
Арбана Пашоли
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 јануари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван претседател на Собранието, почитувани колеги пратеници, почитувани граѓани. Денес на оваа седница за поставување на пратенички прашања имам едно прашање за министерот за внатрешни работи. господин министер денес ви се обратам во име на граѓаните Дебар-Центар Жупа и целиот граничен регион кој се покрива од дебарската полициска станица. Ви се обраќам за да и кажам загриженост за граѓаните од Дебар со тоа што се предвидува за измената и систематизацијата на законот во полициските структури. Овој процес за која сум, земала информација од луѓе кои директно се засегнати не е само проста административна реорганизација. Ова што настанува е деградирање на институцијата, слабеење на јавната сигурност и одлука која реално го става Дебар во опасна ситуација. Моето прво прашање е многу просто и директно. Дали Единицата за внатрешни работи во Дебар ја вреднувате од втор ранг. Кој ја зеде оваа одлука? Врз основа на каква анализа е направено? И зошто Дебар како град со големи безбедносни предизвици се третира како еден град од втор ред. Бидејќи по систематизацијата која се предлага од ваша страна во Дебар нема да има главен шеф на Мисијата за внатрешни работи, нема да има шеф против криминалот, нема да има раководител за сообраќај и ниту директна команда за граничниот премин Блато. Наместо да се појача полицијата во Дебар вие тоа го отргате од секаква раководна позиција. Второто прашање е дали му ги доставувате, односно му ги предавате ингеренциите во Охрид? Како може полициските акции за тешки кривични дела и оперативното раководство да не се прави од Дебар туку од Единицата за внатрешни работи во Охрид. Дали нашиот град нема право да ја менаџира безбедноста и дали ќе треба да чека одговор од надвор кога ќе настане некоја тешеа ситуација? Господин министер, дали сте свесни за реалноста во Дебар во последните 10 години нашите граѓани се соочиле со тешки кражби и голем број на кривични дела кои се во склад со Кривичниот законик. Во Дебар секогаш имало предизвици кои бараат брза интервенција, полни капацитети и добро локално раководство. Затоа моето следно прашење е јасно. Како може да се намали структурата против криминалот во Дебар кога потребата од сигурност не е намалена. Второ прашање и уште посериозно. Кој ќе ги штити граѓаните ако локалната полиција ги изгуби надлежностите бидејќи еден мал дел од случаите нема да се раководат од Дебар, туку од структурите надвор д тој регион. Дали разбирате што подразбира ова? Ова подразбира дека Дебар нема да има директна интервенција во тешки ситуации. Ќе има по тешка координација и слабеење на реалната сигурност за граѓаните. Граѓаните имаат и уште еден друг страв со акциите раководени од надвор, а можат да се вратат практиките од пред 2001 година. Контроли без локална контрола, несигурност и злоупотреба. Дали може да гарантирате дека Дебар нема да се врати во терен за акции диригирани од надвор без давање на отчет. Исто така сакам малку да застанам и на граничниот премин Блато. Господин министер, Блато не е вообичаена гранична точка, туку е еден од најстратешките гранични премини после отворање на патот Арбри. Значи сега имаме зголемување на движењето на граѓаните и автомобилите се чека. Значи чекањата се над два часа и граѓаните се загрижени. Наместо да се зголеми персоналот вие предвидувате намалување. Моето прашање во овој случај е зошто еден граничен премин со голем ризик се става во раководство од еден град кој не е на граница, односно Кичево зошто овој граничен премин има проблеми бидејќи овој граничен премин има проблеми со илегални премини, шверц и реален ризик за граничните полицајци. И вие наместо да ја појачате границата вие ја слабеете. И со оваа систематизација има и една друга неправилност кривичните дела кои се во Дебар ќе се евидентираат во Охрид и ова ќе значи зголемување на капацитетите во Охрид и намалување во Дебар. Кој добива, а кој губи во овој случај? Дали е ова регионална еднаквост или институционална дискриминација? И моето последно прашање земајќи во предвид се што кажав претходно е дали ја имате консултирано општина Дебар - Центар Жупа, локалната полиција бидејќи пратениците од регионот не сте ги консултирале. За ова сум убедена. Дали ова е преземена одлука во некоја канцеларија надвор од граѓани или позади затворени врати каде нема албански претставници. Господин министер Тошковски крајот е јасен Дебар не бара привилегии. Бара реална сигурност, институции кои што функционираат и полициско раководство кое одговара на потребите на граѓаните, а не кратење и превземање на ингеренциите. Дали ќе го слушнете гласот на граѓаните од Дебар и дали ќе ја разгледате оваа одлука кое нашето место го става незаштитено бидејќи нивната загриженост е јасна. Ние сакаме да се осеќаме сигурни во нашите куќи, на патиштата, но и на граница, на улица. Над се е сигурноста на граѓаните и не е привилегија. Тоа е потреба и основно право на секој граѓанин. Ви благодарам.