
Бисера Костадиновска Стојчевска
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Бисера Костадиновска Стојчевска, поставено на 85-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 февруари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитувана министерке, сите се согласуваме дека квалитетот во високото образование мора да биде највисок приоритет не само на надлежниот министер и на Владата. Туку и на сите вклучени во тој степен на образование. И затоа секое законско решение кој го регулира високото образование мора да редовно да се осовременува, но тој процес мора да ги вклучува сите чинители да се сослушаат сите страни. Од како беше објавен на ЕНЕР предлог Законот за високо образование, реакциите не стигнуваат. Дозволете ми да прочитам неколку од нив. Закон за високо образование, борба меѓу Универзитетска автономија и политички агенди. Создавањето на нов настан на научен кадар ќе стане екстремно тешко и практично невозможно. Усвојувањето на овој закон би донело далеку сежни последици односно старомодни неатрактивни и тесно специјални наставни програми кои не содејствуваат со реалноста и потребите на пазарот на трудот во земјата и светот. Европските искуства се прилично јасни, силните универзитети се градат врз реална институционална самоуправа, стабилно финансирање и доверба во академската заедница, а не врз централизирана контрола и административни механизми. Автономијата не е формула во закон туку начин на функционирање на системот. Повторно менување на телата и процедурите без да се решат суштинските проблеми ризикуваме да добиеме уште една нормативна реформа без реален ефект врз квалитетот. Наместо стабилен академски развој системот повторно се враќа во состојба на нормативна транзиција. Системот е за студентот, а не студентот за системот. Ако студентот не почувствува разлика реформата не успеала. Фамозниот ха индекс не е дефинирано ни за кој ха се работи иако го има и во вебом сајемс копус гугл сколар, а при тоа независи од самиот професор туку од бројот на цитирање во рамки на една база. На слободен избор на оние кои пишуваат. Законот премногу се фокусира на процедура, а не доволно на суштинските проблеми. Не доволно финансирање на научно истражувања, политизација на универзитетите, одливот на млади кадри и слабата поврзаност меѓу образованието и пазарот на трудот. Без реална поддршка за научно истражувачката работа и подобрување на статусот на професорите и соработниците секоја законска промена може да остане реформа на хартија. Во предложениот закон зборот Влада се споменува 30 пати, зборот министерство 42 пати, министер 44 пати. Се разбира во сите примери станува збор за моќ што им се дава на овие именки да одлучуваат за прашањата за кои во нормалниот свет одлучува академската заедница. Владата и министерот назначуваат членови на националниот совет на агенција за квалитет на одбор и комисии. Одлучуваат за Буџети, одобруваат вработувања, статути на факултети, датуми на конкурси, испити, се мешаат каде што треба и не треба, прават се возможни големи и мали нешта. Автономијата на универзитетот што беше тоа. После овие коментари, министерке дали сметате дека овој предлог навистина ги опфаќа сите профили кои студираат на нашите високо образовни институции. Дали суштински се решаваат проблемите со тоа што се скратуваат можностите на младите да останат да работат на некоја високо образовна институција. Дали сметате дека предлог Законот не дискриминира. Дали сте подготвени да ги сослушате сите страни. Дали сметате дека Законот за високо образование треба да се донесе до сила, со инает, а повторно да останат можностите за диплома на секое ќоше.
Дали сметате дека со вака поставени нешта во високото образование нема да се продлабочи проблемот со неквалитетни дипломи. До дипломски магистерски, докторски кој што одамна се навлезени во општеството. И тие се тие кои против кој всушност се бориме. На крај, моето прашање до вас е, дали ќе го повлечете овој предлог Закон и дали ќе пристапите кон изработка на нов предлог Закон? Благодарам.