приватниот сектор се издвоени средства и исплатени од Буџетот во износ од 16 милијарди 871 милион денари. И ова е бројка која што во суштина дава и резултати. Ова е исплатени средства по најразлични основи, вклучувајќи ги нели, средствата кои што ги исплативме преку Развојна Банка и како поткрепа на добрите резултати, потоа доаѓаат сите оние економски статистички индикатори, за кои што јас малку подоцна би сакала да се осврнам. Во однос на она што значи стабилни јавни финансии, ние рековме дека приоритет ни е фискалната консолидација и тоа и го испорачавме. Ако се сеќавате 2020 година, ние имавме буџетски дефицит од 8%, скоро рекорден, немаше никој од земјите во регионот, особено па оние кои што немаат туризам. Ајде да кажеме тоа беше повеќе карактеристично да имаат голем буџетски дефицит земји кои што имаат туризам и излегуваат на море. Ние бевме рекордери, 2021 година – 3,3% дефицит, 2022 година - 4,4% 2023 година – 4,6%, што јасно укажува дека не тежнееја кон фискална консолидација, туку напротив, од година во година одеа надолу, па нагоре. Ние она што го ветивме, го испорачавме, од 4,4% во 2025 година, 2025 година ја завршивме со 4%, и она што го кажав претходно, ако номиналниот бруто домашниот производ биде над нашите проекции, тоа значи дека буџетскиот дефицит ќе биде под 4%, а проекциите за 2026 година се 3,5%. Притоа, нели, нормално, она што ни е фокус во оваа година е дигитализација на Управата за јавни приходи, поврзување со Царинската управа, со цел да имаме, нели, подобра наплата на приходите и секако, огромна контрола на расходната страна. Кога станува збор за сервисирање на обврските, бидејќи, нели тие се дел од расходната страна, јас сакам да искоментирам неколку работи, бидејќи во последниот период некако провејува помеѓу луѓето, барем стигнуваат информации до мене, дека државата должела речиси 1 милијарда и сето тоа го поврзуваат со податоците кои што ги добиваат од Министерството за финансии, или она меѓу нас познато ексел. Но ако ги погледнете податоците и ако го погледнете извештајот за пријавени обврски по групи на субјекти, ќе видите дека централната Влада не само што нема долг, односно таа има, како доспеан зборувам, бидејќи недоспеаниот е нормална работа, тековно, постојано се случуваат работи и нормално е дека фактурите ќе течат. Во периодот кога се преземала, кога стапила новата Влада на функција, обврските доспеани на претходната влада биле речиси 2,5 милијарди денари, а заклучно со 31.12.2025 година се една милијарда денари. Доспеаните обврски, се сеќавате, хистерии се случуваа дека нема пари Буџетот, дека е пред банкрот и така натаму, но еве, податоците покажуваат дека дури и обврските на централната Влада се намалени. Е сега, точно е, има обврски кои што се зголемени, но тоа се на локалната власт. Ние имаме децентрализација и тоа никако не може да се поврзува со обврските на централната власт. Исто така, обврските на јавните претпријатија и акционерските друштва. Не се обврска на централната власт. Секој од нив е посебен правен субјект. Јавните претпријатија во сопственост на општини, исто така, со огромни обврски, не се одговорност на централната власт. Така што, она што можам да го кажам и да заклучам, дека ги сервисираме обврските на време и на огромно задоволство, навистина можам да кажам и дека 2025 година одлично ја затворивме, без да имаме проблеми ликвидносни, како што претходно се коментираше. Е сега, почетокот на 2026 година беше огромен предизвик, тоа морам да го кажам. И би сакала, еве тука од говорницата, да споменам уште неколку работи. Многу беше битно во кој период ќе ја издадеме еврообврзницата, затоа што и вие самите знаете дека финансиските пазари се многу осетливи на геополитичките случувања. Мали промени или одредени коментари или одлуки на претседателот на Соединетите Американски Држави прави потреси на финансиските пазари во насока на зголемување на каматните стапки. Така што, во прав момент ја издадовме еврообврзницата за која што добивме најниска камата како маргина помеѓу енриборот 12 месечен и она што го добивме како камата, историски е најниска откако се издава еврообврзница или Македонија издава еврообврзница. И исто така многу битен момент кој што треба да го знаете е дека плативме најниски трошоци поврзани со правни трошоци и други трошоци со издавањето на евро обврзницата во историја од кога почнало да се издава евро обврзница во државава. И историски најголем интерес за издавање на евро обврзница, тоа значи дека ние баравме една милијарда, а добивме понуди 4 милијарди и 300 милиони евра, што е огромен износ. Тоа кажува дека инвеститорите имаат доверба во државата. Е сега кога станува збор за издавањето на евро обврзницата морам да ви кажам дека, вообичаено комуникацијата нели од инвеститорите поставуваат прашања и тоа трае околу 3 месеци. Верувале или не, јас имав прашања од инвеститорите, дали ќе ни се случи министерот за правда да не потпише и ме враќа на 2023-та година и срамот што ни се случи. Затоа што инвеститорите тоа го памтат и ако не им влеете доверба како Влада, како министер дека тоа нема да случи, сето тоа има влијание на каматата. Очигледно дека добро сме поминале, сме ги убедиле инвеститорите, навистина министерот за правда си ги потпиша документите, но за тоа и за сметка на целата таа активност која што заеднички ја работевме, затоа ви велам и каматната стапка е таа што е. Исто така поврзано со евро обврзницата, сето тоа укажува каква е економијата во државата и каква ќе биде, затоа и многу зборувам и за евро обврзницата. За прв пат имаме инвеститори, пензиски фондови нешто што до сега не се случувало или се случувало, меѓутоа биле некои по незначајни. Ние сега го имаме најголемиот Пензиски фонд од Соединетите американски држави. Дополнително, сакав да споменам неколку бројки, но ајде ќе се вратам на едно што досега не сме го споменале. Дополнителен одговор Ќе се обидам да бидам кратка. Сакав да споделам некои податоци кои што можат да се видат од Државниот завод за статистика, а се поврзани со активното население или она што јас велам, дали луѓето остануваат во државата или се иселуваат. Дали се заинтересирани, бараат работа или не. Ако ги погледнете податоците помеѓу крајот на вториот квартал 2017-та година и крајот на вториот квартал 2024-та година, период на една друга Влада, ќе видете дека активното население се намалило за 74 илјади 437 лица. Тоа јасно покажува дека апсолутно немало интерес за барање на работа во државата или најверојатно луѓето си барале излез на друго место. Но ако ги погледнете податоците откако е ВМРО ДПМНЕ е на власт и ја предводи Владата, ќе видете дека имаме позитивни резултати помеѓу тој квартал и последниот квартал од 6 илјади 778 лица. Мислам дека ова говори многу повеќе за нас, отколку ние да зборуваме, бројките кажуваат се дека граѓаните сепак ќе имаат некаква надеж, се пријавуваат во Агенцијата за вработување, бројот на активно население се зголемува. За да појасниме уште еднаш, активно население е целокупното население кое што е вработено и невработено, но бара работа. Уште еден многу важен податок е да видиме дека просечната пензија во периодот кога настана промената на власт, односно во мај 2024-та година, била 21 илјада 223 денари. Просечната пензија со последниот месец, а тоа е 12-тиот месец 2025-та, 27 илјади 151 денар, што јасно покажува која Влада како се грижи. Во исто време обезбедуваме, значи повеќе пари и за пензионери и повисоки плати за администрација, но истовремено и фискална консолидација, обезбедуваме средства за сервисирање на обврските кои што некои друг ги создаде. Слушав коментари од типот, наместо да се задолжуваат за развој, тие се задолжуваат за да се раздолжуваат. Е па тие што коментираат, да ги прашаме, ај не ги враќајте кредитите што ги земате дома, да видиме што ќе ви се случува од банките. Никад нема да можете да земете кредит. Што требаше, да седиме со скрстени раце и да чекаме да банкротираме од долговите кои што некој друг ги создал. Одговорна Влада не прави така, одговорна Влада се бори како што ние се бориме. И уште еден податок кој што би сакала да го споделам, повторно се однесува историски за еден друг период, нормално за овој податок треба малку повеќе време, за да може ние да воспоставиме некои позитивни параметри или движење, тоа е Бруто домашниот производ по глава на жител, како процент од просекот од Европската Унија, 27-те земји по тековни цени или каде сме ние во однос на Европската Унија. Ги гледав податоците помеѓу Македонија и Србија. Податоците се на Еуростат, не се податоци кои што се извадени од Државниот завод за статистика, туку од европскиот. И она што може да се забележи таму е дека 2015, 2016, 2017 година некаде, соодносот помеѓу тоа каде била Србија како процент од европскиот стандард и каде била Македонија, бил речиси ист, почнувајќи од 2018, односно 2019-та година, почнуваат поразителни резултати. Србија чекори многу подобро од нас, ние заостануваме и тоа е навистина, јас би рекла катастрофално за македонската економија и ова се податоци кои што јасно кажуваат што правела и како правела претходната Влада. Благодарам уште еднаш за можноста еве да ги докажеме статистичките податоци за тоа што мислам дека ќе ви бидат и на вас од корист, затоа што треба еднаш засекогаш да знаеме дека ние овде од говорницата може се да зборуваме. Меѓутоа статистичките податоци се тие кои што ги кажуваат фактичките и реалните состојби. Фактот дека 7 години или повеќе од 7 години имавме Влада која што ја уништуваше економијата, се потврдува со овие податоци. Исто така, овие индикатори кои што ги имаме денес, а дали се поврзани со индустриското производство, индустријата, претседателот исто така прееска зборуваше околу тоа, погледнете ги податоците за градежништво, ќе видете дека имаме историско највисоки податоци, е тоа е сликата на оваа Влада во однос на претходната.

Сите пратенички прашања