Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Снопче праша за кадар во техничките училишта и студии на албански јазик

Резиме

Пратеникот Халил Снопче праша каква стратегија има Министерството за образование и наука за обезбедување кадар за техничките средни училишта. Тој посочи дека учениците по матурирањето се соочуваат со јазична пречка при продолжувањето на високото образование и предложи студиски програми на албански јазик или пристап до лабораториите на УКИМ за други универзитети.

Министерката не наведе конкретна стратегија, туку ги повика Универзитетот „Мајка Тереза“ и Универзитетот во Тетово самостојно да отворат соодветни студиски програми, факултети и специјализации според потребите на пазарот на труд и да се поврзат со компаниите. Таа рече дека државата вложува во универзитетите и во инфраструктурата на „Мајка Тереза“, а со новиот закон и начинот на финансирање се очекуваат поголеми вложувања.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Халил Снопче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 85-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 февруари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: За министерката за образование на пример во средно техничко училиште во Гостивар и други училишта во Тетово и Скопје имаме младина која што работи со комплексни системи и кои што имаат пракса во ЕВН и многу, многу други компании. Но, по матурирањето тие се соочуваат со ѕидот на јазикот поради тоа што не можат да изберат своја професија на матичен јазик. Зошто го поставувам ова прашање? Бидејќи во средните училишта технички училишта во земјата се гарантира настава на мајчин јазик но полека овие училишта остануваат без професори кои што се компетентни и ние знаеме дека такви акредитирани студии има само на УКИМ и тука има многу убави лаборатории кои што ги плаќаат сите даночни обврзници на оваа држава. А, во „Мајка Тереза“, тетовскиот универзитет не може да даде такви факултети бидејќи немаат такви лаборатории. И, ние ќе немаме можност да имаме соодветен кадар бидејќи учениците одат на пракса и не одат понатаму во високото образование затоа што, немаат образование на мајчин јазик., 70% од професорите во средните училишта излегуваат во пензија. Нема да има доволен кадар. Моето прашање. Дали има стратегија соодветна за да се обезбеди кадар? Кадар може да се обезбеди ако „Свети Кирил и Методиј“ има на албански јазик такви пракси или во тие лаборатории да имаат пристап и другите универзитети. Значи, каква стратегија има министерството во овој правец?

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче, поставено на 85-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 февруари 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитуван пратеник се надевам дека добро ве разбрав оти не секогаш преводот е соодветен. Дали рековте дека учениците кои завршуваат средно не можат да се запишат на соодветен некаков факултет затоа што немаат факултет на соодветен јазик. Дали тоа е прашањето? Да, добро. Деновиве со оглед на расправата за Законот за високо образование многу пати слушнав обвинувања дека државата се мешала во автономијата на универзитетите и дека, иако јас не гледам таков член во Законот и дека тие треба да бидат по автономни. Универзитетот Мајка Тереза постои над 10 години или 10 години, а Универзитетот во Тетово постои над 20 години. Тие можеле да одлучат да спроведат студиски програми соодветно на потребите на пазарот на труд. Токму за тоа и зборува новиот закон дека постојат студиски програми за кои нема потреба на пазарот на труд или дека нашите универзитети, јавни и приватни, не водат можеби или доволно сметка за тоа што им треба на учениците кои ќе го завршат средното образование. Оттука, еве и јас заедно со вас, апелирам до нив да отворат соодветни студиски програми, факултети, смерови, специјализации за ученици за кои оваа држава има потреба, а не на пример дипломиран менаџер за корпоративна безбедност, кој јас навистина се прашувам каде би работел. И ве поддржувам во ова, ве молам поддржете го Законот за да нема во иднина вакви проблеми со кои вие се соочувате, или велите дека учениците се соочуваат. Инаку во однос на средствата вложени, оти спомнавте лаборатории, млад универзитет, па некои се по опремени, некои се помалку опремени, државата вложува средства во универзитетите, тие имаат и самофинансирачки дел и очекуваме, во минатото малку помалку е, а сега со новиот закон и со новиот начин на финансирање, малку повеќе да вложат и во тоа. Буџетот 2022-ра – 2 милијарди 904 и така натаму. Потоа 2023-та – 2 милијарди 774 и така натаму. 2024-та – 4 милијарди 096 и така натаму. Со Ребаланс на Буџетот – 5 милијарди 212 и така натаму. 2025-та – 6 милијарди 616 и 815 и со Ребаланс на 2025- та – 7 милијарди 084. Мислам дека со оглед на тоа што се случува секаде во светот, сме го фатиле трендот и мора да признаете дека со доаѓањето на оваа власт драстично е зголемен буџетот за образование за разлика од претходните седум години каде што исто така можело малку да се подопремат универзитетите. Мајка Тереза од оваа Влада добива 34 милиони евра во повеќе години, затоа што има градежни инфраструктурни работи кои треба да се довршат, а и сите универзитети добиваат многу солиден буџет од државата. Дали треба повеќе? Да, треба повеќе и ќе се потрудиме, како што овие две години растот, да продолжи и во иднина така. Поддржете ја автономијата на универзитетите, побарајте од нив да направат анализа на пазарот на труд, што треба да го сторат и да отворат такви студиски програми како што е потребно на пазарот на трудот. И да се поврзе со компаниите. Ние имаме и специјализација која дел од универзитетите сосема ја занемаруваат, а ќе биде многу корисна за развој и на науката и на стопанството и ќе биде на бенефит на учениците, студентите и целото општество. Ви благодарам многу.

Сите пратенички прашања