
Рина Ајдари
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 85-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 февруари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Сведочено е дека имавме право кога Стоилковиќ ги избрка седум административци како одлука со националистичка позадина која што раководи со тоа министерство. Стоилковиќ објавувајќи видеа како демек албанските административци не работат се покажа влијанието од Москва и од Белград. Но тие повторно се вратија на работа но министерството треба да плати оштета за тие седуммина административци. Ова не е прв пат поради етничката припадност да има таква дискриминација. има и други случаи. Тие кои што добиле отказ за работа воопшто не им било најавено за таква одлука. Такви случаи има во секоја институција каде што отказите за Албанците се делат како пред 2000-та година. Исто така Албанците на оваа држава не ексклузивно само на тој министер, туку бидејќи видовме дека министерот за политички систем нема право да ги избрка од работа седумте албански административци. Дали ќе побарате да имаат овие одговорност за оваа одлука. Дали тој работел спротивно на законот. Дали ова е мотивирано од неговите антиалбански мислења. Дали мислите дека и другите се избркани од работа поради тоа што немале можност за жалење бидејќи тоа не стигна до нив. Дали вашата улога и вашата задача е да носите одговорност за таков министер во вашата Влада и за таков пристап кон втората заедница најголема во државата како што се декларира дека е мултиетничка држава Македонија.