Најважно
351 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Премиерот постави услови за уставни измени поврзани со евроинтеграциите

Резиме

Пратеникот Скендер Реџепи праша за уставните измени и патот кон Европската Унија. Тој предложи сите 120 пратеници да усвојат резолуција за заштита на македонскиот јазик пред да се пристапи кон уставни измени, наведувајќи дека е потребно да се гарантираат јазикот и идентитетот и да се подобрат перспективите за граѓаните и младите.

Премиерот одговори дека нема да има уставни измени додека е на функцијата, освен ако не се исполнат најмалку два услови: загарантирани права за македонската заедница во Бугарија и гаранции за македонскиот идентитет и јазик, како и дека нема да има нови билатерални вета. Тој предложи резолуција со пошироки принципи и ги повика пратениците да го поддржат тој став.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Скендер Реџепи

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Скендер Реџепи, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 јануари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: И второто прашање, сега е со уставните измени и нашето патување до Европската Унија. Да бидеме јасни премиере, пратеници. Сите сме свесни дека во 90-те години со доаѓањето на демократијата тогашна Македонија, донесе одлука кој беше болен за промена на името, но тогаш имавме привремена рамка и влегување во Обединетите Нации. Но, секако дека имаше криминализирана приватизација за која што сме дискутирале и за да се покрие сето тој криминал. Значи, имаше меѓуетнички раскол во штета на Албанците. И после имавме договор за стабилизација и асоцијација. После тоа добивме членка кандидат за во Европската Унија и знаеме што се случи во Букурешт. Значи, не можевме да станеме дел од НАТО, значи ја знаеме таа реалност. Требаше да чекаме до 2018 година да се донесе една болна одлука, по болна од претходната. И после Северна Македонија ги обезбеди и нивните граници стана полна членка на НАТО. Можеби ова беше една болна одлука, но од 2018 година до денес, значи добрата состојба на граѓаните не сменета. Било да е политички, економски или за општата безбедноста на меѓуетничка. Бидејќи лошата состојба на граѓаните со тие што имаат минимални плати знаеме како издржуваат и ја плаќаат нивната цена. Значи, денешната минимална плата. Значи ЕВН им ги украл тие пари и секако дека и Сејф Сити ќе ги опљачка граѓаните со такви. Но, ова е реална состојба на нашата безбедност на нашата политичка состојба. Како држава сме изолирани сме во тешка економска состојба, каде што не можеме да постигнеме да го полниме Буџетскиот дефицит од година на година. И премиере и случајот со Шенгенот каде што сега не Блокира со извозот на стоките. И ќе има и претерување на инвеститорите кои што се во овие краишта и почнувајќи од оваа состојба имаме едно барање и еден предлог да почнеме составните измени со еден пред услов. Сите пратеници 120 да донесеме една резолуција каде што ќе биде заштитен македонскиот јазик. Но, ние ќе направиме да имаме една резолуција и после таа резолуција да одиме со уставни измени. Бидејќи од одлуката која што ќе ја донесе Владата заедно со Собранието, зависи иднината на граѓаните. Нивната среќа или тие ќе бидат проколнати од нас, значи од нас зависи иднината на генерацијата. Зачувувајќи го јазикот и идентитетот. На овие граѓани да им обезбедиме поголеми гаранции, поголеми инвестиции и да ја чуваме нашата младина тука пред да биде раселена за секоја идна одлука што ние ќе ја преземеме. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Скендер Реџепи, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 29 јануари 2026 година Благодарам претседателе. Поврзано со уставните измени, се надевам правилен беше преводот и се надевам дека тоа е прашањето, што правиме со уставните измени. Не знам по колку пати треба да кажам и не знам по колку пати треба да повторам кој е ставот на Владата. Но еве ако веќе инсистирате и ако го поставувате тоа прашање ќе се обидам на поинаков начин да ви одговорам овој пат споредено со сите оние одговори кои што се случувале во минатото. Уставни измени нема да има додека сум јас претседател на Владата, ако не бидат исполнети минимум два услови. Првиот услов Македонската заедница во Бугарија да ги добие загарантираните права согласно меѓународното право и меѓународните конвенции и резолуции за човекови права. Не барам Устав да се менува, ова. И второ додека не добиеме гаранции за нашиот идентитет Македонски, во кои што од вас очекувам поддршка како мои сограѓани, мојот Македонски јазик, дека нема повеќе да има билатерални вета и дека никој повеќе оваа држава која што многу пати покажала и докажала дека сака да биде дел од европското семејство понела жртва како ниту една држава и овој народ и овие граѓани како ниту едни граѓани од Европа поднеле жртва, дека нема да имаат повторно нови омаловажувања, нови понижувања и нови опструкции од било кој од субјективни причини. Ако ние не сме добри да речеме во Кластерот владеење на право, па нешто не сме испорачале итн. тоа е друга причина, не сме вратиле некој бегалец од правда или па некој политички заштитен лик кој што порано правел криминал не сме го ставиле во затвор, па за тоа да добиеме критика и блокада во ред, за тоа нема никаков проблем или пак не сме квалитетни во нешто друго. Но, дека нема повеќе да има билатерални прашања кои што ќе го ограничуваат нашиот напредок кон Европа, додека сум јас премиер. Кога нема да бидам јас премиер претпоставувам можеби вие сеуште ќе бидете пратеник ќе има некој друг ќе го прашате и ќе ви даде одговор. За уставни измени треба 80 односно 79 ваши колеги да се сложат и јас силно ги советувам останатите 119 во оваа сала да не го подржат ставот ваш на уставни измени без да можеме да ги добиеме минимум овие две гаранции. Ќе повторам Македонската заедница во Бугарија и мислам дека треба да го поддржите тој став, треба да го подржите ставот за Македонците од Разлог, од Горна Џумаја, од Сандански, од Пирин треба да го поддржите затоа што заради пописот во 1956 година тие биле 200 илјади и биле мнозинство во Пиринскиот крај во Македонија, биле две третини од вкупното население, а магично на пописот во 1965 година бројката станува 9000, од 200 илјади на 9 илјади и тоа еден поранешен бугарски претседател го кажува како инжинеринг на кој што е посебно горд. Им се одземаат културна автономија, да општат на свој мајчин македонски јазик, да говорат на својот мајчин македонски јазик, да танцуваат на своите македонски песни, да ги почитуваат своите македонски обичаи, е тие бараат да имаат само да имаат сега можност ОМО Илинден Пирин да биде организација која што ќе ги застапува правата на Македонската заедница во Бугарија. Многу ли е тоа, не е многу. Исто како што оние во Поградец во соседна Албанија заедно со мене се организираа во клуб македонски отворивме канцеларија во Тирана и секоја чест на мојот колега од Албанија господинот Еди Рама што ниту во еден момент не се двоуми тоа да го направи. Исто како што тоа ќе го направат и Горанците, исто така како што тоа го прават и Виножито во нашиот јужен сосед или нашите во Северна Србија итн. во Панчево и тој дел. Тоа е многу што бараме, ако е тоа многу кажете ми. Многу ли е тоа што бараме дека и покрај тоа што сменивме знаме, банкноти устави, имиња, презимиња не знам веќе што се не сменивме, да побараме гаранција од тој ист Европски совет дека ова ќе е последната отстапка и дека нема повеќе нема да има никакви отстапки и промени, додавки, надавки, придавки итн. поврзано со Македонија и со македонскиот идентитет и вие тука треба да не подржите. Јас очекувам да не подржите и јас замолувам да не подржите затоа што се додека имате ваков став некој таму ќе гледа дупка овде и ќе рече и ќе речат а ха, таму има меко ткиво пушти го овој Мицко што збори, тој ќе биде уште 4,5,6,10 години премиер, после тоа ќе си оди, па дојде некој ќе најдеме некое меко месо и ќе ја протуркаме работата. Мој совет е дека тоа не е добро. Тоа не е добро однесување и треба сите заедно да донесеме резолуција, но не за македонскиот јазик, сме донеле и тоа е факт и тоа е кодифициран пред повеќе од 80 години, и меѓународно признат и се изучува во повеќе од 100 универзитети во светот, донесовме тука брилијантни милијарда резолуции, туку треба сите заедно да седнеме и да донесеме резолуција во која што ќе имаме еден став, државнички став. Дека без овие два, три процеси, минимум, нема да имаме било какви отстапки во иднина за било која тема. Затоа што, морате некогаш во животот и да покажете карактер. Инаку, ќе бидете мивка. А мивките лошо завршуваат, порано или подоцна. Прашање на време е, не дали. Затоа, колега, односно пратеник Скендер Реџепи, јас ве замолувам, да заедно со колегите овдека поднесете резолуција во која што ќе ги дефинирате принципи, вистински принципи, не оние од 2022 година овдека кога се суспендираше Парламентот и кога се обидуваа од тогашната влада и од тогашното владејачко мнозинство да направат нешто кое што целосно нанесе штета на евроинтегративниот процес на државата. Затоа што, некој сфати дека тука има меко ткиво, дека има пластелин политичари кои што можеш да си ги моделираш како сакаш. Зарем вие мислите дека тоа ќе е последната работа и ние фуриозно ќе станеме членка на Европската Унија и кога ќе станеме членка на Европската Унија, оние стотици, илјадници автобуси со жителите на Тетово, Гостивар, Струга, Кичево што сега се по Швајцарија, Германија, ќе се вратат во Македонија и веднаш по улиците и булеварите ќе има мед и млеко. Ако вие тоа мислите дека е така, мислам дека се лажете. Мислам дека се лажете и дека тоа нема да се случи. Напротив. Кога еднашка ќе покажете слабост, секогаш ќе играат на вашата карта на слабост. Во животот мора да имате една, две, три работи за кои што сте подготвени да одите до крај по било која цена. Со разум, се разбира, не затоа што сте тврдоглави, инаетливи. Еве јас ви кажувам дека сум јас премиер, за оваа работа ќе одам до крај, пак макар ми била и последна. Благодарам.

Сите пратенички прашања