Најважно
351 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Цветков праша за зголемување на минималната плата на 600 евра

Резиме

Пратеникот Борче Цветков праша дали министерот за економија и труд ќе предложи минимална плата од 600 евра и зголемување од 100 евра во останатите сектори. Цветков оцени дека минималната плата не ги покрива основните животни потреби и побара усогласување со трошоците за живот.

Министерот одговори дека важи постојната формула за пресметка и дека минималната плата се разгледува во Економскиот совет. Рече дека Владата е подготвена да поддржи зголемување ако се договорат синдикатите и работодавачите, а при одлуката треба да се земат предвид економската стабилност, инфлацијата и продуктивноста.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Борче Цветков

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Борче Цветков, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 јануари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам. Почитуван претседател, почитуван премиер, почитувани министри, колеги пратеници, на денешниве пратенички прашања ќе поставам едно прашање и тоа ќе го упатам до министерот за економија и труд, господинот Бесар Дурмиши. Во изминатиот период сме сведоци на континуиран раст на цените на основните животни производи. Храната поскапува, сметките растат, а инфлацијата директно го јаде и она малку што работниците го добиваат на крајот на месецот. Во такви услови минималната плата расте исто со исто темпо, не расте со исто темпо, туку заостанува, оставајќи илјадници семејства во постојана финансиска неизвесност. Семејниот буџет на работникот е на минимум, а притисокот од оцените расте. Ниту три минимални плати не се доволни за покривање на основните животни потреби. Инфлацијата од 4,1% и вртоглавиот раст на цените го срозија животниот стандард. Платите постојано стојат во место, а Владата упорно тврди дека нема финансиски простор за нивно зголемување. Денес зборуваме за минимална плата како единствен приход за десетици илјади граѓани во оваа држава. Зборуваме за плата од која треба да се плати кирија или кредит, сметки за струја и греење, храна, лекови, училишни потреби и превоз. И кога сето тоа ќе се собере, станува јасно дека минималната плата одамна не обезбедува ниту минимум достоинство. Како Влада постојано зборувате за економски раст, за стабилни индикатори и за успешни политики. Прашање е, за кого е тој раст. Секако не е за работникот кој живее од минималната плата. За него секој нов месец е нова борба. Дали да купи храна или да плати сметки. Тоа министер, не е економска стабилност, тоа е сиромаштија. Потрошувачката кошница јасно покажува дека минималната плата не ги покрива ни основните потреби. Покрај тоа, вашето Министерство кое што вие го водите, нема понудено јасен план кога и како минималната плата ќе се усогласи со реалните трошоци за живот. Почитувани, економијата не се мери по број на тендери, туку со квалитетот на животот на граѓаните, односно работниците, а денес квалитетот на животот на работниците е на самото дно. Држава во која работник што работи полно работно време, а не може да живее од својата плата е држава која потфрлила во својата основна социјална функција. Затоа, барањето за зголемувањето на минималната плата на 600 евра и 100 евра во останатите сектори е оправдана и неопходна. Ние како опозиција целосно ги поддржуваме барањата на работниците и Сојузот на синдикати. Секој работник заслужува достоинствена плата за живот. Оттука, и моето прашање до вас министер, дали ќе предложите суштинско зголемување на минималната плата, односно дали ќе го поддржите барањето на работниците и ќе ја зголемите минималната плата на 600 евра и 100 евра за останатите сектори. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за економија и труд

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Борче Цветков, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 29 јануари 2026 година Благодарам. Почитуван пратеник, почитувани претставници на Собранието, колеги министри, ви благодарам за поставеното прашање. Бидејќи се работеше и за инфлацијата, и за минималната плата, пред да одговорам на вашето прашање, порано говореше и вашиот колега Спасовски, кој кажа дека нема да учествува на пратеничките прашања. бидејќи јас не бев присутен. Јас отсуствував со причина. Но како и да е, ја прифаќам вината за задоцнувањето од 15 минути, но не можам да ја прифатам критиката дека не учествува на пратенички прашања и не одговарам на поставените прашања. Минатата недела имаше пратенички прашања и имавме прашања од колегите од вашите редови, но тој не беше присутен да ми постави прашања, а јас го чекав до крај за да ми го постави прашањето и јас да му одговорам. Но секако дека и на сите други седници јас бев присутен и без подготвен да одговорам. Доколку се има случено да бидам на службено патување и а не бидат во државата, тогаш внимавав одговорот да стигне до секој пратеник кој поставил прашање. Што се однесува до инфлацијата, да, во минатата година, 2025 година имавме 4,1% инфлација и немаше зголемување на цените, конкретно за прехранбените продукти, каде што требаше да реагираме. И нашите проекции се инфлацијата да биде под 3%. И работиме на тоа. Но, што се однесува до прехранбените продукти, во последните три месеци од годината, според податоците од Заводот за статистика, се има нагласено дека овие продукти имаат намалување на цените. Така и ќе продолжиме, а тоа и јасно укажува дека нашите политики имаат ефект. Што се однесува до потрошувачката кошничка која се однесува со синдикатите, ние кажавме дека не сме против потрошувачката кошничка, туку не се заснова на сите реални потреби. Бидејќи има и многу други артикли или продукти за едно семејство кои што не можат да се остварат во нашата земја. Што се однесува до минималната плата, има една формула и методологија, бидејќи и вие кога бевте на власт ја почитувавте истата. Има договор меѓу синдикатите, Министерството и Влада. Нашиот став е ставот на формулата која е во сила. Имаме Економски совет каде што треба да се дискутира за минималната плата и како и секоја друга точка и оваа точка се разгледува кога се одржуваат тие средби. Постојано кажуваме дека ние сме таму за да им помогнеме на двете страни. На крајот на краиштата, ние работиме за интересот на сите граѓани, како што се работодавачите, работниците и синдикатите. Но каков и договор д асе постигне, ние сме таму да го поддржиме истиот. Сакам да потенцирам дека на крајот на денот, вработените во државната администрација се вработени кои што треба да им служат на приватните сектори и ние тоа го постигнуваме преку мерките од Министерството за економија и труд, како што имаме оперативен план, поддршка на мали и средни претпријатија и знаеме дека главниот столб на нашата држава се малите и средните претпријатија. Од 100% на постоечките компании, 90% се мали и средни претпријатија и ние се грижиме за тоа. Се грижиме да им помогнеме преку нашите мерки, тие да создадат нови работни места и да немаат финансиски проблеми каде што ќе треба да бркаат работници. И ова не е во интерес на синдикатите, на работодавачите, ниту на Владата, но не е ниту во интерес на граѓаните за да има економска криза. За да има раст на минималната плата треба да се земе во предвид економската стабилност, инфлацијата и многу други критериуми. Ќе ви кажам еден податок од Светска Банка. Нашата зема е последна во регионот во однос на продуктивноста и поради оваа нашите политики се дестинирани да имаат долгорочни решенија со нови мерки и политики кои што ќе влијаат на пораст на економијата, на зголемување на внатрешното производство, но и за поддршка на домашните трговци. Затоа, уште еднаш ќе истакнам, да, ние сме за зголемување на минималната плата доколку се договорат синдикатите и работодавачите. Ние сме таму за да помогнеме и имајќи ја во предвид продуктивноста во нашата земја, која што поради минатите погрешни политики е на најниското ниво од сите земји во регионот на Западен Балкан. Но исто така, и во споредба со другите земји. Ќе истакнам уште еднаш, државната администрација е во служба на граѓаните,, на приватниот сектор, за приватниот сектор да може да создаде нови работни места и да се намали невработеноста. Но, конкретно, да се зголеми економијата. Благодарам.

Сите пратенички прашања