Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерството за транспорт вели дека дивоградбите се во надлежност на општините

Резиме

Пратеничката Соња Мираковска праша дали постои список на правосилни решенија за рушење што не се извршени и дали меѓу објектите има такви поврзани со лица блиски до власта. Таа побара и објаснување како Владата ќе увери дека законот се применува еднакво, посочувајќи загриженост за дивоградбите и разликата меѓу ветувањата и практиката.

Министерот одговори дека Министерството за транспорт нема надлежност за дивоградбите и дека постапките за нивно отстранување се во надлежност на општините. За областите во надлежност на Владата наведе три правосилно завршени случаи за отстранување — две градби во заштитено подрачје и една на спортски аеродром — за кои рече дека ќе бидат отстранети во наредниот период. Тој, исто така, изнесе оценка дека недостигаат судски постапки и осудителни пресуди за бесправно градење.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Соња Мираковска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Соња Мираковска, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 јануари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Бесправното градење претставува, господине министер, долгогодишен системски проблем кој директно го поткопува владеењето на правото, урбанистичкиот ред и еднаквоста на граѓаните пред законот, државата со години носи закони, стратегии и мерки за спречување на дивоградбите, но нивната примена во пракса често е нецелосна, задоцнета или селективна. Наместо законите да се применуваат еднакво и континуирано, сведоци сме на ситуации на кои рушењето на бесправно изградените објекти се спроведува повремено, кампањски и зависно од политички, финансиски или други околности, што создава оправдан сомнеж за селективна правда. Особено загрижува фактот што дел од локалните власт јавно признаваат дека рушењето се врши врз основа на правосилни решенија, не се врши на правосилни решенија, туку додека има средства што е целосно спротивно на принципите на правна држава. Она што статистиката го имаме, 2015-та, од државната Завод за статистика 2015-2016 од над 1000 бесправно изградени објекти, 2023, 2024 е паднато на околу 700, но сепак тој број е многу голем и таа тенденција и понатаму продолжува. Само ќе спомнам дека од голема грижа, се надевам на јавноста пред се, а би требало да биде и на власта и она што се случува со Охрид и дали ќе го загуби статусот на заштитен регион. Ќе го спомнам Маврово каде што се гради цела една населба, каде што дивоградбите стојат, се градат уште, ништо во тој контекст не е направено. Куманово, евидентирани се над 600 нови дивоградби. Функционерите од локална самоуправа кажуваат дека тие не реагираат, оној момент кога ќе снема пари за рушење и затоа сакам да ве прашам дали постои список на правосилни решенија за рушење кои со години не биле извршени и дали меѓу тие објекти има објекти поврзани со лица блиски до власта или до локалните носители на функции, како Владата ќе ја увери јавноста дека рушењето на дивоградбите не е политички селективна мерка, туку еднаква примена на законот и како Владата ја објаснува очигледната разлика меѓу предизборните ветувања нулта толеранција кон дивоградбите и она што денеска се случува да се руши само ако за тоа се обезбедени средства. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за транспорт

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Соња Мираковска, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 29 јануари 2026 година Благодарам. Прашањето беше за бесправно изградени објекти дали постои список на објекти и како Владата ќе ја убеди јавноста итн,итн. Можам да дадам краток одговор но би сакал неколку работи да кажам. Имено Министерството за транспорт нема никаква надлежност во однос на дивоградбите. Дивоградбите се во целосна надлежност на општините на чија што територија се изградени. Така што постапката за евентуално отстранување на овие објекти е во целосна надлежност на општините каде што има такви објекти. Факт е дека во минатото државата се обидувала да го реши овој проблем со закони за легализација на бесправно изградени објекти. Но исто така е факт дека како што кажавте дека има и во моментот евидентирани објекти кои што се бесправно изградени. Она што е надлежност на Владата делумно е во повеќе институции. нешто е во Министерство за култура, нешто е во Управа за заштита на културни и историски споменици, нешто е Градежен инспекторат итн., се исклучиво категорија А градби и градби кои што се од државно значење каде што скоро и да нема вакви појави. Не се случило некој клинички центар бесправно да гради или брана да гради бесправно или автопат. Во моментот се регистрирани три вкупно случаи кои што се правосилно завршени и кои што треба да бидат отстранети. Се работи за две градби во заштитено подрачје и една градба на спортски аеродром, познато во јавноста, и трите е во следниот период ќе бидат отстранети соодветно на законот. Тоа е таму каде што еве пошироко да одговорам Владата има надлежност да реагира. Но она што сакам да го споменам, а што мислам дека малце се коментира во јавноста е дека скоро и да недостасува активност на судските институции по однос на оваа работа. мислам пред се на обвинителството и на судството, затоа што јас до денес, еве јас оставам простор да ме коригирате во вашата реакција, не сум слушнал да ни едно лице или компанија е правосилно осудена за бесправно градење. А знам дека многу добро дека Министерство за внатрешни работи ревносно постапува секогаш кога општините ќе пријават дивоградба и тоа го читам и во јавност. Излегуваат, евидентираат и поднесуваат соодветна кривична пријава до Јавното обвинителство која што после тоа или Јавното обвинителство не ја процесира или ја процесира до суд, но не завршува со судска пресуда. Затоа што најдобар начин да обесхрабриме да бесправно се гради е да некој заврши таму каде што му е местото, а тоа е во затвор затоа што се работи за тешко кривично дело. А дивата градба согласно на истите закони или после тоа да се сруши или да се конфискува во корист на државата. До сега ова не е направено од причина што повторувам јас не знам за ни еден завршен судски случај. Го спомнавте Маврово. За Маврово реагираше соодветниот инспекторат. Паралелно се погоди да Министерство за внатрешни работи жив го фати раководителот тогашен на Урбанизам со 10 илјади евра мито во рака до денес не е осуден. Па вака брутално не можеа да го фатат до денес нема судска пресуда. Така што ова е еден мој апел преку јавноста, затоа што друг начин немам, до обвинителството и судовите да почнат да ја работат својата работа. Не можеме ние да се бориме на начин што сега политички ќе си префрламе. Вие ќе велите ама општините имаат градоначалници главно од ВМРО-ДПМНЕ, јас ќе велам тоа е надлежност на општините, не е надлежност на Владата. Ама како и да е нивната одговорност завршува на одредено ниво. Над тоа настапуваат судовите и обвинителствата. За Маврово не знам ни еден осуден до сега кој што бесправно градел. За Охрид не знам ни еден осуден до сега кој што бесправно градел. За Скопје не знам ни еден осуден до сега кој што бесправно градел. Ни еден, нула. И тоа значи дека се дава мотив на овие кои што бесправно градат да продолжат да градат бесправно. Што дека општината ќе отиде и ќе му евидентира дека бесправно градел, па теоретски и да сруши ќе изгради повторно ако решил веќе да бесправно гради. Треба да има судска пресуда, треба да заврши затвор некој за да е ум и поука за сите други да не го прават тоа. Благодарам многу.

Сите пратенички прашања